Mark_Ephes

Денес, на 1 февруари (19 јануари по стар стил) Православната Црква го почитува споменот на свети Марко, митрополит Ефески – великиот бранител на Православието, со чиј ум, трудови и молитви биле сведени на нула напорите на еден црковен собор, кој требало да направи срамна унија со Латините во XV век. Сепак малку кој знае за чудата на светиот, кои се случувале како во дамнини, така и денес. Од порталот Православие.Ru во превод ги предложувам пред вашето внимание записите за некои од тие чуда во XXI век и запишани од свештенството на храмот на светителот Марко, кој се наоѓа во предградие на Атина. Навистина е голем Бог во неговите свети и „се надминува поредокот на природата,“ се укинуваат границите на времето и просторот пред благодатните дејства на светителите, кои се вечно живи жители на Царството Небесно и застапници пред Бога за нас на земјата.Светителот се грижи за изградбата на неговиот храм. Кога работниците кои го граделе храмот (посветен на) светителот, успешно се труделе, а целиот процес бил во завршна фаза, се појавил недостаток на парични средства и постоела опасност, понатамошната работа да запре, а самиот обид за градба да стане бесперспективен. Загриженоста на свештеникот била голема и тој го повикал на помош свети Марко, кој го уверил, дека следниот ден ќе дојде некој човек и ќе донесе значителна сума пари за продолжување на работите (и дури ја кажал конкретната сума). И навистина, следниот ден во храмот дошол некој господин од Вулиагмени[1], прашувајќи, тоа ли е храмот на свети Марко и побарал да разговара со свештеникот. Свештеникот одговорил, дека веќе знае што сака тој. И тогаш тој непознат господин открил, дека претходната вечер во сон му се јавил некој монах, кој се претставил Марко Евгеник[2], и му рекол да ја помогне со пари изгадбата на неговиот дом во Долна Патисија[3]. Господинот го послушал светиот и ја донел како дар точната сума, која му ја кажал свети Марко на свештеникот претходната вечер. Така, повторно можело да почнат работите за изградба на храмот.

Светителот се јавил и раскажал за постоењето на неговиот храм. Еден благочестив господин од Кипсела имал обичај да врши поклоништво во сите храмови на нивните празници, но не знаел дали постои храм на свети Марко. Еднаш, кога влегол во пекара, видел некој монах, кој му дал просфора и му рекол, да ја однесе утре во неговиот храм. Зачудениот господин го прашал: «Кој си ти, старче? Каде се наоѓа твојот храм?» И светиот му одговорил: «Се викам Марко Ефески, мојот храм се наоѓа во Долна Патисија». И му дал на човекот јасни упатства, како да отиде таму, кој пат води до неговиот храм. Навистина, господинот, кој не ни знаел за свети Марко, ниту дека постои храм во негова чест, ги следел неговите упатства и стигнал во неговиот храм, како што точно му кажал светителот. Такви случаи, кога светителот се јавувал пред луѓе кои не го знеле, и ги упатувал во својот храм, се познати и од други сведоци, како на пример, од една госпоѓа од Нова Филаделфија.Светителот прави чуда за исцелување. Во 2005 г. еден млад, 20-годишен човек по име Георгиј страдал од некоја ретка болест. Морало да му извршат некоја тешка операција. Веројатноста за неуспех била голема и било сосема можно тој цел живот да остане парализиран. Неговата мајка со созли топло го молела Бога за исцелување на нејзиниот син. Тогаш по телефон ѝ се јавила сестрата и ѝ раскажала, дека пред неа се појавил некој монах, се претставил како Марко Евгеник и рекол: «Кажи ѝ на мајката на момчето: “Јас ќе го оперирам Георгиј, да не се вознемирува”». Навистина, утредента, без оглед на сложеноста, операцијата поминала успешно. За време на операцијата, меѓу лекарите се појавил некој монах, кого лекарите не го познавале, кој рекол дека е пријател на семејството и се вика Марко. Во особено тешките моменти тој им укажувал на лекарите како е потребно да дејствуваат. Момчето било излекувано. Подоцна, тоа и неговото семејство отишле во храмот да раскажат за она што се случило и да му заблагодарат на светителот.Во друг случај, во 2004 г. млада жена од Нова Филаделфија топло се молела Бог да ѝ дарува дете, да забремени. Една вечер, за време на молитвата, пред неа се појавил монах и рекол дека неговиот празник е на 19 јануари. Ја замолил да отиде и да се помоли во неговиот храм во Долна Патисија и рекол, дека ќа ја послуша нејзината молитва. Навистина, жената така и направила. По три денови забременила, родила здраво дете и оттогаш секогаш одела да му заблагодари на светителот на денот на неговиот спомен.

Светителот спасува дете од автомобил.

Пред храмот на свети Марко некое семејство го преминувало патот. Во некој момент детето избегало од вниманието на родителите и автомобилот што поминувал го удрил. Преплашените родители со крик притрчале, плашејќи се од најлошото. Сепак, зачудени го виделе детето како станувало и се смеело, велејќи им, дека во моментот кога кон него се приближувал автомобилот, дедо во црно (свети Марко) го кренал високо во воздухот и го заштитил. Родителите веднаш разбрале, дека свети Марко го спасил нивното дете од сигурна смрт и влегле во храмот да му заблагодарат на светителот.

[1] Предградие на Атинa.[2] Евгеник –прекар на семејството на светителот, кој значи «благороден».[3] реон на Атина.

Извор:

https://svitok.info/2013/02/01/cuda-na-sv-marko-efeski/