логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

 „Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, +што и планини да преместувам, – ако љубов немам, ништо не сум…А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта“. (1 Кор. 13, 1-2, 13).

Драги наши, денеска го празнуваме упокојувањето на светиот апостол и евангелист Јован Богослов, и денеска е денот на прославувањето на светителот Тихон-Патријарх Московски и на цела Русија.

Светата Црква го празнува споменот на апостолот и евангелист Јован Богослов три пати во годината, и споменот за него секогаш ги стоплува душите наши.

Долго, многу долго тој сам беше владика на нашето внимание и љубов во овој ден, 26 септември (9 октомври н.ст.). Но, прет три години, Промислата Божја властно поставува со апостолот на љубовта уште еден свој избраник – Првосветителот, Патријархот Московски и на цела Русија, Тихон. Прославувањето на Првосветителот, кое се случило токму во тој ден, и споменот за него, кој оживеа со пронаоѓањето на неговите нетлени мошти, се влеваат во моќниот поток на црковните спомени, кој по волјата Божја ги чува преданијата за секој човек, кој живеел со Бога, со Црквата, и кој посебно ги поставува на свеќник празниците на црковните имиња на оние, кои во сета полното го исполниле својот живот со Божјата волја и Божјото учење.


Свети апостол и евангелист Јован Богослов, Византиска минијатура

И така, две свеќи горат сега во Црквата со нетлена Таворска светлина, осветлувајќи ни го и нам со својот живот, патот кон небото.

Светиот апостол и евангелист Јован Богослов – е првата алка во нераскинливиот синџир на благодатното преемство од Самиот Господ Исус Христос во I век на христијанството, и последната алка – светителот-маченик Тихон, дваесет векови оддалечен од деновите на пребивањето на Христос Спасителот на земјата.

И не се појавува ли прашањето, зошто Господ така ги соединил Своите двајца избраници тука, на земјава? Не со едно ли срце, со еден ум живееле тие, иако во различно време и различни услови, не едно ли исполниле дело, живеејќи на земјата, за да се соединат и во вечноста и на земјата во споменот на луѓето? Да погледнеме подобро на нивниот живот, и да нацрпеме од изворот на непресушниот извор жива вода, кој дава бесмртност на душата.

Апостол Јован, со чистотата на својата девствена душа толку го возљубил Господа, што никакви земни приврзаности не го обременувале во животот. Тој Му го предал на Бога срцето свое, полно со аромати на чиста и света љубов само кон Него. Сосема млад, тој го оставил домот на својот татко, Заведеј рибарот, и се откликнал на проповедта на Христовиот Претеча, кој ги повикувал луѓето Божји да го подготват патот Господов:

„… и исправете ги патеките Негови…“ (Мк. 3, 3). Младиот Јован сам застанал на тој пат во очекување на Оној Кој доаѓа после Крстителот, Кој „… ќе ве крштева со Дух Свет и оган…“ (Мт. 3, 11).

И ете, свети Јован Претеча им покажува на учениците свои Некој и им вели: „… еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зема врз Себе гревовите на светот…“ (Јн. 1, 29). И послушен на словото на девственикот-учител, девственикот-ученик го остава Јован Претеча, за да оди по Најголемиот Девственик и Учител и Спасител свој.

Тргнал Јован по Христа, оставајќи сè заради Него: и родниот дом, и татко, и мајка, и тивкиот, спокоен живот на рибар, – тргнал по бурното животно море, по досега непознат пат во непозната ветена земја – Царството Небесно. Така, во I век, во присуството на Христа се разгорело срцето на Јован.

Свети Тихон (Белавин), Патријарх Московски и на Цела Русија (1865-1925)

Но, не се разгорело ли исто така, срцето на младиот Василиј Белавин во далечната од Израел земја, ладната Русија, после дваесет векови поминати од времето на подвигот на Спасителот и трудовите на Јован Богослов? На тринаесет години Василиј го остава татковиот дом, заради образованието во духовна семинарија, зашто уште во родителскиот дом, било допрено младото срце од љубовта кон Христос, Заповедите Негови, кон Неговата Црква. И високиот прекар, кој семинаристите му го дале на шега – Архиереј, пророчки го претскажал животниот пат на праведникот уште во самиот негов почеток.

И како што Јован му го предал богатството на Бога сочувано од крадци – девственото срце свое, така и Василиј му го принел истиот дар на Бога. И со љубов, како свет дар, ја примил Христос предаденоста на младите срца. Од полнотата на Својата љубов Господ излеал во нивните срца непресушлив извор на жива дејствена љубов. А тие, достигнувајќи совршенство во љубовта, можеле да ги осветуваат и стоплуваат со неа и далечните, и ближните. Љубовта на Јован Богослов помина низ вековите, а љубовта на светителот Тихон ни засветли од гробот.

Во свое време, го возљубил Јован Христа со сета душа, целоно прилепувајќи се кон Него и неотстапно пребивајќи со Него до крајот на Христовиот живот на земјата. Тоа биле трите години од неговата „академија“, каде професор бил Самиот Божествен Учител, каде живото слово на Новиот Завет било видливо.

Јован Богослов – еден од тројцата – кои станале сведоци на воскреснувањето на Исус на ќерката Јаирова. Јован – еден од тројцата великани – кои ја виделе славата на преобразениот Исус. Јован лежи на градите на Спасителот на последната вечера во Сионската горница, каде што се јаде пасхалниот агнец на Стариот Завет, законоположен засекогаш од Христос – Јагнето Божјо – Новиот Завет со луѓето во Крвта Негова.

Тоа било време, кога аголниот камен – Христос, се полагал во основите на Светата Православна Црква. А првите Негови ученици станале првите учители и апостоли на таа Црква.

Срцето на ученикот, преисполнето со љубов, се соединува со срцето на Божествениот Учител, и нема тајни, скриени од ученикот. Сиот живот на Божествениот Учител, сите Негови дела, сета недостижна длабочина на новото учење му се откриваат на срцето кое љуби. И младиот Јован, за три години дошол до мерата на растот Христов, созреал до целосно самооткажување, за да живее само во Бога, созреал за служба на Бога и луѓето, созреал за крсниот апостолски пат, станувајќи сè за сите.

Поминал четири години во Академија и идниот Патријарх Тихон, тогаш уште младич Василиј. И неговото зреење поминало пред нозете на Спасителот, во лоното на Светата Православна Црква, и тој го видел Господа “…од мојата десна страна…“ (Пс. 15, 8). И новиот висок надимак – Патријарх, кој го добил од другарите во академијата и се покажал пророчки, ни зборува за начинот на неговиот живот и во тоа време.

И Василиј ја примил со својата чиста и слободна душа љубовта Христова. И стоплен од нејзините зраци, тој, како и апостолот Јован, созреал до целосно предавање на себеси на Божјата волја, созреал до спремноста да оди онаму, каде ќе го повика Господ, и да ја испие до дно чашата, која му ја приготвил Бог. И тој го направил првиот свој чекор кон Господа на крстот, преклонувајќи го на дваесет и шест години вратот под трите високи монашки завети: девственост, сиромаштво и послушание. И се родил монахот Тихон, за кого започнал нов живот, од првиот до последниот ден предаден на служба на Бога, на служба на Руската Православна Црква.

И после шест години, тој веќе станал епископ, и епископството за него „не била сила, чест и власт, туку работа, труд и подвиг“.



На триесет и една година станал татко на татковците, срцето кое го љубело Бога се исполнило со љубов и чувствителност кон луѓето, без грешка привлекувајќи ги во љубовта Божја срцата на паствата. Такво е својството на љубовта. Зашто и по зборовите на апостолот евангелист Јован Богослов: „… Бог е љубов“ (1 Јн. 4, 8).

Ќе приведам еден, на прв поглед незначаен, пример од животот на светителот Тихон, само една година откако застанал на високото архиерејско служење. Само една година поминал светителот Тихон на својата прва катедра, но кога дошла одлука за негово преместување, градот се исполнил со плач – плачеле православните, плачеле унијатите и католиците, кои ги имало многу во Холмшчина. Градот се собрал на железничката станица, да го испрати архипастирот, кој толку малку послужил кај нив, но од сите бил возљубен. Народот сосила се обидувал да го задржи владиката, ги симнале работниците од возот, а многумина просто легнувале на самата пруга, не давајќи можност да го одведат од нив драгоцениот бисер – православниот архиереј. И само срдечното обраќање од самиот владика го успокоило народот.

И таквите придружби го прателе светителот Тихон целиот негов живот. Плачела православна Америка, каде и до денеска го нарекуваат апостол на Православието; плачел древниот Јарославл, плачела Литванија збогувајќи се со архипастирот, кој им станал како роден татко.

Двајцата угодници Божји – светиот апостол и евангелист Јован Богослов, и Првосветителот Тихон – со многу болести и трудови се потрудиле „во благовестието Христово“. Љубовта на тие ученици кон својот Божествен Учител се покажала посилна од стравот пред непријателите. Тие толку го возљубиле Господа, што поминале по крсен пат, се искачиле на крстот и се распнале себеси и животот свој. Тие не живееле за себеси, туку за Умрениот за нив и Воскреснатиот.

Пред Крстот на Спасителот сострадувал со Него Јован. Само неговото безгранично љубовно срце Спасителот ѝ го врачил на Мајката Своја, давајќи ѝ го како син. На возљубениот ученик – возљубената Мајка му ја дава Господ, да се грижи за Неа до крајот на деновите нејзини.

Пред крстот, кој ѝ претстоел на Руската Православна Црква – Невестата Христова на земјата – се поставува светителот Тихон, примајќи го во страшните години за Русија, безвремениот подвиг на патријаршиското служење. На возљубениот ученик – возљубената Невеста Своја му ја врачува Господ за грижа и запазување.

А времето било такво, кога сите и сè ги фатила тревога за иднината, кога оживеала и пораснала злобата и смртен глад погледнал во лицето на работниот човек, стравот пред грабежот и насилството проникнал во домовите и храмовите. Претчувството на сеопштиот хаос кој се издигал, и царството на антихристот ја опфатило Русија.

И под громот на оружјето, под ударите на куршумите се поставува од Божјата рака на патријаршискиот престол Првосветителот Тихон, за да се искаче на својата Голгота и да стане свет Патријарх-маченик.

Како со солзи плаче новиот Патријарх пред Господа, за народот свој, за Црквата Божја: „… Господи, синовите Руски го оставија заветот Твој, ги разрушија Твоите жртвеници, стрелаа по храмовите и светињите кремљевски, ги избиваа Твоите свештеници…“ И истиот го кажал одговорот на Господа, кој прозвучил во неговото измачено срце во тешкото време на искачување на крстот: „Оди и побарај ги оние, заради кои сеуштестои и се држи Руската земја. Но, не оставај ги и заблудените овци, осудени на пропаст, на колење… кои се изгубиле – пронајди ги, изгонетите – врати ги, поразените – преврзи ги… паси ги по правдата“. Господ го видел добриот пастир.

Нема да ни стигне времето, да ги наброиме сите трудови и подвизи на сега спомнатите мажи. И двајцата ја носеле проповедта на Христовото Евангелие во најжестоки, страшни услови, опкружени едниот – од злобата на јазичничкиот свет, другиот – од страшната бесовска злоба на отпаднатите од вистината, нови богоборци.

Гонењето на Нерон на новата религија го ставило апостолот на големи маки: пиел отров, горел во котел од зовриено масло, но останувал неповредлив. Гонењето на новите богоборци во XX век, го ставило Светиот Патријарх Тихон во неспоредливи маки. Тој горел во огнот на духовна мака секој миг и се кинел од прашањата: уште колку може да ѝ се отстапува на безбожната власт? Каде е границата, кога богатството на Црквата тој мора да го постави повисоко од благосостојбата на својот народ, повисоко од човечкиот живот, притоа не свој, но животот на неговите верни православни чеда? За својот живот, за својата иднина тој воопшто не размислувал. Самиот, секојдневно бил готов да загине.

Ќе ги повторам зборовите на Патријархот, кои не еднаш сме ги слушнале: „Нека загине името мое во историјата, само Црквата да има полза“. Ете ја мерата на подвигот, ете ја мерата на вистинското служење. Тој оди по стапките на својот Божествен Учител до крај.

Животот на апостол Јован се истоштува. Напишана веќе од прогонет, кој ги видел страшните виденија на пустинските карпи на Патмос, последната пророчка книга за идните судбини на Црквата и светот. Ослабениот стогодишен старец, сотрудник Христов, ја кажува последната проповед: „Деца, сакајте се еден со друг! Тоа е заповед Господова, ако неа ја сочувате, тоа е доволно“. Ете го сето учење, кое го предава од полнотата на љубовта возљубениот Христов светилник, пред да догори.

Доаѓа крајот и на подвигот на Патријархот-маченик. Се лие, се лие во Русија крв на маченици. Се истоштува и неговиот живот. И се слуша заветот негов: „Чеда мои! Сите православни руски луѓе! Сите христијани! Само на овој камен – лекување на злото со добро – се гради неразрушливата слава и величието на нашата Света Православна Црква… и неуловливо дури за непријателите ќе биде нејзиното свето име и чистотата на подвигот на нејзините чеда и служители“. „Следете го Христос! Не Го изневерувајте! Не поддавајте се на искушенијата. Не губете ја во крв одмаздата и душата своја. Не бидете победени од злото. Победувајте го злото со добро!“ Христовата љубов и незлобивост кон непријателите – беше последната проповед на Патријархот.

Послушни на заповедта на учителот, Јовановите ученици жив го закопале неговиот земен прав. Најблиските соподвижници на Патријархот го погребуваат својот Првосветител-маченик, кој заминал во радоста на вечноста.

Поминуваат малку денови, и Јовановите ученици, отворајќи го гробот, не го нашле телот на Јован. Гробот се испразнил. Торжеството на љубовта и девството: здивот на смртта не го изгаснил оној кој пламтел од љубов.

Поминале само шеесет години, и гробот на Патријархот-маченик исто се испразни. Светите мошти негови Господ ѝ ги подари на Русија, за нејзино укрепување во претстојните тешки времиња. И како некогаш, во годините на искушенијата Господ го повикал светителот Тихон, така и сега Тој го испратил на помош на земната воинствена црква.

Ете, другари наши! Се надевам, успеав да ви одговорам на прашањето, зошто во еден ден досудил Господ да го празнуваме споменот на двајцата Негови избрани чеда. И кој сега, вникнувајќи во животот на двајцата Божји луѓе, кои живееле во I и XX век, ќе се осмели да каже, дека законот Божји не е даден за сите и не е за сите времиња, ако овие два примери ни сведочат и денес, дека сè, секогаш е можно за срцето кое верува и љуби. Зашто Господ и вчера и денес, и засекогаш е Истиот. Пред Неговите нозе никому не му е тесно, од првиот век на Неговото доаѓање на земјата до последниот. И еднакви награди ги чекаат оние кои работеле кај Него и во првиот и последниот час.

Да припаднеме и ние со вас, возљубени мои, чеда Божји, кон Господа, да припаднеме со љубови молба, со вера и надеж. И не ќе ја посрами Господ љубовта наша, верата ќе ја утврди, надежта ќе ја оправда.

Не заборавајте, драги мои, дека „… сега остануваат овие три: верата, надежта, и љубовта; но најголема од нив е љубовта“. Амин!



26 септември (9 октомври) 1992 година

Архимандрит Јован Крестјанкин

Извор: http://www.pravoslavie.ru/put/1790.htm

Преземено од: http://www.pppe.mk/2015/slovo-za-sveti-jovan-bogoslov-i-sveti-t/

 

Друго:

 

Sveti Tikon - patrijarh Moskve i cijele Rusije | Hrišćanstvo - 2019

 

 

Patrijarh moskovski Tihon — Vikipedija, slobodna enciklopedija

sv. patrijarh tihon ispovjednik pred boljševičkim sudom

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5792
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6611
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6390
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5588
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная