логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Vecerna.Ksenija.jpg

10. АВА ПАМВО

На Нитриската Гора живееше и блажениот Памво. учител на епископот Диоскор, на браќата Амониј, Евсевиј и Евтимиј, и на Ориген, роднината на Драконт, човек прекрасен и славен. Памво имаше многу, многубројни и различни добродетели и превосходства, но меѓу неговите големи добродетели особено се истакнуваше оваа добродетел: големиот презир кон златото и среброто, каков што бара Господовото слово. Блажената Меланија ми раскажуваше: "Наскоро по моето доаѓање од Рим во Александрија, откако чув од блажениот презвитер Исидор гостопримачот за добродетелниот живот на Памво, јас тргнав кај него во пустината со Исидор, и му однесов едно ковчеже со седумдесет и пет оки сребро, и го замолив да го прими овој мој имот. А тој, седејќи и плетејќи палмови гранчиња, ме благослови само со збор, и рече: "Бог нека те награди". Потоа му рече на својот ученик Ориген: "Земи го ова и распредели го на браќата, кои живеат во Либија и по островите, оти тие манастири се посиромашни од другите". И му нареди, на браќата во Египет да не им дава од тие пари, бидејќи нивната земја е поплодна од другите. Јас, пак - раска-жуваше Меланија - стоев и чекав да ме удостои со благослов, или барем да каже некој пофален збор за ваквиот дар, но откако не чув ништо од него, јас му реков: "Треба да знаеш, господине, оти овде има седумдесет и пет оки сребро". Тој ни по тоа не ја крена главата, туку ми одговори, не погледнувајќи ниту во ковчежето: "Чедо, Оној, Кому Му го донесе тоа, нема потреба да Му кажуваш колку тежи, бидејќи тоа горе Он го мерел и ја поставил мерката, и уште многу порано Он ја знае тежината на ова сребро. Да ми го даваше мене, ќе беше добро да ми ја кажеш и количината, но ако го донесе на Бога, Кој не ги отфрли ниту двете лепти, туку ги оцени поскапо од сите останати дарови, тогаш молчи и биди спокојна". Така дејствуваше благодатта Господова - велеше блажена Меланија - кога јас дојдов на оваа Гора. Наскоро потоа се упокои овој Божји човек, без боледување и без да страда телесно. Тој плетел кошница и испратил од монасите по мене, да ме повикаат. И кога го исплете и последното гранче, тој ми рече: "Земи ја оваа кошничка од моиве раце, како спомен од мене, оти немам ништо друго да ти оставам". Тој почина без болест, предавајќи го својот дух на Господа во својата седумдесетта година. Откако го обвиткав телото на светителот со тенко платно и го ставив во гроб, јас ја напуштив пустината; а кошничката ќе ја чувам се до мојата смрт".
Кажуваа дека Памво на својот смртен час, на презвитерот Ориген и економот Амониј, луѓе бележити, кои стоеле крај неговиот одар, им рекол: "Откако сум дојден на ова место во пустината и ја изѕидав оваа ќелија населувајќи се во неа, јас немам пропуштено ниту еден ден, а да не работам со своите раце, ниту, пак, паметам дека некогаш сум јадел леб бадијала, ниту подарен од некој друг. Не се кајам ниту за еден збор, кој досега сум го изговорил. И така јас заминувам при Бога, како се уште да не сум почнал да Му служам".
Слугите Христови, Ориген и Амониј, ни сведочеа и ова ни го кажаа за ава Памво: "Кога го прашуваа за нешто од Светото писмо, или за нешто друго, тој никогаш не даваше веднаш одговор, велејќи дека се уште нема најдено одговор. Често пати поминуваа и по три месеци, а тој се уште не даваше одговор, велејќи дека се уште не знае што да одговори. Тој поради страв Божји беше многу внимателен во своите одговори, така што неговите одговори ги примаа со голема стравопочит, како одговори на Самиот Бог. Со оваа добродетел, односно прецизноста во словото, раскажуваа дека ги надминуваше сите светители, па дури и Антониј Велики".

 

 

Издавач:

ЃаконијА

Скопје, 2002

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел

Преведе: ѓакон Игор Никовски

vozdvizenie.jpg

 

Паладиј, Епископ Еленополски- Лавсаик (6)

 Премин Портал - Паладиј, Епископ Еленополски - Лавсаик (9)

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 772
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1050
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 997
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »