TVIT158

За молитвата !
            Нашиот  Владиката Николај, поучувајќи ги богослужителите, рече: Господ бил и останува единствен помошник.  Не оставај ја молитвата и Бог нема да те остави.
             Преку молитвата ја признаваме нашата немоќ и Божјата семоќ.  Со молитва Го издигнуваме Бога на негово место и го спуштаме човекот на негово место.  Луѓето кои не знаат за молитвата ги поставуваат работите наопаку, односно се воздигнуваат себеси и го понижуваат Бога.  Онаму каде што е присутна молитвата, присутна е гордоста.  Затоа псалтирот вели: "Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата."
            Една девојка остана сама во еден град.  Немаше пари ни работа,  немаше никого никаде.  Се обраќаше кон луѓето да и помогнат.Малку се молела на Бога а повеќе се потпирала на помошта од луѓето. И ништо не помогнало.   Одлучи да се  самоубие.  Дојде до реката, се тресеше од помислата на смртта, па дури и од таквата смрт.  Плачеше, клекна и извика со сиот глас:" Господи Боже само ти можеш уште да ме спасиш.Спаси ме. " Во тој момент покрај брегот се возел човек со велосипед.  Гледајќи ја девојката на колена, застанал и ја прашал: „Дали би сакала да се вработиш во богата куќа?“  И девојката веднаш  била испратена на работа.  Значи дојде човек со велосипед , како  поштар на Бога , да и донесе спасение на едена очајничка .  Колку е чудно и прекрасно кога напуштената човечка душа, без да очекува помош од луѓето, од срце ќе извика кон живиот Бог, Бог брзо доаѓа на помош.  Голема е моќта на молитвата и обраќањето кон Бога.

Превод од српски.


Објава на Жарко Ѓоргевиќ

Оливера Соколова Македонска