20ти ноември   2020 лето Господово

 

Гледам, одиш во црква. Не ме интересира што ќе правиш таму, иако мислам дека ќе се молиш. Не се грижам ниту малку за тоа дали ќе стоиш пред олтарот или таму покрај вратата, дали ќе се молиш седејќи или клечејќи, со наведната глава или со затворени очи или, пак, ќе гледаш во иконата на олтарот, ќе се удираш во градите, ќе ги движиш усните шепотејќи ги зборовите од молитвата, или ќе ја вртиш бројаницата меѓу прстите.

Сето тоа се надворешни и едноставни дејствувања со коишто не е тешко да го измамиш човекот.
Те чекам надвор! Кога ќе излезеш од црквата и ќе се вратиш помеѓу луѓето, подготви се за средба со мене. Тогаш немилосрдно ќе те следам, ќе те надгледувам, ќе судам, а можеби и ќе те осудам. Имам право тоа да го направам.

Имено, сакам да знам: Дали во црквата навистина си разговарал со Бога или само си се подигрувал со Него...

Сакам да се уверам – дали молитвата навистина го прави човекот поинаков и подобар? Доколку се уверам дека си дрзок, лаком, себичен, раздразлив, навредлив, завидлив, брблив, површен, ќе знам дека твојата молитва не чини. Доколку се уверам дека во семејството, на работа, во училиште, на пазар, во автобус, на улица не знаеш да разговараш со луѓето, со сигурност ќе знам дека ниту со Бога не знаеш да разговараш.

Ако некој непрестајно треба да те теши, да те фали, ќе знам дека во црква не си одел заради Бога, за да го славиш, туку да се поклонуваш сам на себе.
Но, доколку од твоите усни извираат мирни зборови, радост, зборови на доверба и утеха, ако твоите очи бидат отворени за неволјите на ближниот, а твојата рака ги подига немоќните, ако твоето срце има разбирање за другите и ако простува и љуби, ќе знам дека во црквата навистина си разговарал со Бога.

Те чекам надвор!

свети Серафим Вирицки

 

Избор од ФБ страна на:

манастир Зрзе

 

20ти ноември 2020 лето Господово

Извор

TVITer270

П.П. 2017-11-18 03:40:08

 

 Друго:

ЉУБИ МЕ ТАКОВ КАКОВ ШТО СИ
(Господ му зборува на човекот)
Дали некогаш си размислувал, сине, дека Јас ги знам твоите неволји, твоите страданија, и борби, и слабостите на твојот живот?
Јас го познавам и твојата плашливост, гревовите твои, и покрај сѐ ти велам: дете Мое, дај ми го твоето срце и љубиме таков каков што си. Во секој момент и во секоја ситуација во којашто се наоѓаш, во восхитот и потиштеноста, во верата или неверието, љуби ме таков каков што си.
Јас ја сакам љубовта на твоето осиромашено срце. Оти, ако чекаш да бидеш совршен за да ме љубиш, тогаш никогаш нема да ме љубиш. Ако чекаш да станеш ангел за да ѝ се предадеш на љубовта, тогаш никогаш нема да ме љубиш.
Ако си слаб во исполнувањето на своите должности, и вежбањето на добродетелите, и ако често паѓаш во оние гревови кои што не сакаш да ги правиш, Јас ти дозволувам да ме љубиш. Љуби ме таков каков што си.
Зар не би можел Јас од секое зрно песок да створам ангел серафим кој зрачи со чистота, племенитост и љубов?
Зар не сум Јас семоќен?
Но, доколку Јас сакам да ги занемарам овие извонредни битија, и да ѝ дадам предност и вредност на сиромашната љубов на твоето срце, не Сум ли Јас Господар на Мојата љубов?
Дете мое, дозволи ми да те љубам. Јас твоето срце го љубам. Со време, ќе те преобразам, но денес и секогаш, љуби ме таков каков што си.
Сакам ова да го правиш: сакам да видам како од длабочините расте твојата љубов. Те љубам и тебе и твоите слабости, и ја љубам љубовта на сиромашните и бедните.
Сакам од твоето срце да го слушнам непрестаниот повик: „ Господи Исусе, јас Те љубам“.
Единствено ја сакам песната на твоето срце, а не твојата мудрост и таленти. Кога би ти ги дал нив, ти, бидејќи слаб, со нив би го хранел своето самољубие!
Само еднo е важно за Мене: да видам што правиш со љубовта. Би можел да те одредам и за големи нешта, но не – ти треба да бидеш бескорисен слуга. Уште повеќе, и она малку што го имаш ќе ти го одземам, оти за љубов те створив.
Денес стојам пред портите на твоето срце како просјак – Јас, Царот на царевите. Тропам и чекам, побрзај да ми отвориш. Не се вади со твојата бедност. Кога вистински би ја согледал својата сиромаштија, ти би умрел од болка.
А она што би ме заболело е токму тоа да видам дека се сомневаш и губиш доверба во Мене. Сакам да мислиш на Мене секој час, и дење и ноќе. Исто така сакам и безначајните работи да ги обавуваш од љубов кон Мене.
Сметам на тебе, на тоа да ми ја даруваш радоста. И не се грижи затоа што не ги поседуваш овие добродетели. Јас ќе ти ги подарам Моите. Ако страдаш, ќе ти подарам сила. А ако ми ја даруваш љубовта, Јас толку многу ќе те дарувам, што ќе љубиш повеќе одошто можеш да сониш.
Мисли на тоа да ме љубиш таков каков што си. И нека биде што биде. Не чекај да се осветиш за да можеш да ме љубиш. Тогаш, никогаш нема да ме љубиш. А сега, дете мое – оди, оди си!… И љуби ме таков каков што си.


Јеросхимонах Серафим Вирицки

 Православие мк