логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


o.Kliment1b.jpg

Веронауката не е научна дисциплина, туку духовна вредност со која се изразува љубовта на верниците кон Бога, а оттаму се наметнува прашањето колку со неа ќе се приближиме, односно ќе ја осознаеме суштината на работите?

Можеби ќе Ви звучи чудно, но мислам дека во училишниот амбиент „научниот атеизам" повеќе ја загрозува науката, отколку верата. „Па што, ако некои не поверувале? Зар нивното неверување ќе ја уништи Божјата вера? Никако!" (Рим. 3, 3-4)
Воведувањето на веронаука во македонските училишта ќе го интензивира започнатиот процес на дијалог меѓу науката и верата, кој по две години пауза, според најавите, ќе продолжи во основното образование. Фактот дека училиштето во Македонија треба да се ослободи од притаените и софистицирани притисоци на атеизмот, кој станал своевидна религија, е голем предизвик за современото општеството кое се профилира според ЕУ стандардите.
Образовниот систем не смее да биде узурпиран од никого, а најмалку од некој кој својот тврд став го смета за неприкосновен, и кој го отфрла дијалогот за кој ние како Црква сме подготвени. Обврска на сите нас, во Република Македонија, е да ја препознаеме убавината на слободата и вистинската смисла на одговорност во животот и во верата.
Веронауката секако дека ја открива онтологијата и се допира до оние суштински начела во животот на човекот. Новите видици и перспективи во таа насока допрва доаѓаат.

Како  ова  прашање  се  решава  во  другите земји, особено во православните земји?

Состојбите во земјите од некогашниот социјалистички блок, меѓусебно се разликуваат во зависност од демократските процеси кај нив. Во Романија, уште од Револуцијата во 1990 година, државата ја врати веронауката во образовниот систем која пос-тоела и пред Втората светска војна, и тоа го оправдува со две главни причини: најпрво да го обнови етосот на народот и да го покаже слободното изразување на верата. Руската православна црква, во 1994 година, со воведувањето на верската настава во државните училишта, формираше Комисија за координирање на веронауката во училишните и вон училишните програми. Во неа е предвидено и атестирање на кандидатите за вероучители.
Во Чешката република е воведен предметот религиозно воспитание во сите државни училишта и се изучува главно христијанската католичка традиција, но се добива извесно знаење и за светските религии. Од 1997 година, во соседна Бутарија вероучението е воведено како изборен предмет. Во Србија и Црна Гора, со указ на премиерот Зоран Гинѓиќ, од 2000 година воведени се изборните предмети веронаука и граѓанска култура. Во Грција православниот катихизис се учи и во основното и во средното образование, а предметот е задолжителен за сите.
Албанија е единствена европска земја во која во никаква форма нема веронаука. Нејзиниот пример ќе беше осамен ако во нејзино друштво не беше и нашата земја.

Пред речиси три години ова прашање беше потегнато со цел веронауката факултативно да биде воведена во образовниот систем, но одредени политичари поради дневнополитички потреби го отстранија од земните врати. Дали за овој период можеше да се направи куса анализа за придонесот на веронауката?

Веронауката кај нас се вклучи во наставната програма само во текот на една учебна година (2002/03), и тоа во трето одделение. Предметот беше факултативен и беше застапен со еден час неделно. Околу триесет вероучители беа вклучени во наставата, а нивниот отворен однос придонесе веронауката да има одличен прием кај младите ученици, но и кај нивните семејства кои претходно го одобрија изборот на предметот.
Голем дел од содржините беа со широки творечки можности, од типот сликање икони, цркви и манастири, пишување литературни творби на празнични теми; а на еколошките активности, како на пример чистењето на училишниот двор, им се даваше духовно значење на грижа и правилен однос кон Божјото создание. Најпосле, некои од учениците, на црковните служби на Божик и Велигден, во литургискиот простор, непосредно се запознаваа со значењето и убавината на православното предание. Нашето скромно искуство бележи примери на отворена несимпатија на дел од директорите во училиштата, кои не дозволија да се прават списоци на ученици кои сакаа да учат за Бога. Но, како и да е, сега е веќе издиференциран ставот на нашата Црква за веронауката, која наместо факултативен треба да стане задолжителен изборен предмет.

Каква треба да биде веронауката и која е улогата на вероучителот?

Програмата одобрена од МПЦ ќе ја оформи целата содржина на предметот веронаука што ќе се предава во училиштата. Предметот веронаука не смее да биде пиетистички и да му создава морални проблеми на младиот човек. Според нас, веронауката треба да биде исповедање на верата и нејзино сведочење. Митрополитот Антониј Блум вели: „Ако Вие, додека говорите, чувствувате дека тоа што го зборувате го затоплува срцето, Вашето срце, тогаш, бидете сигурни, дека ги загрева и срцата на другите". Во Македонија таков тип на вероучители ни е потребен, бидејќи тие ќе ни бидат единствената гаранција дека училишната веронаука нема да се автономизира постанувајќи изолиран систем доволен сам за себе.

Дали сметате дека ова прашање нема да претставува пречка во наставниот процес туку процес кој мора темелно и етапно да се применува, бидејќи со него ќе се возобноват врските меѓу членовите на потесното македонско семејство?

Предавањето на религијата „во историски, философски и културен план" има само информативно, но не и воспитно значење за личноста. Ако прашањето на моралноста беше прашање на информираност, т.е., ако на некој сознавајќи се за доброто и лошото ќе му беше доволно дефинитивно да го препознае доброто и да се определи за него, а да го отфрли злото, тогаш овие учебни предмети, како историја на религиите или етика ќе беа кадри да ги исполнат ваквите барања. Но не е така.
Местото на веронауката во воспитно-образовниот процес е незаменливо затоа што таа го приведува човекот кон Изворот, Животот, Убавината, Правдината, Вистината, Љубовта - кон Бога. Убедени сме дека овој предмет во наставната програма ќе се проникне и надополни со сите останати предмети. Предметите македонски јазик и историја, се недоволни за младиот човек да стекне потполна претстава за сопствениот идентитет, бидејќи така сосема е исклучена духовната содржина. Севкупната македонска култура низ вековите, се до Втората светска војна, е одраз на христијанските духовни вредности. Многу од овие вредности и денес пулсираат во соборната свест на нашиот народ и достојно е да се всадат во младите детски души.
Нашите баби и дедовци учеа веронаука или закон Божји како што тие го нарекуваа. На нашите родители едноумието им ја одзема таа можност, а мојата генерација ја сподели нивната судбина. Затоа да сториме се што можеме за на нашите деца да не им се ускратува и понатаму живото слово на верата. Во спротивно ќе станеме продолжувачи на наследеното едноумие коешто долго го понижуваше образовниот систем обесправувајќи ги учениците и учителите.

фрагменти од интервјуто објавено во Македонско Сонце,
 бр. 558, 11 март 2005 година.
 
Литургиската свест наспрема политичката

Веќе неколку месеци во јавноста се актуелни случувањата на релација Македонска наспроти Српска православна црква. Кое е Вашето мислење за случувањата на тоа поле и што навистина се случува?

За жал, постојат недоразбирања во релациите меѓу двете сестрински Православни Цркви. Проблематичните пунктови околу кои не можеме меѓусебно да се разбереме се уставното име на нашата Црква и статусот на Македонската православна црква во семејството на помесните Православни Цркви. Српскиот патријарх Павле во Москва изјави дека името на нашата Црква е проблематично за нашите јужни соседи, а, пак автокефалниот статус на Македонската православна црква неприфатлив за Српската православна црква. Ако се обидеме со илустративен јазик да ја опишеме состојбата во којашто се наоѓа Македонската православна црква, тогаш ќе регистрираме удари од чеканот на Српската православна црква и повратен удар од наковалната на Грчката православна црква. Та кога прашувате што навистина се случува, по наше најдлабоко убедување Ви велиме дека се случуваат удари од нашите браќа по вера. Сите што сме го доживеале на свој грб, знаеме дека од најблискиот ударот боли најмногу. Образот на Удираниот, Исмеаниот, Распнатиот и Воскреснатиот Христос, за нас овде во Македонија е единствената утеха и надеж.

Што мислите Вие, ќе има ли отстапување од автокефалниот статус на Македонската православна црква и од нејзиното уставно име?

Не мислам дека по овие круцијални прашања ќе има отстапување од досегашниот официјален став на Светиот синод на Македонската православна црква, којшто неколку пати досега имавте можност да го чуете.

Во последно време некако се добива впечаток дека политиката е поприсутна во Црквата отколку што во неа ги има вистинските верници? За што луѓето да се молат во црква: за здравје, среќа, бериќет или, пак, за успешна политика?

Ваша е констатацијата за поголемата присутност на политиката отколку на верниците во Црквата. Можеби некое Ваше лично искуство Ве навело на ова, но таквиот став е дискутабилен. Вратите на нашите цркви и манастири се отворени, а нашите сводови доволно широки за сите што ја исповедаме верата во Троичниот Бог за да не соберат околу нашиот Епископ. Прашање е дали е така и во нашите срца. Апостолот Павле зборува за теснотијата во нив кога немаме љубов за другиот и кога не успеваме да бидеме конституент на Црквата, т.е. на самиот Христос. Па, затоа, кога Му се молиме на Бога, а не сме измирени со нашите ближни, треба прво да се измириме со нив, па дури потоа да се молиме. Ова е елементарната подготовка за молитва која многу често ја забораваме.

Имате ли некакви сознанија базирани на анкета колку верниците веруваат во Црквата? Дали редовно доаѓаат во Божјите храмови или тоа е само на најголемите христијански празници?

Не ми е познато дали се правени анкети од таков тип. Очигледно е дека секоја година расте желбата на народот, пред се на младината, да се запознае со православното предание за постот, за молитвата, за литургијата. Токму оваа литургиска свест на личноста е пресудна за нејзиното воцрковување. Иако овој процес кај секого е различен, или подо-бро речено личен, сепак се изразува во заедница, затоа што нашата вера не е апстрактна и имагинарна, туку реална и конкретна. Литургиската или евхаристцската заедница ја почитува личноста или, поточно кажано, и помага да стане личност. Нејзини составни елементи се љубовта и слободата. Токму преку овие принципи секој зазема свој став колку и кога ќе доаѓа во Црква.

Исламската верска заедница, па и католичката црква, редовно стојат зад верниците и нивните барања за овозможување на подобар живот. Застанува ли Македонската православна црква, како дед од народот, зад синдикалците, невработените и сиромашните?

Едностраното институционално поимање на Црквата во општеството не попречува да ја согледаме свештенотаинствената димензија на Црквата како народ Божји собран околу својот Епископ. Македонската православна црква е духовна мајка која своите духовни чеда ги гледа како личности, а не како стадежни и статусни одредници од социјален, економски, политички или биолошки карактер. Нејзината мисија во историјата не е да зазема страни, туку да го сведочи Христовото Евангелие. За разлика од политичката и социјалната слобода што се здобигза или стекнува, онтолошката слобода „да се биде личност" е дар на човекот од Бога и се усвојува во Црквата.

Можеби верниците не веруваат во Црквата и затоа што за секое нивно барање за услуга од свештениците се наплаќа голема сума пари. Зошто сето тоа не се прави без надомест за да се излезе во пресрет на оние на кои навистина им треба враќање на вербата во Бога?

Вака  сроченото  прашање  сигурно  е резултат  од некои сондирани мислења кои Ве навеле на изречената констатација. Но, дуалистичката форма на израз, дека верниците не веруваат во  Црквата,  во случајов е апсурдна. Верниците се Црква затоа што да се биде Црква значи да се биде Тело Христово, а сите одделно членови. И затоа не може раката да го вади окото и петата да го замени умот. Вашите сугестии во однос на реформата за надомест треба да се земат за добронамерни, особено што ги ставате во контекст на враќање на вербата во Бога. Но, останува и древната вистина дека оној кој работи за олтарот треба да се храни од олтарот.

Дејстувате како монах во манастир, а сега сте Епископ. Што мислите за монаштвото кај нас, затоа што во последно време е се по актуелно?

Монаштвото секогаш било актуелно и во секоја ис-ториска епоха било авангарда. Во деветтиот век, кога требало да се преведат свештените книги, светите монаси Кирил и Методиј создале азбука и образец како да се преведува.  Нивните ученици светите Климент и Наум, го продолжиле просветителското и свештеното дело на своите учители. Два века подоцна, во планините на северна Македонија, наученото од преведените книги и од теоријата го спровеле во пракса светите монаси Прохор, Гаврил, Јоаким и Јован. Во Македонија повеќето од преродбениците беа монаси кои пишуваа и печатеа духовни и поучни книги за народот, како Кирил, Јоаким, Теодосиј, Партенј.
Денес монахот ро современото македонско општество има не помалку важна улога од овие спомнати светли ликови. Христоцентричен и богозаљубен, актуелниот монах во Македонија низ својот личен живот и подвиг треба да го актуелизира и сведочи „Царството што не е од овој свет". Иако пребива во светот, погледнат со очите на другиот тој треба да биде доживеан како да не е од овој свет. Ако во ова секуларизирано општество ја посведочи ваквата антиномија, тој ќе успее да ја реализира својата мисша.

И за крај, која е Вашата порака до православните христијани? За што Вие ќе се молите на денот на Христовото воскресение?

Воскресението е порака на слободата, бидејќи смртта е корен на нашето ропство. Во воскресната песна пееме „со смртта смртта ја победи". За нас православните христијани ова не е поезија, туку вистина. Сета наша служба, сета наша теологија е фокусирана на оваа победа над смртта што ја извојува Распнатиот и Воскреснатиот Христос. Ако бидеме внимателни додека Му се молиме, ќе почувствуваме дека не повикува оваа победа над смртта да ја споделиме со Него. Со личниот опит на нашата лична бесмртност се е полесно, па дури и нашата лична биолошка смрт. Само со светлината на велигденското утро таа за нас ќе биде „минливост", „пасха" или „премин" во вистинската смисла на зборот.
Христос воскресна! Навистина воскресна!

фрагменти од интервјуто објавено во Нова Македонија,
 Велигденски број, 30 април 2005 година.

 


 Извор:

o.Kliment1b.jpg

+ КЛИМЕНТ ХЕРАКЛЕЈСКИ

„ФРАГМЕНТИ“

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6401
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная