Сега сум уште млад

Светиот Козма Етолски велеше:
Браќа мои, кога бев млад имав една погрешна мисла.
На почетокот ми се чинеше добра и правилна. Но подоцна горко се покајав!
Мојата помисла ми велеше:
- Млад сум! Да направам сега уште некој грев. Да се усреќам од ова или она што е забрането. Нема да пропадне светот од тоа. Кога ќе остарам, ќе правам благородни и добри дела.
Таква мисла имав. А зошто се покајав?
Бидејќи, во меѓувреме, гревовите се вкоренија длабоко во мене. И сега кога пораснав и стареам, не можам да ги оставам и да го правам она што е добро!
Значи, внимавајте и вие, за да не пострадате од истото.
Пазете се. Правете добри дела, а не гревови. Тие дела да се вкоренат во вас, а не гревовите... Оној кој од младоста почнува борба за добродетелта, не го троши времето потоа за да ги лечи раните, туку уште од почетокот прима награди. И стекнува трофеи и постојано победува како олимписки победникуште од млад пофалуван, напредува во староста со украсена глава со безброј победнички венци.

Превод од грчкијазик: Свештеник Јани Мулев
Изворник: http//www.agioritikovima.gr