Bdenie.Bogorodica.jpg

СТАТИЈА ЗА СУЕВЕРИЕТО

 

Возљубени во Господа браќа и сестри , Спасителот наш Господ Исус Христос, ни вели „ во светот ќе имате мака но небојте се Јас го победив светот “ .  Мака од ослабената човекова природа која резултира со болести склоност кон гревовни дела а со тоа служење на кнезот на овој свет однодсно ѓаволот и неговите црни ангели, и со тоа и лично допринесув за уште поголемо ослабување на и онака ослабената човекова природа,.  Мака има и оној кој се обидува да ја носи оболената ослабената природа човекова во својот личен живот без роптање , без обвинување на било кого за своите болести и слабост, но се труди со вера во Бога, да ги носи слабостите и тешкотиите разбираќи ги како крст свој за спасение , зошто добро знае и не се сомнева дека „ преку Крстот (Христов ) дојде радоста за сиот свет “ и „ затоа секогаш благословуваќи го Господа да го воспееме Неговото Воскресение зашто Он откако Распетие претрпе со смртта смртта ја победи!“, надежта на таквиот човек е во овие последни стихови , значи свое носење и сораспнување на својот крст , за победа над страстите и похотите на огревовената човекова природа  и конечна победа над смртното тело со облекување во нераспадливо тело во радосна вечна  бесмртност. Таквиот човек возљубени на овој пат од смртност во бесмртност од болест во здравје од тага во радост бива поткрепуван со неизмерната љубов Божја , со благодатта  Божја. За таквиот човек бремето е лесно и јаремот на овој живот  е благ, бидеќи тој веќе окрепуван со благодатта Божја и милуван со неизмерната љубов Божја со својот живот веќе  овде на земјата го живее небесниот живот на вечната и неизмерна радост.Таквиот човек не се бои од светската суета која надвиснала над човештвото и го држи во неизвесноет  и страв, таквиот човек неа ја победува и таа од него се бои , бидеќи таквиот човек е сотрудник на Оној Кој го победи светот  а со тоа и целата светска суетност на кнезот на овој свет односно ѓаволот и сите негови служители.

А сите кои се бојат од маката на ослабената човекова природа и често роптаат против Бога и ближниот , се бојат од кнезот на овоја свет а не се бојат од Оној Кој го победи светот , потпаѓаат под силно влијание на светската суета  и суеверието, и така му робуваат на кнезот на овој свет. Најголем број несвесно стануваат робови на кнезот на овој свет , робуваќи му нему забораваат за вредноста на добродеттелниот живот, а призивот за вечниот блажен живот им станува туѓ , и затоа верата во Бога  ја заменуваат со  мрачно суеветие, кое ги држи во постојана неизвесност, страв и вршење на штетни дела за себе и за ближниот свој. Таквите луѓе несакаат подвиг- лична борба со похотите и страстите на огревовениот човек ами бараат лек за својата состојба  кај оние кои од порано станале како нив и предничат во мрачното суеверие и неговите плодови, таквите пак не само што не можат да им помогнат на другите туку и нив ги викаат таму каде за нив е приготвено  надвор од Царството Небесно , како што е засведочено  во Откровението „ -а, надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопоклониците,и секој што сака да лаже и лаже.“ а ние велиме Амин!    

Подготви о. Горан Тасески   

Во продолжение ве препуштаме на горкото искуство од вражачите  на едно чедо Христово кое ги вкуси горките плодови на погубното за душата и телото суеверие и сега се обрати повторно кај Единствениот вистински Лекар на душите и телата –нашиот Господ Исус Христос.       

ШТО ПРАВИМЕ!?

 

   Што правиме кога имаме проблем? Се разбира , бараме решение. Добро е кога разумот нè води низ таа патека и не чуе злото.  А ако чуе, тогаш настапуваат разни бајачи, видовити, јасновидци и кој уште не!?

   И сите тие ,, душегрижници“се повикуваат во името на доброто и Бога. И човекот понесен од својот проблем се упатува токму пред нивните порти воТетово, Велес, Охрид или Скопје, зависи од понудените искуства на оние што веќе ги посетиле. И сè само затоа што некој ги убедува дека тие  се избрани од Бога , да им помагаат на луѓето.

   Впрочем, работат со икони, крстена вода, амајлии, темјан, за услугата не бараат ништо, но добро е ако оставиш, за здравје.

   И така ако патот ве однесе во дворот на еден ,,добротвор“ во Чаир ќе сретнете амбиент – импровизирана црква, икони, мирис на темјан. Си велите ,,божји човек“. И одеднаш, тарот-карти, за да ја прорече иднината. Веднаш дилема!?

   Збунувачки,  очекуваш молитва, совет, но тука работите се решавале поинаку. Очигледно за проблемите решаваат само картите, во нив се крие решението за секој проблем. И работите не запираат тука, ,,благословот“ е во крстената вода, која треба да се носи на секои десет дена, за одржување на постигнатата ,,среќа“ за да не ја растури некој со магија. И луѓето стравувајќи за својот живот и  заштита од несреќи, понизно, послушно, право  в црква, земајќи крстена вода, ja носат кај јасновидецот, со која задолжително се остава по некоја пара.

  Па три пати месечно, по 50 или 100 денари  и не е така лош бизнис!? За луѓето загуба и финансиска и духовна, а за ,,божјиот избраник“ само парична добивка. Па, следува прашањето – Што правиме!? Каква духовна заспаност?

   Но, сè не сопира тука, бидејќи овие послушници на темната страна, продолжуваат понатаму. Па, така патешествието по среќа продолжува. Доколку ,, трагачот по подобар живот“ или духовниот ,,пациент“ случајно е затруен од жива ќе биде испратен во Куманово. А таму ќе го пречека некој си друг ,,добротвор“ кој со една пластична лупа – играчка, ќе го прегледа. Ако установи жива и тоа многу, ќе следува ,,терапија“ од неколку дена што значи уште некој денар подарен за услугата, или за спасот од труењето.

   О колку, поразителна ситуација! Зарем до таму стигнавме! Некој со трикови да нè лекува! Со лупа-не лупа, две зрна олово, кои излегуваат од некое магнетче, а небаре ги вади од телото. И тоа само две зрна, бидејќи трето нема, па вели - утре повторно на чистење од жива. Нонсенс, глупост!

  Каква жива, какво чистење, о заспани умови! Па секој  е свесен за убиственото дејство на живата во организмот, и во најмала количина. Не дај Боже, да ја имаме во количина, како што вели ,, чистачот на овој тежок метал“! Уште пострашна е помислата дека тој човек работи без присуство на маж, бидејќи не му дозволувала верата, а вади жива од стомакот, градите, вратот, а пред тоа следуваат и масажи ако тој смета дека е неопходно. Каков срам! Подобро несреќен - а достоинствен живот , отколку среќен - а понижувачки!

  Што направивме!? Има ли оправдување за ова? Господ нека простува, и на оние што не знаат што прават, - и на оние што знаеја, па пак отидоа – и се уверија во лагата што ја шират овие поклоници на злото. Лага, која би била разотриена доколку во сето тоа не се спомнува божјото дело и лажно се заведува народот.

    А потребно е само малку здрав разум, со кој ќе се упатиме во вистинското место, во црква-Божјиот храм , изворот на молитвата и спокојниот живот-живот растеретен од суеверија, за кои Кирил Пејчиновиќ ( вечно подвижниот Тетоец)- воспитаник на црквата) како ефикасно ,, оружје“ ја предлага молитвата и меѓу другото вели :

 ,, Једни гледам ставиле некаква ствар или хамајлија...Једни гледам и от хоџа писмо узеле – Окајание! Тој те лажет за пари. Тој ли ќе те чува? Тој не можеше ни својата челад да дочува, токо кога им дојде смртта, изумреа.“

Подготви Верничка