Aleksandra.Romanova.jpgПо вина на тие, кои се венчале, едниот или обајцата, животот во бракот може да стане несреќа. Можноста во бракот да се биде среќен е многу голема, но не смее да се заборава на можноста за неговото рушење. Само правилен и мудар живот во брак ќе помогне да се достигнат идеални сопружнички односи.
 Прв час, кој треба да се научи и исполни, е трпението. Во почетокот на семејниот живот се пронаоѓаат како достоинствата на карактерот и однесувањето, така и недостатоците и особините на навиките, вкусот, темпераментот, за кои втората половина не се ни надевала. Понекогаш  изгледа, дека е невозможно да се доближите еден до друг, дека ќе има вечни и безнадежни конфликти, но трпението и љубовта преодолуваат сè, и двата животи се слеваат во еден, поблагороден, посилен, пополн, побогат, и тој живот ќе се продолжува во мир и покој.
 Долг во семејството се јавува бескорисната љубов. Секој е должен да го заборави своето „јас“, посветувајќи се себеси на другиот. Секој е должен да се обвинува себеси, а не другиот, кога нешто не оди како што треба. Неопходни се поддршка и трпение, а нетрпението може сè да расипе. Дрзок збор може со месеци да го забави сливањето на душите. Од двете страни треба да има желба да се направи бракот среќен и да се преодолее сè, што тоа го попречува. Најсилната љубов најмногу има потреба во секојдневно поткрепување. Најнеопростливата грубост е имено во својот дом, во однос кон тие, кои ги љубиме.
 Уште една тајна на среќата во семејниот живот – е вниманието еден кон друг. Мажот и жената се должни постојано да си покажуваат еден на друг знаци на најнежно внимание и љубов. Среќата во животот се состои од одделни минути, малечки, кои брзо се забораваат задоволства од бакнеж, насмевка, добар поглед, срдечен комплимент и безбројни, малечки, но добри мисли и искрени чувства. На љубовта исто така и е потребен нејзиниот секојдневен леб.
 Уште еден важен елемент во семејниот живот – е единството на интересите. Ништо од грижите на жената не смее да му изгледа премалечко, дури ни на гигантскиот интелект на најголемиот од мажите. Од друга страна, секоја мудра и верна жена ревносно ќе се интересира за работите на мажот ù. Таа ќе сака да дознае за секој негов нов проект, план, тешкотија, сомнеж. Таа ќе сака да знае кое од неговите дела успеало, кое не, и да биде во тек со сите негови секојдневни дела. Нека обете срца ги разделуваат и радоста и страдањето. Нека двајцата ја делат по пола тежината на грижите. Нека сè во нивниот живот им биде општо. Тие треба заедно да одат во црква, да се молат заедно, заедно да ги принесуваат пред нозете на Бога тешкотиите на грижите за своите деца и за сè најдраго за нив. Зошто да не зборуваат еден со друг за своите искушенија, сомнежи, тајни желби и да не си помогнат еден на друг со сочувстување, со ободрувачки зборови. Така тие и ќе живеат еден живот, а не два. Секој во своите планови и надежи должен е задолжително да  помисли на другиот. Еден од друг не смеат да имаат никакви тајни. Пријателите треба да имаат само заеднички пријатели. На таков начин, двата животи ќе се слејат во еден живот, и тие ќе ги разделат и мислите, и желбите, и чувствата, и радоста, и маките, и задоволствата, и болката еден со друг.
 Плашете се и од најмал почеток на недоразбирање и оттуѓување. Наместо да се воздржи, се произнесува непаметен, невнимателен збор – и веќе меѓу двете срца, кои до тогаш биле едно цело, се појавила малечка рецка, и таа се шири и шири до тогаш, додека тие не завршат засекогап одделени еден од друг. Сте рекле нешто во избрзување? Брзо побарајте прошка. Во вас изникнало некое недоразбирање? Не е важно чија вина е тоа, не дозволувајте му ни на час да останува меѓу вас.
 Воздржувајте се од кавги. Не легнувајте да спиети, затајувајќи во душата чувства на гнев. Во семејниот живот не смее да има место за гордост. Никогаш не треба да се теши чувството од навредена гордост, и скрупулезно да се пресметува, кој всушност е должен да бара прошка. Оние кои вистински љубат, со таква причинологија не се занимаваат, тие се секогаш подготвени да отстапат, и да се извинат.

(Продолжува)

 

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

 

Друго:

 Александра Феодоровна Романова- За бракот и семејниот живот