Aleksandra.Romanova1.jpg

Некои жени мислат само на романтични идеали, а секојдневните свои обврски ги занемаруваат и не ја зацврстуваат со тоа семејната среќа. Често се случува кога и најнежната љубов загинува, причината за тоа е во безредието, немарноста, лошото управување со домаќинството.
 Жената е надарена со дарот на сочувство, деликатност, со умешност за вдахновување. Тоа ја прави слична на посланик Христов со мисија да ги олесни човечките страдања и маки.
 За секоја жена, главна обврска – тоа е устројувањето и водењето на нејзиниот дом. Таа треба да биде великодушна и добросрдечна. Жена, чие срце не се трогнува кога ќе види маки, која не се стреми да помогне, кога тоа е во нејзнините сили, е лишена од едно од најглавните женски квалитети, кои ја сочинуваат основата на женското естество. Вистинската жена ја дели со мажот тежината од неговите обврски. Што и да се случило со мажот во текот на денот, кога тој влегува во својот дом, тој треба да падне во атмосфера на љубов. Другите другари можат да го предадат, но преданоста на жената треба да биде неизменлива. Кога настапува мрак, и непријатности го обземаат мажот, преданите очи на жената гледаат на мажот, како ѕвезди на надежта, кои светат во темницата. Кога тој е сокрушен, нејзината насмевка му помага одново да најде сила, како сончев зрак што го распламтува изникнатиот цвет.
Со благослов од тивкото Небо,
При нас ангели слетуваат,
Кога од тага онемена,
Душата страда.
 Ако знаењето – е сила на мажите, тогаш мекоста – е сила на жените. Небото секогаш го благословува тој дом, кој живее за добро. Преданата жена му укажува на мажот најдлабока доверба. Таа од него ништо не сокрива. Таа не ги слуша восхитувачките зборови на другите, кои не може да му ги прераскаже нему. Таа го дели со него секое свое чувство, надеж, желба, секоја радост или огорчение. Кога се чувствува разочарано или оскрблено, таа може да претрпува искужение да најде сочувство, раскажувајќи им за своите грижи на блиските другари. Повеќе погубително ништо не може да биде, како за нејзините сопствени интереси, така и за востановувањето на мирот во домот. Тагите, за кои им се жалат на туѓите луѓе, остануваат незаздравувачки рани. Мудрата жена со никој нема да ја сподели својата тајна несреќа, освен со својот владика, зашто само тој може да ги израмни со трпение и љубов сите расправии и несогласувања.
 Љубовта открива во жената многу, што не гледаат туѓите очи. На нејзините недостатоци таа фрла вел и ги преобразува дури и најпростите нејзини црти.
 Според тоа, дека со времето во труд и обврски исчезнува зашеметувачката физичка убавина, се повеќе и повеќе треба да сјае убавината на душата, заменувајќи ја изгубената привлечност. Жената секогаш треба пред се да се грижи за тоа, да му се допаѓа на мажот, а не и уште на некој друг. Кога се само тие двајца, таа треба да изгледа уште подобро, а не да мава со раката на својата надворешност, ако не ја гледа никој друг. Наместо да биде жива и привлечна во друштво, а кога ќе остане сама, да паѓа во меланхолија и да молчи, жената треба секогаш да останува весела и привлечна и кога остануваат двајцата со мажот во својот тивок дом. И мажот, и жената треба да си го оддаваат еден на друг најдоброто од себеси. Нејзиниот голем интерес за сите негови работи и дела и нејзиниот мудар совет по било кое прашање го укрепуваат за исполнувањето на својте секојдневни обврски и го прават храбар за секоја битка. А мудроста и силата кои и се потребни за исполнување на светите обврски на жената, жената може да ги најде, обраќајќи Му се само на Бога.

 

(Продолжува)

 

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

Друго: