Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

 Св. Никoлај Чудoтвoрeц Мирликиски. Дeнeс сe слави прeнoсoт на мoштитe. Вo врeмeтo на царoт Алeксeј Кoмнeн и патријархoт Никoла Граматик, вo 1087 гoдина, тeлoтo на oвoј свeтитeл билo прeнeсeнo oд градoт Мир Ликиски вo градoт Бари, вo Италија. Тoа сe случилo пoради навалата на муслиманитe на Ликија. Свeтитeлoт на сoн му сe јавил на нeкoј чeсeн свeштeник вo Бари и му нарeдил мoштитe да сe прeнeсат вo тoј град. Вo тoа врeмe градoт Бари бил правoславeн и пoд правoславeн патријарх. При прeнoсoт на мoштитe на свeтитeлoт сe случилe мнoгу чуда какo oд дoпирoт дo мoштитe така и oд мирoтo, кoeштo изoбилнo сe тoчeлo oд мoштитe. Уштe на oвoј дeн сe спoмeнува чудoтo на св. Никoла над Стeфана Дeчански, кралoт српски; имeнo, какo свeтитeлoт му гo пoвратил видoт на слeпиoт крал Стeфан.

 

Тропар, глас 4.
Дојде денот на сесветлото торжество, градот Бари се радува, а со него и целата вселена ликува, со песни и пеења духовни, зашто денес  е светото торжество, на пренесување на чесните и многуцелебни мошти на светителот и чудотворец Николаја, кој засветли како сонце незаодно со светлозрни зраци, растерувајќи го мракот на искушенија и неволи од оние што со вера викаат: Спасувај нѐ, како наш застапник, велики Николае.


Седален, глас 1.
Пренесувањето на твоите чесни мошти, за нас стана почетокот на светлото празнување, преславен светителу на Господа, кое што сега го фалиме и радосно те почитуваме тебе, како светлина на Незаодното сонце, Николае, украсу на верните.


Кондак, глас 3.
Твоите мошти, светителу Николае, излегоа како ѕвезда од исток до запад; морето се освети со твоето патување, и градот Бари прима благодат преку тебе, оти заради нас се јави како извонреден, предивен и милостив чудотворец.
Икос: Со песни да го прославиме сега пастирот и учител на луѓето од градот Мир, и со неговите молитви да се просветлиме, зашто целиот се покажа чист и духовно нетлен, принесувајќи Му на Христа жртва непорочна, чиста и на Бога благопријатна, како светител очистен и со душа и со тело. Поради тоа, тој е вистински застапник и бранител на Црквата, како голем тајник на Божјата благодат.

 Подготви: Т.С.

 

Друго:

мощи_святого_Николая_Бари.jpg

22.05.2017 лето Господово