Bogorodica.Biblisli.proroshtva

БИБЛИСКИ ПРОРОШТВА ЗА РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО
✤✣✤
И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од вечноста.
(Михеј 5:2)
✤✣✤
“Затоа, Господ Сам ќе ви даде доказ: Еве девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му даде име Емануил (што значи Бог со нас)”
(Исаија 7:14)
✤✣✤
Зашто Младенец ни се роди – Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот.
(Исаија 9:6)
✤✣✤
Ќе почива врз Него Дух Господов, дух на премудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и благочестивост;/
ќе се исполни со страв Господов, ќе суди, не според тоа како што очите Негови гледаат; и ќе ги решава делата, не според тоа како што ушите Негови слушаат./
Он ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалците во земјата ќе ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ќе ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ќе го убие нечесниот.
(Исаија11;2,3,4)
✤✣✤
Од источните народи, најмногу од овие пророштва се памтело Валамовото пророштво, што го изрече Валам, среде повикот на Моавитскиот цар Валак. Ќе заблеска ѕвезда од Јаков и ќе се појави скиптар од Израилот
(Числ. 24, 17).

православие.мк