Руската поговорка вели: „Каков гостин ќе повикаш, со таков и разговараш’’. Денеска, во векот на брзото развивање на информатичките технологии, не мора гости да доаѓаат во физичка смисла на зборот. Со притискање на неколку копчиња на тастатурата на компјутерот, можеме да комуницираме со "гостите" од било која точка на земјината топка.

 


Но, денеска ние сакаме да проговориме за нешто друго. Покрај брзиот развој на глобалната интернет мрежа, сепак не секој има компјутер. Но, телевизор денеска, без претерување може да се каже дека е присутен во сечиј дом. Многу луѓе, особено кај постарата генерација, имаат изградено доверба кон телевизијата како носител на важни и веродостојни информации. И денес со посредство на телевизијата „покануваме’’ во нашиот дом многу чудни и не секогаш пријатни „гости’’. „Гостите’’, кои доаѓаат кај нас од телевизијата се разновидни, насилни и агресивни: јасновидци, гатачки, вештерки и волшебници, лажно-исцелители и манјаци, убијци и психопати провалуваат кај нас преку екранот како бучна нецеремонијална (се мисли на неморална, онаа која прекршува правила, етика и морал) толпа и се однесуваат како домаќини. Како пример да ја погледнеме најпопуларната програма „Битката на јасновидците’’. Во неа главните лица- „јасновидци’’ со различни слики на тарот карти им „помагаат’’ на луѓето натпреварувајќи се при тоа еден со друг во својата “екстрасензорна, видовита’’ вештина. Искрено да се каже, од таква „помош’’ не ти станува добро. Кога на човекот му „помага’’ некој, отворено нарекувајќи се себеси црн волшебник или наследна вештерка – му станува страшно на тој човек...
Ѓаволот е итар и лукав: тој шпекулира со чувствата на луѓето кои ги изгубиле блиските при необјаснети околности, луѓето кои не знаат дали им се живи роднините, дали се казнети престапниците чии жртви се тие самите или некој од нивното семејство. Нему не му е проблем да им даде одговор на нивните прашања, а публиката е збунета: тоа значи дека јасновидците реално им помагаат на луѓето! Колкава е цената на таа „помош’’ за оној кому таа му е дадена, ние само можеме да претпоставуваме, но штетата од неа за оние кои ги пуштаат кај себе овие „гости’’ од телевизијата е неоспорна.


„Сите натприродни појави можат да бидат едно од двете природи: или се од Бог, или да не се од Бог’’


Не залажувајте се себеси, слушајќи ги оние кои работат со „молитви’’, со „црковни свеќи’’, ги советуваат клиентите да појдат во црква и т.н. Ние знаеме дека сите натприродни појави (и вештини) можат да бидат едно од од двете природи: или од Бога (на пример- чудеса кои се појавуваат кај светите угодници), или да не се од Бога... Трето- не е дадено. А сега, ајде да размислиме: дали можат тие луѓе, кои стојат покрај црните магионичари (или самите тие да ги прават), да се натпреваруваат еден со друг во своите чудни вештини, да спроведуваат сомнителни обреди, користејќи черепи на животни и т.н., да се нарекуваат носители на Божествените сили? Мислам, дека се добива недвосмислен одговор. Патем, употребата на црковни свеќи, икони и други осветени предмети во магични ритуали, само по себе веќе е грев. За можноста за демонски влијанија преку телевизија говореше и преподобниот Пајсиј Светогорец, кој смета дека дејството на телевизијата е деструктивно за сите, а особено за децата и младите како најзастапен дел од телевизиската публика:

 


„Кај мене дојде седумгодишно момче со својот татко. Видов како детето со устата го пренесува телевизискиот демон, исто како што демонот говори од устата на опседнатите... Денеска, ретко гледаш нормални деца- децата се преобратија во чудовишта. Децата не работат со главата, тие едноставно го повторуваат тоа што го виделе и слушнале. На таков начин, преку гледање телевизија, некои сакаат да го збудалат светот. Значи, останатите треба да веруваат во она што го слушале и да постапат во согласност со тоа’’, - рече преподобниот.

Магија, волшебство, „лечење’’ и „помош’’ од јасновидците и волшебниците, охрабрувањето на овие дела со нашето внимание и одобрување, му го отвара влезот на демонот во душата на човекот. Во молитвите на Црквата и во делата на светите отци се укажува дека силата на ѓаволот е всушност илузорна- целиот негов арсенал на дејности, направени за да му причинат штета на човекот и неговата бесмртна душа, тој може да ги примени само во случај ако човекот сам му дозволи тоа да го направи. Спротивно, ѓаволот ќе биде целосно бессилен ако ние самите не му ја отвориме вратата и не го „поканиме’’ кај себе. Ајде да запомниме, вклучувајќи телевизор и бирајќи канали за гледање, да не се исполни уште една руска поговорка: „Гостите навалија, домаќинот го срушија’’...

 

Владимир Крјуков,

студент на Високо Свето- Владимирски православни теолошки курсеви

 

 


Извор: https://pravoslavie.fm/articles/kogo-v-svoy-dom-myi-priglashaem/

 

Snežana Cornet's profile photo, Image may contain: Snežana Cornet, indoor

Подготви: Снежана Корнет

19-ти октомври 2018 лето Господово

 

Друго:

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all

 +++

Што е тоа акатист, и зошто се чита во црквите? (30.03.2017)

    Духовност    
    30 Март 2017