TVIT71
  ·
Како да не се срамуваме од небото и од земјата ние, кои сме купени со пречесната Христова крв, пак да се враќаме назад? Како да не црвенееме пред себеси затоа, што однадвор се покажуваме светли и убави, а однатре сме исполнети со секаква нечистотија? До кога ќе куцаме на обете нозе?

Кога најпосле ќе се утврдиме само на правиот пат? Зашто премудриот Исус син Сирахов вели: „Тешко им на плашливите срца, на мрзливите раце и на грешникот, кој оди по две патеки“ (Мудр. Сир. 2, 12), кој оди по патеката на гревот и по патеката на добродетелта; кои немаат ништо заедничко меѓу себе.

Не можеме да го наречеме разумен оној слуга, кој не му служи на својот господар, туку му служи на непријателот негов. Ние треба потполно да Му се посветиме на Бога, зашто само на тој начин можеме да се присоединиме на Неговиот живот, на животот според Божјата волја.

Затоа, да не се задржуваме само на сетивното, како неразумните животни, туку со нашите душевни сили да се издигнеме кон соѕерцанијата небесни, свртувајќи ги нашите чувства од гниежливото кон негниежливото и од изминливото кон вечното.


Свети Преподобен Теодор Студит

Март 2023 лето Господово

Избор оф ФБ проил на Православен источник