Демоните се поранешни ангели кои отпаднале од Бога и ја загубиле својата чистота и убавина, па станале мрачни и полни со омраза. Сатаната, нивниот водач, во миг се заљубил во самиот себе и поверувал дека тој е бог и тогаш го изгубил сето ангелско во себе, а неговата волја се претворила во гадотија. Ова се случило пред создавањето на човекот.
Губејќи ја заедницата со небесното тие станале потполно земни. Кога се појавил човекот, тие почнале да му завидуваат и решиле да го оделат од заедницата со Бога и да го фрлат во вечна темнина.
Но, човекот не пропаднал сосем. Тој и после падот, има шанса да се покае и да заедничари со Творецот. Но, демоните не се смириле. Тие ја продолжиле борбата против потомците на Адама и таа ќе трае се до Страшниот Суд. Свети Игнатиј Брјанчанинов вели:„ Паднатите духови ја напуштиле висината на духовното достоинство и паднале во телесно мудрување повеќе отколку луѓето. Луѓето имаат можност да преоѓаат од телесно мудрување во духовно, но паднатите демони се лишени од таквата можност. Луѓето не се подложни на такво силно влијание на телесното мудрување заради тоа што во нив доброто не е уништено, како кај демоните. Во луѓето доброто е помешано со злото, а со паднатите демони господари единствено злото. Кај нив телесното мудрување достигнало највисок можен степен. Нивниот најголем грев е безумната омраза кон Бога која се искажува низ непрестајното богохулие. Тие себе си се издигнале над Бога и стравот божји кој е природно вроден во созданијата и така влегле во постојано непријателство со Бога. Нивната главна страст е гордоста обеземена со чудовиштна и бессмиселна суета, тие наоѓаат уживање во секој вид на грев и постојано им се навраѓаат, преминувајќи од еден грев во друг. Бидејќи неможат гревовите да ги вршат телесно, тие ги вршат во фантазиите и чувствата. Така, во својата бестелесна природа ги всадиле телесните гревови. Паднатите духови во себе ги содржат почетоците и причините за гревот и настојуваат човекот да го вовлечат во нив со цел да го погубат. Тие не наведуваат на разновидни угодувања на телото, користољубие, славољубие, а се тоа преку покажувајќи ги предметите на тие страсти низ примамливи слики“.
Злите дуси напагаат врз луѓето на разни начини. Тие, според св. Григориј Богослов, делуваат на два начина – како најдлабока темнина (поретко) или како ангели на светлината т.е. како маскирани лажливци. Тие го напаѓаат човечкото тело и можат да го убијат човекот, да предизвикаат болести – случаите со момчето кое било месечар и кое Христос го исцели, но и да ги опседат луѓето. Кога ќе влезат во човекот, вели св. Јован Касијан, бесовите страшно ги помрачуваат душевните способности и го доведуваат човекот во состојба слична на пијанството. Меѓутоа, тие неможат да влезат во телото, ако претходно не ги завладеат умот и помислите кај луѓето. Сатаната во Јуда влегувал постепено – прво во душата, потоа во срцето, а потоа ги запоседнал и телото и душата во целост. А сето тоа наизглед се чинело неважно и прикирено – Јуда мислел дека тој парите за Христа ќе ги додели на сиромашни мислејќи дека Господ на чудесен начин ќе се извлече од гонителите.
Ако, според зборовите на св. Јован Дамаскин, ангелите се хранат преку созерцувањето на Бога, тогаш демоните бидејќи не можат да го видат Бога, освен како Страшен Судија, животната енергија ја црпат од страстите на човекот. За да го постигнат тоа, најпрво човекот мораат да го направат демоноподобен. Родеон Петроградски во својата книга „ Луѓе и демони“ во врска со ова вели:„ Страстниот и гревољубив човек представува исклучително хранлива средина за демоните. Распалувајќи ги страстите кои ги проголтуваат животните сили, демонот се храни и уште повеќе засилува во такво енергетско опкружување. Освен тоа, кога ќе завладее со човекот, демонот се користи со човечкото тело како со оружје за постигнување на што поголема наслада со страстите“. Од оваа причина блудниците се постојано исцрпени, потрошени, бледи, уморни, напнати... И ако не се покајат, нивната судбина после смртта е страшна...

Подготви: А. И.