Bogorodica.kolazh

 

Што е лажна благодарност кон Бога?
            Лажна благодарност е кога, добивајќи од Бога изобилни, незаслужени духовни и материјални дарови, за нив му благодариме на Бога само со јазикот и ги употребуваме само за своја корист, не делејќи ги со ближните; ги добиваме и ги криеме во своите ризници, ковчези, библиотеки, пишувајќи ги на тој начин многуте свои браќа од духовно просветлување, утеха, поука, или пак, лишувајќи ги од храна, пиење, алишта, дом, исцелување од болести или преселување од едно место на друго, каде би можеле да заработат сретства за исхрана.

Таквата благодарност е лажна и богопротивна. Тоа значи да се благодари со јазикот, а на дело да се покаже најголема неблагодарност и злоба. А колку многу се оние што се така благодарни, или подобро кажано, неблагодарни!


Свети Јован Кронштадски

2023