Crkva.vo.nok.jpg

Лесниот и опуштено-површниот однос спрема животот станале болест на нашето време. Безгрижниот и самоугодувачкиот американски „стил на жиевење“ станува норма и кај нас: насекаде се забележува отсуство на сериозност, на длабочина, особено среде разгалените, егоистичните и неисполнетите млади луѓе. Впечатливо манифестирање на овој дух е потсмешливост и подбивност коишто станале толку распространети и толку вообичаени, што веќе одамна не се доживуваат како нешто грешно. Тука можат да се вбројат глуприрачко-безобѕирните изјави на семожни водители на ТВ емисии и духовитоста на пародичарите, сеkjодневните анегдоти и вицеви. Смеата ја користат и политичарите за слушателите, гледачите и бирачите полесно да ги прифатат.

За какви годе работи да се зборува во разновидни програми и текстови во електронските и во печатените медиуми, и тоа не само наменети за младите, сè е задолжително зачинето со шегување и мајтапење. Притоа, се работи за особен вид смеа: тоа не е добродушна смеа, не е паметна иронија, не е „смеа низ солзи“, па дури не е ниту уништувачки сарказам. Тоа е тапа, бесмислена смеа проследена со она што во жаргон се нарекува „феноменално“. Да се стави обетка во папок е „феноменално“. Стара жена паднала на улица  тоа повторно е „феноменално“. На некого му ја смачкале главата така што мозокот му се распрснал на сите страни  дури и тоа е „феноменално“.

  • „Анегдотската смеа“ со која се смеат пред телевизор, на улица, во театар, на забави и журки, смеата со која „весели и духовити“ луѓе лесно ги засмеваат своите блиски, се потсмеваат на слабостите и на човековото достоинство, на совеста и на гревовите, заради развеселување и заради заборавање на тагата, без смисла и фалбаџиски засмејувајќи ги другите, сето тоа е символ на болеста на духот  гревовна страст.
За жал, денес подбивањето е прилично широко распространето дури и во црковната средина. Дури и меѓу свештенослужителите, монасите, воспитаниците (како и професорите) на духовните училишта, како и меѓу „современите богослови“. Овие последните се досетиле да ја користат смеата при изложувањето на православното учење, за „подобро усвојување“ на материјалот. Овие „современи богослови“ сакаат да им се потсмеваат и на „православните маргиналци“, „иененисти“ и „есхатолошци“ (како што со потсмев ги нарекуваат), коишто од своја страна истапуваат против личните кодови и против други појави на апостасија.

Потсмевањето на вистината е карактеристична црта на последните времиња

Познатиот западен религиозен философ Кјеркегор (18131855) напишал: „Кога Христос би се појавил во нашето време, не би Го предале на смрт, туку едноставно би Го исмеале.“ Изминало времето кога мачениците умирале сведочејќи за Божјата правда. Денешната идеологија го понижува и го исмејува човекот, за да ја уништи вистината. Ниче, омилениот автор на Хитлер, вака им се обраќа на „богословите“, односно на „оние коишто веруваат во Христос“: „Зарем вие мислите дека ќе дозволиме да станете маченици за вашата лага?“ (Овие зборови ги кажува самиот ѓавол, заменувајќи ја вистината со лага, а мачениците со злосторници.) Блажени се гонетите заради правда  нè теши Господ  Блажени сте вие кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно  заради Мене!

Првославниот психијатар Н. Гурјев дејството на смеата во однос на она што ја предизвикува го споредува со дејството на свртен двоглед со кој се набљудуваат предмети: тие се оддалечени и намалени. Сето она кон што е насочена смеата станува помалку важно и односот спрема тоа нешто станува полесен. Смеата подеднакво ги оддалечува и доброто и злото. Ако му се потсмеваме на некое добро, тоа како да престанува да биде добро, и настојувањето да се стекне таквото добро веќе нема голема смисла. Ако смеата е свртена спрема злото, и тоа станува мало, невино, делува како да не е ни најмалку страшно, како не само да не вреди човекот да се бори против него, туку и дека не вреди човекот да се трга настрана пред него, или, едноставно, дека не вреди да се пази од него.

Што во себе носи смеата? Прво, човек склон на потсмевање, свесно или несвесно, силно го осиромашува својот живот исфрлајќи ги од него сериозните грижи и големите радости  за него сè станува плитко, ништижно, ништо не заслужува сериозно внимание. Второ, човекот привремено си го олеснува животот, зашто сето она што е ситно и безначајно го диживува како лесно. И, како трето, потсмешлив човек, минимизирајќи го со својот потсмев она што се случува околу него, илузорно се издига самиот себеси во своите очи.

Во спојот со снисходливоста, потсмевањето ја формира онаа воедначена и, однадвор гледано, невина црта на карактерот кој обично се нарекува ироничност, којашто нема за цел да ја разбранува околината, туку попрво со помош на потсмев да ја констатира нејзината ништожност и безначајност во споредба со замислената несомнена величина на ироничниот човек.
Потсмевањето (ироничноста), подигрувањето и хуморот се проследени со чувство на духовна опустошеност. Човекот по нападот на смеа станува подостапен на секакви негативни влијанија, станува лесно ранлив. Затоа е одамна забележано дека по смеата, особено кај децата, следат солзи.

Наличјето на потсмевањето е отуѓеноста

„Пакосната смеа“ не е од Бога. Подбивната насмевка , сарказмот на вицот  тоа е пародија на евангелската сол на мудроста. Крајната граница на духовната нечистотија на смеата е „хомеровското кикотење“, урнебесната смеа...
 
 „Шегата  истакнува архимандритот Рафаил Карелин  најчесто не ја раѓа добрината, туку нешто сосема спротивно: гордоста и садизмот. Понижувајќи го човекот во шегата, ние под изговор на добродушна игра му пружаме задоволство на нашето сурово срце. Затоа шегата го исклучува човекот од духовниот живот.“ Шегата е создавање на лажен свет на карикатура, значи  свет на демони, зашто таткото на лагата е ѓаволот.

  • Постојат два вида смеа: светла и темна  размислува за проблемот на смеата архиепископот Јован Шаховској. Тие веднаш можат да се распознаат според насмевката, по очите на оној којшто се смее. Тој може да се разликува спроред духот што го следи: ако нема лесна радост, префинето значење коешто го омекнува срцето, смеата не е светла. Ако, пак, во срцето е тврдо и суво, и смеата се искривува, тоа е нечиста смеа. Таа секогаш настанува после кажан или слушнат виц, после некакво исмевање на хармонијата на светот. Искривената хармонија на свето ја искривува човековата душа, и тоа се отсликува во искривувањето на цртите на лицето.“

Според учењето на светите отци, непристојната смеа е знак на сластољубиво срце, на слаба и плашлива душа; смеата се раѓа од демонот на блудот, од суетата, од дрскоста  презаситеноста; смеата го растура богатството насобрано во душата, оддалечува од Божјата благодат, го убива секавањето на смртта, влијае на заборавањето на Страшниот Суд. Човекот што се смее светите отци го сметаат за невнимателен и негрижлив во духовиот живот.

Според преподобниот Исак Сириски, „духовитоста на зборовите го лади во душата пламенот на љубовта спрема Христос“. „Ако ништо не се согласува толку добро со смиреноумието како што тоа го прави плачот  учи преподобниот Јован Лествичнник,  тогаш, без сомнение, ништо не му е толку спротивно како што е смеата.“

Христос не ги нарекува блажени оние што се смеат, туку оние што плачат: Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат (Матеј 5:4). Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и заплачете (Лука 6:25).
Преданиет на Црквата ни кажува дека Господ Исус Христос никогаш не се смеел, но затоа во Светото Писмо наоѓаме дека заплакал.

  • Св. Јустин Поповиќ во својата исповед „Срна во изгубениот рај“ вели: „Ме обзема ужас при помислата дека во овој тажен свет постојат битија на коишто им е смешно. О, каква проколната дарба! Да се смееш во свет во кој сè врие од тага, во кој извира болка и беснее смрт!? Каква жална дарба!


Свештеник Андреј Горбунов

 
Подготви: д-р Драган Михајловиќ
Посети: {moshits}