Верната жена не треба да биде ни мечта на поетите, ни убава слика, ни префинето создание, до кое е тешко и да се допреш, а треба да биде здрава, силна, практична, трудољубива жена, способна да ги исполнува семејните обврски, и да се одликува сепак со таа убавина, која и дава на душата висока и благородна цел.
 Прво барање од жената е верноста, и тоа во најширока смисла на тој збор. Срцето на нејзиниот маж треба да ù се доверува без резерва. Апсолутната доверба – е основа на верна љубов. Сенка на сомнеж ја разрушува хармонијата на семејниот живот. Верната жена со својот карактер и поведение докажува дека е достојна за довербата на мажот. Тој е уверен во нејзината љубов, тој знае дека нејзиното срце неизменливо му е предадено нему. Тој знае дека таа искрено ги поддржува неговите интереси. Многу е важно тоа што мажот може да ù го довери на својата верна жена управувањето со сите домашни работи, знаејќи дека сè ќе биде во ред. Раскошноста и екстравангардноста на жените ја разрушиле среќата на многу семејни парови.
 Секоја верна жена се проникнува со интересите на нејзиниот маж. Кога нему му е тешко, таа се труди да го подбодри со своето сочуство, со пројавување на својата љубов. Таа со ентузијазам ги поддржува сите негови планови. Таа не е тежина на неговите нозе. Таа – е сила во неговото срце, која му помога да прави сè подобро. Не сите жени се благослов за своите мажи. Некогаш жената ја споредуваат со лазачко растение, кое го обвива моќниот даб – својот маж.
 Верната жена го прави животот на својот маж поблагороден, позначителен, обрајќајќи ја неговата моќност со својата љубов кон возвишени цели. Кога, доверлива и со љубов, таа припаѓа кон него, ги пробудува во него најблагородните и најбогатите црти на неговата природа. Таа ја изострува во него мажественоста и одговорноста. Таа го прави неговиот живот прекрасен, ги омекнува реските и груби негови навики, ако биле такви.
 Но, има и такви жени, кои се подобни на растенија – паразити. Тие се обвиваат, но сами не прават ништо. Тие не подаваат рака на помош. Тие се излежуваат на креветите, се шетаат по улиците, мечтаат над сентименталните романи и сплетничат по дневните. Тие се потполно бесполезни и, како такви, стануваат вериги и за најнежната љубов. Наместо да го направат животот на мажот посилен, побогат, посреќен, тие само му сметаат во неговите успеси. Резултат за самите нив исто така е плачевен. Верната жена проникнува и го обвива мажот, но исто така и му помага, и го вдахновува. Нејзиниот маж, во секоја сфера од неговиот живот чувствува, како му помогнува нејзината љубов. Добрата жена – е чувар на семејниот праг.

 

(Продолжува)

 

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

Друго: