Bogorodica.kolazh38
·
За слугите на гревовите и слугите на праведноста


            Душата не е ништо друго, туку, збир на мисли, поими и стремежи. Има добри души, а има души наклонети кон зло, полни со гревовни желби.
Кај мнозинството луѓе, душата е потчинета на телото и се стреми кон тоа, да служи на неговите страсти, наклонета е кон презаситен живот со многу задоволства. На оваа душа треба да ѝ се погубат, истребат сите нејзини ниски телесни барања, кои го сквернават и телото и самата душа.
Свети апостол Павле се обраќа на Римјаните кои поверувале во Христа, кои го напуштиле некогашниот пагански начин на живот, полн со гревови и разврати, со следните зборови: Но, благодарејќи му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце му станавте послушни на оној вид учење, на кое му се предадовте. Откако се ослободивте од гревот, вие станавте робови на правдата (Рим. 6,17-18).
Пред да го познаат Бога тие биле исполнети со секаква неправда, блудство, злоба, лукавство, користољубивост, полни со завист, убиства, расправии, измами, лоши нарави, озборувачи, клеветници, богомрасци, силеџии, фалбаџии, горди, измислувачи на зло, непослушни кон родителите, неразумни, неверни, недружељубиви, непомирливи, немилостиви (Рим. 1,29-31).
После големиот спасоносен преврат, во нивната свест се откажале од робувањето на гревот и станале слуги на праведноста.


Свети Лука Кримски

 

fbПравославие.Мк †