Да се преиспитаме, љубени, дали секој од нас ги исполнува Божјите заповеди, затоа што сите ние сме должни да ги исполнуваме - малите поради скромноста, а големите според своите сили.

Господ ја сака добрата намера, и верата во Него, и исполнувањето на Неговите заповеди, и љубовта кон сите. Ете каков ќе биде печатот на душата кога ќе излегува од телото, онака како што и им заповедал на Своите ученици: „По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“.

Браќа, да се подвизуваме за да спачалиме таков печат, за да не нѐ фатат нашите непријатели. Господ рекол: „Не може да се сокрие градот, што се наоѓа на врвот од планината“. За која планина зборува Тој ако не за Своите свети зборови?

Љубени, да бидеме трудољубиви, со усрдност и разум, за да ги исполниме Неговите зборови, кои објавуваат: „Ако некој Ме љуби, ќе ги исполнува Моите зборови“. Таквиот труд нека ни биде како заштитен град, затоа што Божјите зборови нѐ чуваат од рацете на сите наши непријатели, сѐ додека не се сретнеме со Него.

Ава Исаија

 8ми декември 2019 лето Господово

 

Избор од фб профил на

Православие.Мк †