Брак

Љубовта е подражавање на Христа, зашто „Он прв нѐ возљуби“. Оттука, кога љубам, значи дека ми е даден дар, сум добил благодат Божја и Го подражавам Христа.

+ + +

Во бракот, се чини, стапуваат двајца. Но, не се двајца, туку тројца. Се венчава мажот со жената и жената со мажот, но и двајцата заедно се венчаваат со Христа. Оттука, тројца учествуваат во тајната и тројцата се заедно во новиот живот.

+ + +

Над сѐ: над љубовта, над твојот маж, над твојата жена, над секојдневните настани, да помните дека сте предназначени за небесата, дека сте стапиле на патот кој бездруго треба да ве однесе таму. Невестата и младженецот ги даваат нивните раце, ги позема свештеникот и ги води околу трпезата, играјќи и пеејќи. Ова значи дека бракот е патека, патешествие кое завршува на небесата, во вечноста.

+ + + Кога си го гледаш бракот, кога го гледаш мажот ти, или жена ти, кога ги гледаш потешкотиите со кои се соочувате, и сѐ друго во твојот дом, да знаеш дека сето тоа се признаци на присуството Христово. Тоа е како да ги слушаш Неговите чекори, како да доаѓа, како постојано да го слушаш Неговиот глас. Тоа се сенки кои ни покажуваат дека Христос е со нас. Навистина, поради нашите грижи ни се чини дека Он е неприсутен. Но, ние Го гледаме во Неговите сенки, и сме убедени дека е со нас… Нашиот живот постојано е со Христа.

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/pouki-za-brakot-od-starets-emilijan-simonopetriski/ .