логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Premin57.jpg


Дваесет и шести јануари 2009 година, 18 часот, вести на Сител Телевизија. Во најавата: нашата младина од 13-15 години пуши, пие и се дрогира, со планови за самоубиство... 35% конзумираат алкохол, а 20% од нивните родители не знаат што прават нивните деца.
Загрижувачки податоци... Слушам, а воедно се сомневам во вистината на информацијата, не сакам да сфатам каква е оваа анкета, кои се и колку се анкетираните, но информацијата која се пласира на вести во ударно време, нема збор, сигурно е 100% вистина. Но, ако е така...  Господи помилувај нè!
Ми навираат несредени прашања. Осудувачки пред сè. Какви родители се тоа? Зошто ги раѓаат своите деца кога ги оставаат да растат во негрижа, на милоста на улицата? Игнорирајќи ја нивната присутност во домовите, дозволуваат да мувлосаат душите на нивните рожби (заради зашематеноста од брзината на животот, кој како луда и брза река поминува низ просторот и времето на човековиот век)...
И едно прашање за мене: Дали знам и дали ќе знам сè за моите деца?... Немам одговор.
Но, зошто? Што е причината за ваквата состојба кај нашата иднина? Каква ли иднина ни претстои со ваква младина? Дали ни се виновни тие, или пак можеби оние 20% родители кои не знаат ништо за своите деца? Но, што е со оние 80% кои сепак знаат нешто за нив, и сигурно со сета своја сила се грижат за нивните чеда да го фатат вистинскиот колосек?
...Или пак сите ние сме виновни за ова, т.е. јас сум виновен за сè?!
Ете, во сите овие расфрлани мисли, се присетувам на често повторуваните зборови на мојот духовен отец, дека спротивно на расеаниот ум е собраноста на умот во зборовите на молитвата Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот... И за кратко сум во нормала, оптимистички настроен. И знам дека лек за овие млади има, бидејќи еден и единствен е лекот за сите нас, а тоа е Господ Христос, Лекарот на нашите души и тела.
Но, кога сме во падната (грешна) состојба, треба да знаеме дека сите односи со Бог ни се нарушени. Не ја забележуваме волјата Господова, во состојба сме да не знаеме што да правиме, како да постапуваме, нашиот живот повеќе нема никаква смисла, се распаѓаме... Заради нашиот грев страдаат нашите ближни, заради нашиот грев страда и природата... Но, дали сме свесни за тоа?
Во Црквата има многу, навистина многу Свети Тајни преку кои се спасуваме. Света Тајна Крштение, Миропомазание, Света Евхаристија (во која се влеваат сите Свети Тајни), па покајание, исповед и т.н. Некои ги кажуваат како седум. Но, повеќе се, многу повеќе. Дури и едно Господи помулуј е голема света тајна за нас преку која Господ ни допушта да твориме, односно да градиме лична заедница и единство со Него.
Како да си дојдеме на себеси, како да се освестиме?
Сè дури не ја констатираме својата пропаст и не се покаеме, сè додека не се обратиме, не го промениме нашето мислење, и не донесеме одлука дека нема да правиме така како што до сега сме правеле (преумување, μετάνοια или покајание), не можеме да повикаме и да кажеме: Боже, биди милостив спрема мене грешниот и помилуј ме, како митникот (Лука 18, 13). Не можеме да кажеме: Оче, згрешив против небото и пред Тебе, како што тоа го направи блудниот син (Лука 15, 11-32), ниту како двајцата слепи кои повикаа: помилуј нè, Исусе, сине Давидов (Матеј 9, 27), не можеме да кажеме: Му згрешив на Господ, како што кажа светиот цар Давид (2 Цар. 11; 12, 1-25) ниту: помилуј ме, Боже, според Твојата голема милост... (Пс. 50). И многу, многу  други примери од неисцрпниот благодатен извор. 
Значи, без вистинско покајание нема вистинска исповед т.е. секогаш кога се каеме спремни сме и да го исповедаме она заради што сме паднале (иако може и прво да го исповедаме гревот, па дури потоа, поттикнати од благодатта на Светата Тајна исповед да се покаеме). Затоа светите Отци велат дека овие Свети Тајни покајание и исповед се двоедна Света Тајна, неразделни една од друга.
А веднаш после оваа двоедна Света Тајна следи простувањето, согласно нашето покајание.
Пример, кога блудниот син дојде на себеси (Лука 15, 17), тргна кон домот на својот Отец (покајание). Ја призна својата грешка - Оче, згрешив против небото и пред Тебе (Лука 15, 21) (исповед). Но, уште пред да почне синот да зборува, и кога беше уште далеку, го виде таткото негов... потрча, го прегрна и го целива (Лука 15, 20) (простување).
За мене најинтересниот, најубавиот момент... невообичаен.
А на крајот Отецот им наредува на слугите: дотерајте и заколете угоено теле, па да јадеме и да се веселиме (Лука 15, 23), (евхаристиската трпеза, Причестување). А Господ ни вели: Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден (Јован 6, 54).
Ете, спасение во неколку чекори.
Заради ова ни е потребен оптимизмот, а не очајување. Бидејќи сите сме грешни, а само Еден е свет. Всушност таква е Црквата наша, не собор на светители, туку мноштво на грешници кои се каат, грешници кои се свретеле кон Бог и се насочиле кон Него, а во таа насоченост ни се отвора и осветлува тајната на покајанието, без кое спасението е невозможно (свети Ефрем Сирин). Да ги погледнеме житијата на Светиите отворено: на преподобна Марија Египетска (14/04), преподобен Нифонт Епископ Кипарски (5/01), свети Силуан Атонски (24/09)... сите кој од кој по грешни. Но, не престанале да се каат до последното нивно издивнување, и Господ ги украси со светителски венец. Само заради покајанието, заради морето од солзи...
Значи, Отецот Небесен простува веднаш, по донесената наша одлука за промена на досегашниот начин на живеење, но ни дава не само простување, туку и награда, живот вечен.
Каков родителски однос?!
Родители! Ваков да ни биде односот со нашите деца. Будно да го следиме секој нивен чекор, а кога ќе згрешат да им простиме. Бидејќи нивните гревови се отсјај на нашите, па најпрво ние да се покаеме и да се помолиме Господ нам да ни прости, а таквиот богоугоден начин на живот да биде пример не само за нашите деца, туку и за сите кои нè опкружуваат.
А кога ќе бидат следните анкети од овој тип, нашата младина и нашата држава да биде пример за целиот Балкан и пошироко. И потоа да нè познаат дека пред сè сме христијани, па Македонци.
Господи Исусе Христе, помилуј нè!

Premin57.jpg

Извор: ПРЕМИН 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5839
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6649
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6448
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5633
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная