Crkva.skit.jpg

Раскажување за чудотворната икона на Божјата Мајка,
наречена “Тихвинска”, која се наоѓа во рускиот скит “Св.
пророк Илија”

Се празнува на 17 фебруари/ 02 март


Bogorodica.Tihvinska.jpgТихвинската икона на Божјата Мајка, којашто се наоѓа во скитот “Св. пророк Илија” на Света Гора, е верна копија на оргиналната икона и е подарена на скитот од добротворот М. А. Вјушин. Иконата се наоѓа на горното место во олтарот на соборниот храм на скитот. Го добивме следниот записник за чудото, пројавено од оваа чудотворна икона на Божјата Мајка, потпишан од постарите браќа од скитот и потврден со печатот на скитот, којшто тука целосно го пренесуваме:

“На 17 фебруари 1877 година, во четвртокот на втората недела од светата четириесетница, по отслужените часови во соборната црква “Св. пророк Илија”, во третиот час на денот, ние, долупотпишаните седум души, видовме на Тихвинската икона на Божјата Мајка, којашто се наоѓа на проскинитариумот зад престолот во олтарот на соборната црква, јасна лажна трага од солзи пролеани од десното око на Божјата Мајка низ целата икона надолу. Капике солзи беа насобрани на рамката на иконата, а на левото око имаше една голема капка солза, којашто по десет минути пред нашите очи се спушти за два сантиметри. За сето време и бришевме солзите со памуче и ја извадивме иконата од проскинитариумот, за да ја погледнеме и од двете старни. Таа се покажа елосно сува. Потоа ја вративме на нејзиното место и излеговме, заклучувајќи ја црквата за никој да не може да влезе во неа.
По три часа, во шест и триесет, веднаш по последниот звук од клепалото а вечерна, влеговме во црквата и видовме врз иконата не сосема јасни, асушени од времето, траги од солзи, пролеани од двете очи на Божјата ајка. Солзите од десното око се слеваа по целата икона надолу и апираа на едно воочливо мокро место на десната буза, градите и адолу по рамката. А од левото око се слеваа по иконата надолу и сите се запираа на десната рака на предвечниот Младенецот- Спасителот, којашто благословува, и ниту една капка не беше спуштена под нивото на раката, а истовремено целата Негова рака беше мокра од солзите, како пред еден миг да била обилно облеана со вода. Солзите биле врз раката, како што видовме, повеќе од еден час, што е достојно за восхит. Истовремено, на левото око видовме око една голема капка солза, којашто пред нас по четврт час се спушти 13 сантиметри надолу по иконата, но за сето време и врз двете очи имаше сосема јасно забележлива рага од солзи. По ова, одново ги избришавме сите солзи и повеќе не идовме солзи од иконата.

Сведочиме за достоверноста на сe, така што се потпишуваме своерачно и го удираме печатот на нашиот Илински скит. 21 фебруари 1877 година.
Игумен на рускиот општежителен скит “Св. Пророк Илија” јеросхимонах Андреј, јеромонах Пајсиј,  јеромонах Калист,  јеромонах Лаврентиј, јеромонах Теоктист, монах Мануил и монах Герасим”.

Оттогаш браќата на скитот го востановиле овој ден, т.е., 17 фебруари (02 март по нашиот календар), да биде празнуван засекогаш. Во чест на Божјата Мајка се служи бдение. Чувствувајќи исклучителна љубов и вера кон светата Тихвинска икона на Божјата Мајка, браќата од скитот
прибегнуваат кон неа во сите тешки и мачни ситуации во својот живот.
Во еден истоимен параклис во Москва којшто му припаѓа на рускиот светогорски манастир Св. Пантелејмон, исто така се наоѓа чудотворна
Тихвинска икона на Божјата Мајка. Оваа икона е со древен иконопис и е подарена на манастирот од Екатерина Георгиевна Јансен (православна
христијанка). На грбот на иконата Е. Јансен своерачно го напишала следното: “На 27 јули 1832 година, кога бев безнадежно болна, а лекарите
ми рекоадека ќе умрам, од оваа чудотворна икона се слушна глас: “Јас те излекував од неизлечлива болест и те избавив од смрт. Така и ти во спомен на ова облечи и нахрани толку луѓе, колку што можеш, како што Мојот Син Исус Христос нахрани пет илјади души”. По желба на болни жители во градот Москва ја носат оваа икона по домовите заедно со ковчеже со свети мошти. Од неа изобилно се излеваат исцеленија.  

 Подготви: Марија Влакеска

Лектура: Д.М.

Извор:

Друго:

 Bogorodica.Kozelshtanska..jpgКозелштанска икона на Божјата Мајка

Посети: {moshits}