za.decata.jpg

За децата

Нема ништо посилно од тоа чувство кое ни доаѓа кога ги држиме в раце своите деца. Нивната беспомошност ги допира благородните струни во нашите срца. За нас нивната невиност – е очистувачка сила. Кога во домот има новороденче, бракот како одново да се раѓа. Детето го сближува семејниот пар така, како никогаш претходно. Во срцето оживуваат струните кои до тогаш молчеле.  Пред младите родители стануваат нови цели, се појавуваат нови желби. Животот веднаш добива нова и подлабока смисла.
 На нивните раце лежи свето бреме, бесмртен живот, кој тие треба да го сочуваат, и тоа вселува во родителите чувство на одговорност, кое ги тера да се замислат. „Јас“ – повеќе не е центар на светот. Тие имаат нова цел, за која треба да живеат, цел доволно голема, да го наполне целиот нивни живот.
Децата – се апостоли Божји,
Кои од ден на ден
Ни ги испраќа нам, за да ни зборува
За љубовта, мирот, надежта!
 Секако, со децата кај нас се појавуваат и маса грижи и неволји, и затоа има луѓе кои гледаат на појавувањето на децата како на несреќа. Но, така гледаат на децата само ладните егоисти.
„Ах, што би станал наеднаш животот за нас,
Кога во него би немало деца,
Зад нас – само пустина,
А напред – само сенка на смртта.
Што значат лисјата за дрвата?
И светлината, и воздухот преку нив,
Сгустнувајќи се во сладок, нежен сок,
Одат во стеблата, хранејќи ги.
Како лисја во оваа шума –
За светот се децата; преку нивните очи
Ние ја восприемаме убавината,
Која е подарена од Небесата“.
Големо дело е – да се земе на себе одговорност за тие нежни, млади животи, кои можат да го збогатат светот со убавина, радост, сила, но кои исто така лесно можат да загинат; големо дело е – да се воспитуваат, да се формира нивниот карактер – ете на што треба да мислиш, кога го градиш својот дом. Тој треба да биде дом, во кој децата ќе растат за вистински и благороден живот, за Бога.
Никакви ризници не можат да му ја заменат на човекот загубата на со ништо не споредливата ризница – неговите родни деца. Нешто Бог дава често, а нешто само еднаш. Поминуваат и повторно се враќаат годишните времиња, расцветуваат нови цвеќиња, но никогаш двапати не доаѓа младоста. Само еднаш се дава детствотот со сите негови возможности. Тоа што вие можете да го направите за да го украсите, правете го брзо.

  

(Продолжува)

 

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

Друго: