Се упокои во Господа проф. Славчо Влчанов (29.01.2013 13:22)


Вчера, после долго боледување на 72-годишна возраст почина во својот дом еден од главните библеисти во Бугарија – професор д-р Славчо Влчанов Славов. Роден е во 1940 година во с. Ивански, Шуменско, тој заврши во 1959 година Софиска духовна семинарија „Св. Јован Рилски“ во градот Черепиш, Врачанско, и во 1967 година Духовна академија „Свети Климент Охридски“. Во 1971 година докторираше по Свето Писмо на Стариот Завет под раководство на познатиот библеист проф. д-р Бојан Пиперов. Од 1972 г. својот пат како предавач го започна во Духовната академија како асистент, доцент (1979 г.) и професор (1985-2007 г.). Илјадници се неговите ученици, коишто имале среќа тој да ги подучува во библиските дисциплини. Длабоко верен христијанин и харизматичен предавач, тој беше пример за сите „со слово и дело“ (Рим. 15, 18). Добар црковен певец и прекрасен црковен оратор, тој не престануваше да благовести со песна и слово, а највеќе со своите дела за Воплотениот заради нас и наше спасение Син Божји.

Од неговото перо како плод на деноноќните научни трудови излезени се многу книги, статии, тој учествуваше во ревизијата на синодалниот превод на Библијата уште во 60-тите години од минатиот век, беше главен при правењето на новиот превод на Библијата на бугарски јазик под раководство на Обединетите библиски здруженија. Ја претставуваше Бугарската Православна Црква на многу меѓународни форуми во Бугарија и во странство. Беше добро познат и високо почитуван и надвор од црковните кругови.

Професорот Влчанов создаде добро христијанско семејство со сопругата Иванка Маринова. Тие имаат две ќерки и четири внуци.

 

Бог да го прости Својот верен слуга Славчо, усрдниот работник на Божјата нива проф. Влчанов!

 

Нека му е вечен споменот!

 

Опелото на проф. Славчо Влчанов ќе се одржи на 30 јануари 2013 г., среда, од 13.30 часот, во софиската катедрала „Света Недела“.

 

Извор: Двери.бг
 

Преземено од: МПЦ-ОА