Bogorodica.kolazh36
 ·
          Како што пчелата во кошот скришно ги прави сотовите, така и Божјата благодат тајно ја создава љубовта вo срцата. Така ја претвора и горчината во сладост и грубоста на срцето - вo нежност.

И како што златарот и резбарот, правејќи ги своите украси на некој предмет ги прават постепено, дел по дел; прават врз нив разни животни и други украси, а кога ја завршат својата работа, тогаш ја покажуваат својата изработка во целиот нејзин сјај, така и вистинскиот Уметник Христос Господ ги обновува нашите срца и ги украсува таинствено сѐ додека не се преселиле од нашето тело.      

Дури тогаш станува видлива убавината на душата.

 

Свети Макариј Велики


"pravoslavenistocnik.mk"
(ДОБРОТОЉУБИЕ)

 

фбПравославен Источник