BOGORODICA.HRISTOS.Z.jpg

 Единствената заповед на Божјата мајка

 
Денес го одбележуваме големиот празник; сите ние стоиме пред единствениот Престол, на кој што седи нашиот Бог. Но, како што е напишано во Светото Писмо, Бог почива во светиите: не само во светите места, но и во срцето и умот на просветлените преку подвигот и благодатта, во животот  и во самите тела на светителите.
Денес го одбележуваме Успението на најсветата од сите светии – Божјата Mајка. Таа го оставила земниот живот, но како што била жива до самите длабочини на своето естество, така и останала жива – со жива душа, се вознела кон престолот Божји, со живото и вознесено тело, со кое што сега претстои и се моли за нас. Вистината е дека таа е престол на благодатта, во неа се вселил Живиот Бог, во нејзината утроба  престојувал Тој, како на престолот на Својата слава. И со каква благодарност, со каква изненаденост мислиме на неа: Изворот на животот, Живоносен источник, како што ја нарекува Црквата, прославвувајќи ја во една од иконите – Живоносен извор, Богородица го завршила земниот си пат, прегрната од трепетната љубов на сите.
Но што не ветила таа? Само една заповед и еден пример. Заповедта се оние зборови, кои што таа им ги кажала на слугите во Кана Галилејска: „Што и да ви каже, направете!“ И тие направиле, и водата после измивањето се претворила во доброто вино на Царството Божјо. Таа заповед ја остава на секој од нас: разбери, за секој од нас е Словото Христово, задлабочи се во него и не биди само слушател, туку исполнувај, и тогаш се земно ќе стане небесно, вечно, преобразено и прославено...

  • Таа ни остави и пример: за Неа се зборува во Евангелието, дека секој збор е за Христос, и се разбира, секое Христово слово таа го чувала во срцето како богатство, како најголем дар што таа го имала...


Ајде и ние да започнеме да слушаме така, како што се слуша со целата љубов и и целото благоговение, да се насочиме во секои збор на Спасителот. Во Евангелието се кажани многу работи; но срцето на секој од нас одговара на едно или друго, и тоа, што го допрело моето или твоето срце – тоа се зборовите на Спасителот, кажани лично на тебе и лично на мене... И тоа Слово треба да го сочуваме во нас како момент на нашата средба до Бога, како признак на нашиот однос и близоста со Него.

  •     И доколку живееме така, и така слушаме, и така го чуваме во нашето срце Христовото слово, како што се засева семе во изорана земја, тогаш и со нас ќе се случи тоа што Елисавета го кажала на Божјата мајка, кога Таа дошла кај неа: Блажена е таа што поверувала, бидејќи ќе се случи кажаното од Господ... И со нас нека се случи тоа, нека Божјата мајка биде пример за нас, да ја примиме нејзината единствена заповед, и само тогаш прославувањето од нас во овој храм, кој што и е даден за живеење, ќе биде вистинско, бидејќи ние ќе се поклониме на Бога во неа и преку неа со духот и во вистината. Амин.


Автор: Митр. Антониј Суро
жски
Превод. Преминпортал (С.А)
Извор.www.dveri.bg