Hristos.Spasuva10

КОГА ЉУБОВТА НЕ НАПУШТА

          Во нас нема љубов. Тоа мора да си го признаеме. Но, во нашите сили е да ги извршуваме делата на љубовта без самата љубов. Во Божја власт е да ни подари љубов кога тоа Нему Му е угодно.“ - Прот. Андреј Ткачов
             Во духовниот живот често, премногу често нам ни недостига љубов. Да имаме доволно храброст да застанеме пред огледалото Христово и пред нашата совест и да го признаеме тоа. Прашање на сила и духовна храброст. Тоа е дијагноза која може да се претвори во болест. Само од нас зависи дали ќе си дозволиме уште долго да останеме во оваа состојба или ќе се бориме да ја надминеме. Лесно е да се каже дека сме разочарани од било кој. Од светот, од политичарите, од блиските, од далечните, од црковната реалност, од парохијата и од нас самите. Но сега сите и насекаде се такви... И секој има свои аргументи и доволно цврсти основи.
         Но, ние сме христијани и не смееме да заборавиме дека надвор од себеси не можеме да очекуваме многу. Да се потсетиме на нашите лекции - оттаму доаѓа или болка или ништо. И секое добро и секоја благодарност се исклучоци и дадени по милост. Небесна маана и милост Божја.
          Но, како тогаш да пристапиме кон тоа? Ако сме Негови вистински синови, а не осиновени, треба да коленичиме во нашата слабост и да воздивнеме во нашиот пораз, со солзи во очите да ги подигнеме нашите лица и да погледнеме нагоре. Имаме ветување дека оттаму ќе дојде нашата помош, нашето сигурно избавување и нашата идна победа. Но, за да дојдеме до неа, од нас се очекува да работиме на себе. “Свето насилие” над сето она што не опкружува и опустошува, а особено над проклетството на нашата стара природа. Затоа што сме „изгонети од рајот“, протерани од првобитното блаженство и во нас влегле гревот и смртта.

TVIT951
          Нашата крв е затруена со отровот на гревопадот. И бидејќи целата наша природа е поразена мораме да најдеме внатрешна сила да го надминеме назадувањето и со силата на Божјата благодат да одиме напред. Тоа ни го вети Спасителот Христос, кој со Своето свето Воскресение ги победи силите на пеколот и ја најави победата над стихиите на злото во вселената.
       На сето тоа нè учат и житијата на светителите. Тие се нашите патеводители кон Неговото царство. Секој од нив ги победил надворешните и внатрешните непријатели во бескрајната битка со своите скриени демони и вродени пороци. Кој од нив ги немал своите непроспиени ноќи,своите трескавични колебања, горчливите разочарувања, кои, сепак ги победил со Неговата сепобедлива благодат?

TVIT952


             Сигрно, не сме толку свети или толку благодатни, но имаме нешто бесценето - нивниот пример. Ни покажаа како да се бориме и да ја победиме нашата гордост и демонот. Сега тие ги протегаат рацете одозгора и чекаат да им се обратиме и да побараме помош од нив. Ние сме бродоломци и сакаме да бидеме спасени. Тоа што сме во студената морска прегратка меѓу остатоците од коработ не значи дека мора да се откажеме, да престанеме да пливаме и да потонеме на дното, туку не обврзува да весламе со сета сила и да се обидеме да стигнеме до брегот на островот на спасението.
             Светителите, праведниците и нашите предци во верата го направија тоа и се спасија. Тие стигнаа до заветната цел - островот на љубовта. Затоа што љубовта е целта. Тоа е вистинското, скриено значење на сите наши напори на духот - на молитвите, на постот, на божествените служби и на сето она што великодушно го принесуваме пред Божјиот престол. Целиот подвиг има за цел очистување, просветлување и живот во љубовта. Подвиг на љубовта. Во спротивно, тоа е цел сама по себе и самоизмачување, пропаст и несвесно спуштање во длабочините на пеколот.

        Светиот апостол Јован ни го остави најважното откровение Божјо - „Бог е љубов“ и не повика да живееме и пребиваме во оваа љубов. Од нас – усилбите, а од Него – наградата за нив. Најинтимниот подарок - подарокот на љубовта. Поради надмината болка - победа во љубовта. Поради огромна слабост - триумфална љубов. Повикани сме да се бориме да го вратиме врвот каде што, со благодатта што првично ни е дадена, ни е дадена состојба на милостива, преплавена љубов. Дадена ни е од Бога одозгора заради верата и нашето преумување, прогледување и проодување преку нашата обновена природа. Да се бориме со сите сили повторно да бидеме во оваа состојба на предвкусување на рајот. Љубов жртвена!
       Нека ни бидат утеха зборовите на свети Пајсиј Светогорец: „На судот пред Христа, најважното за Него е да види колку секој од нас се борел со својот стар човек!“.

TVIT953
Автор: отец Јасен Шинев
За Преминпортал подготвил Симеон Стефковски
Извор bogonosci.bg