TVIT474.o.Tadej

Плотскиот човек не може да го разбере духовниот, за него сè што зборува духовниот е измислица, бидејќи небесната логика е сосема поинаква од земната. Но, кога разговарате со телесен човек, тој постепено може да сфати дека на крајот на краиштата нешто го движи светот, дека во вселената има хармонија, а на земјата дисхармонија...
             Затоа, синовите на светлината се повикани да ги осветуваат своите животи сè повеќе за да ја рашират оваа светлина насекаде, исто како што вели Господ: Дојдов да излеам оган на земјата и колку би сакал тој веќе да беше запален! Ова е огнот на Божествената љубов.
             Ние христијаните сме повикани да ја шириме на земјата атмосферата на Небото, вечноста, љубовта, правдата, мирот, вистината и тишината. Но, што да правиме кога од детството сме научиле да се спротивставуваме, да се лутиме, да не слушаме и да пристапуваме на се со неизвесност и резерва. Во нас се влеало многу лукавство што треба да се исфрли.
Така родителите ги ругаат своите деца за дребулии. Не умеат да ги лекуваат со благи и тивки зборови. Неопходен е и строг говор, но во него детето мора да ја почувствува љубовта.
            Родителска грешка е да се казнуваат децата за некаков престап, зашто со гневот не може да се постигне целта. Кога се смируваме, со чиста љубов мора да му се каже дека греши и дека треба да има некаква казна. Ако пак го повтори истото, тогаш казната треба да биде поголема - така детето се исцелува.“


Старец Тадеј Витовнички


Подготвил С.Стефковски

5ти мај 2023 летоГосподово