лого

 vozdvizenie.jpg

ПЕТ НАЧИНИ НА ПРИЧЕСТ

Во Христовата Црква можеме да се причестуваме на пет начини:
Прво и најважно е причестувањето со Телото и Крвта Господови.


Втор начин на причест, според Василиј Велики, е духовното причестување преку умно-срдечна молитва. Може да доаѓаш во Црква, па дури иако имаш забрана од свештеникот за причестување на неколку години, можеш да се причестуваш илјада пати и повеќе дневно, по друг пат, по патот на молитва. Ако дојдеш во Црквата и со цело срце ја изговориш молитвата: "Господе Исусе Христе, Сине Божји, помилувајме грешниот “ колку пати си воздивнал за Исусовото име, толку пати си се причестил, како и оној што со лажичка ги примил Светите Тајни.
Тоа е причестување по пат на умно-срдечна молитва, преку која човекот може да успее многупати на ден, не само еднаш, да се причести со истата сила со која се причестува и оној со лажичка од Светиот Путир.


Трет начин на причестување е по пат на извршување на заповедите Христови. Спасителот рече да постиме, ни покажа како да постиме; рече да се молиме, ни покажа како да се молиме; рече да го примиме странецот, да го напоиме жедниот, да го најадеме гладниот, да ги посетуваме затворениците и да им проштеваме на оние што ни згрешиле.
Кога ги извршуваме овие заповеди, се причестуваме по пат на извршување на заповедите Христови.
Слушни што вели божествениот Максим во "Добротољубието": "Христос живее скриено во своите заповеди. Кој ќе изврши една заповед - го прима Христа. И не само Христа, туку целата Света Троица". И слушни што вели Светото Писмо: "Ако некој Ме љуби ќе го пази Словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме" (Јован 14,23).
Јасно! Не доаѓа само Синот, туку и Отецот. А каде што се Отецот и Синот, целата Света Троица ја прима оној што ги извршува заповедите Божји, дури и да има забрана од некој свештеник за примање на Светата Причест. Сфаќате ли? Тоа е третиот начин на причестување, по пат на извршување на заповедите.


Четвртиот начин на причест е преку сетилото за слух. Како? Мене свештеникот ме разрешил од причест на толку и толку години, било да сум жена или маж. Но одам во Црква и побожно ја слушам Светата Литургија, Апостолот, Евангелието, Херувиката, Достојно и проповедта на свештеникот. Ако побожно го слушам зборот Господов, колку пати преку сетилото за слух сум ја примил духовната смисла, толку пати сум се причестил со Христа.
Тоа е причестување со ушите, четвртиот начин на причестување. И Апостолот јасно вели: "И така, верата доаѓа од слушање, а слушањето - од Словото Божјо" (Рим. 10,17). Ти го примаш Христа со лажичка; јас го примам со уши, кога побожно ја слушам Литургијата, пеењето и проповедта на свештеникот. И се причестувам илјада пати на ден, а ти и не знаеш.
Можеби ти, ако не си се подготвил добро, ја примаш Светата Причест за осуда. А јас, ако со вера, како цариникот, стојам во Црквата и побожно ја слушам службата, се причестувам со ушите. Тоа е четвртиот начин на причестување.

Петтиот начин на причестување е преку честиците, честици што се вадат за нас на Светата Литургија. Поради тоа не можеме да ги ставаме за помен на Светата Литургија пијаниците, пцујачите, оние што живеат невенчани, секташите, самоубијците. Бидејќи таа честица која се вади претставува лице на таа душа.
Тие честици се осветуваат на Светата Епиклеза со призивање на Светиот Дух, и на крајот од службата, откако во Путирот е ставен делот со Исус и ќе се изговорат зборовите: "Полнота на чашата, вера на Светиот Дух", се ставаат потоа и честиците што се вадат за верниците. Во Божествената Крв од Светиот Путир се Телото и Крвта на живиот Христос.
Од четвртата просфора се вадат честици за живите, од петтата за мртвите и се спуштаат во Светиот Путир. Од овие честици како брашно, што во Путирот се натопиле со Божествената Крв, толку илјади и милиони души примиле Причест и заедничарење непосредно со Исус Христос, со Телото и Крвта Негови.


Овие последни четири начини се патишта за причестување по пат на дејствување на добри дела, но не го заменуваат она првото. Тоа се само привремени причести и во случај на нешто, сепакчовек треба да се причести со Телото и Крвта Господови, со Пречистите Тајни.
Ете како можеме да се причестиме на пет начини во Вселенската Црква.
- Ако некој неопротестант се причестува со овие четири начина, а не се причестува со Телото и Крвта на Спасителот, може ли да има надеж на спасение?
- Не. Нема никаква вредност зашто е отцепен од Христовата Црква и нема дар на свештенство. Тој е секташ, заблуден човек. Така е тоа, момче! Не можеме ние да го менуваме она што Христос го востановил за целиот свет. Он рече: "Земете јадете, ова е Телото мое; пијте од неа сите, ова е Крвта моја" (Јован 6, 53; Лука 22, 19; 1. Кор. 11, 24-25 и Служебник).

Зошто ви зборував за Светата Причест? Добро е да се подготвите деца. Вие, браќа од село, макар во постите и макар еднаш на четириесет дена да се причестите.

 

 (Продолжува)

 Прот. Владимир Амфитеатров- КУСИ ПОУКИ ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ПРИЧЕСТУВААТ

Извор: Ѓаконија, Скопје 2002

Главен и одговорен уредник:

Митрополит Брегалнички г. Агатангел

 vozdvizenie.jpg

 Архимандрит Кипријан (Керн)- Причестување на свештенослужителите (1)

 

Извор:

TVITer270

П.П. 2009-11-11 18:42:25