БОЖИКНО СОЗЕРЦАНИЕ

Во наше време сите древни вредности како да им отста¬пиле место на некои старо-нови адети. С# што е големо, спо¬ред својата суштина и природа, сме го понижиле. Наместо на живиот Бог, светот во ова време им се поклонува на идоли. Наместо културата да владее со цивилизацијата, „цивилизацијата” владее со културата. Наместо служење на Бога – се служи на Мамон. Така, и од празнувањето на Божик, со сите обичаи и симболи кои благородно делувале врз нашата душа, оста¬нало многу малку.
Во наше време, Божик или с# уште се игнорира, или се прет¬¬вора во она што не е. Наместо на тој ден да се обожу¬ва¬ме со духовно посматрање на новозаветните добродетели, ник¬нати во витлеемската пештера, ние божикуваме околу преполна трпеза, со вперени мисли само кон себеси и кон предметите и луѓето околу себе. А кога на овој посебен ден на христијанската смотра така се прави, тогаш што воопшто останало од нашето христијанство?
 Христијанството не е само идеја, ниту некоја научна теорија, ниту општествено движење, најмалку политика. Христијанство – тоа е живот во духот, тоа е преобразување на срцето, тоа е секојдневно слекување на стариот човек – Адам и облекување во новиот човек – Христа. Тоа е живот во љубов и радост, во жртва и благочестие, во добра волја и блажен мир. Тоа е живот во кој нема непријатели и непријатности, зашто и непријателот се сака и непријатноста во смирение се прима и, со тоа чудесно оружје – со љубов и смирение – с# се победува. Тоа е живот во кој „Христовиот јарем е благ, и неговото бреме лесно” (Мт 11:30).
 А сето тоа потекнува и органски се развива од Христовото раѓање – не она единственото во историјата, врзано за „Витлеем во земјата Јудина” (Мт 1:5; 2:1), туку раѓање кое повторно се случува во нашите срца, во секој поединец – во нас. Зашто, што му вреди и на Христа и на секој од нас тоа што Он се родил пред 2000 години во Витлеем, ако не се родил и во нас. Без Неговото раѓање во нас, она Витлеемско раѓање – нам ни е само за суд и осудување. Тоа тогаш се случило единствено за¬тоа – за да го продолжи своето повторување секој ден и се¬каде, кај секој поединец, с# додека има човечки век во овој свет.
 Тоа Негово раѓање во нас, – е СОЛ на нашиот живот на земјата, и СВЕТЛИНА на нашиот пат низ историјата. Кога ќе престане Неговото раѓање во нас, тогаш почнува апокалипсата, тогаш доаѓа крајот, – но, сепак, не крај, зашто на животот крај му нема, туку тогаш за нас отпочнуваат, одговорноста пред вечноста и пред судот! Секој поединец на тој неизбежен страшен суд ќе Му положи сметка на праведниот Судија, поточно на Оној Кој на овој ден смирено слегол од Своите недогледни височини во Витлеемската пештера, во нашиот живот, за да ни покаже како се живее: и во осамата, и во семејството, и во општеството, и во Црквата, и во сите области на човечкиот живот.
 Ако не го прочитаме и прифатиме Евангелието Христово, кое јасно ни го покажува и Неговиот и нашиот лик, тогаш Христос навистина залудно дошол меѓу нас, залудно 33 години меѓу нас поднесувал страдање и на крајот претрпел крстна смрт. А ако Он залудно дошол, тогаш и нашиот жи¬вот на земјата е залуден и за осуда, зашто по сопствена вина ќе бидеме лишени од Царството Божјо во вечниот живот.