логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 ДЕЛ ЧЕТВРТИ

(Продолжение)

3. ПЛОДОВИТЕ ОД ПОБЕДЕНО СЕБЕЉУБИЕ. -

Природно е од родител да се чуе: „Јас веќе не живеам за себе, туку - за децата мои!" Природно е затоа, што така е одредено од Бога. Голема е одговорноста на оние родители, кои поинаку мислат.
Она што е добриот родител за своите рожби, тоа бил Владиката Јован за својата паства. Тој сите ги имал за „свои" и затоа во секое време бил готов да поднесе жртва за нив. Негови добри познавачи тврдат дека овој Архијереј немал свој живот, а живеел само за доброто на ближните (за него сите луѓе биле негови ближни!).
Како строг и истраен подвижник, со своите доброволни самооткажувања, тој успеал да ги сведе до минимум личните потреби. Па така, победувајќи се себеси (своето себељубие!), Архиепископ Јован се израмнил со оние подвижници од древноста, кои уште на земјава живееле за небото. Навистина, борба тешка издржал, но победа слатка доживувал, што не секој може да ја доживее. Зошто? Затоа што искушенијата се големи, па тие не ретко доаѓаат и од оние, за кои добронамерните некористољубиво се погрижиле или подолгорочно се грижеле за нив. Сепак, оваа честа појава во ова наше време на безверие, не го поколебала Владиката Јован и тој останал доследен на својата определба да служи на Светата Христова Црква и да помага на сите што ќе ја побараат неговата помош.
Познато е како поминувал еден негов работен ден: По излегувањето од храмот, задолжително посетувал болни во болница или по домови. Потоа се прибирал во своето живеалиште за вршење службени работи; ова се повторувало секој делничен ден.
Во неделните дни и во празничните денови, тој откажувал секаква друга работа, освен што посетувал болни или помагал на страдалници од друга природа. Длабоко доживувајќи ги туѓите страдања, тој никому не откажувал помош.
---------------
Покрај болните, Архиепископ Јован пожртвувано се трудел да помогне на оние, кои, по една или друга причина, дошле во безизлезна положба и не биле со состојба сами да најдат излез, па очекувале дру-гите да им помогнат.
Во таква тешка положба се нашле група сестри од Светата Земја. Овие, поради арапско-еврејската војна, биле принудени да го напуштат манастирот, не знаејќи што ги очекува понатаму. Тие со молба се обратиле до Поглаварот на Руската Задгранична Црква, Митрополит Анастасиј, да им помогне да бидат преселени во Америка. Во одговорот на Митрополитот било истакнато дека влезна виза за САД многу се чека, па нагласил дека Архиепископ Јован е назначен и оди во Европа. „Ве препорачувам вас кај него; тој нема никогаш да ве изостави!" - се вели на крајот од препораката. Поглаварот Анастасиј добро го познавал Владиката Јован и затоа со таква сигурност тврдел дека сестрите најдобро ќе бидат прифатени од него.
Па така, по благослов на Архиепископ Јован, овие сестри се доселиле во Франција и две години живееле во Лесненскиот манастир, чекајќи виза за во Америка. Времето минувало, а визата не била добиена. Тогаш неуморниот Архиепископ се ангажирал и успеал да издејствува влез на групата монахињи во Англија. Родителски загрижен за овие бездомни души, по негова иницијатива, бил основан во Лондон прв Руски Православен женски манастир, во чест на празникот „Свето Благовештение".
Кога сестрите се селеле од Лесненскиот манастир, на разделбата Архиепископот им рекол: „Вие ќе бидете во голем град, но живејте, како да сте во пуо тиња!"
---------------
Во годините по Војната православното свеш-тенство во Париз живеело многу бедно. Црквите -сиромашни, приходи - сосем слаби, а други извори за економска помош - немало. Сожалив по срце, Архиепископ Јован болно ја доживувал оваа безизлезна положба на неговото духовништво. Најмногу сочувствувал и ги жалел младите свештенослужители, кои допрва подигале семејно поколение.
Покрај многуте посетители, еднаш му дошол во посета еден 26-годишен свештеник. Му се нажалило срцето кога го видел бедно облечен. Станал, земал мантија и му ја понудил, велејќи: „Пробај ја дали одговара за тебе." Не очекувајќи го ова, младиот се збунил; но, знаел дека треба да послуша, ја прифатил мантијата, ја облекол и стоел вкочанет, очекувајќи што ќе биде понатаму. Тогаш Владиката клекнал на колена, за да провери дали должината одговара на новиот сопственик.
На постари свои години, овој настан го соопштува истото лице, кое го доживеало (настанот), па на крајот ќе заврши со извик: „О, какво смирение!"
Заедничките молитви во храмот, како и посебните - било каде, па и добрините што ги правел, се заедно тоа ја хранело неговата душа и го одржувало животот на овој Архијереј - подвижник. За телото не се грижел многу: јадел еднаш во текот на 24 часа и тоа навечер, а за облека - се задоволувал со тоа што ќе се „најде". (Откако станал Епископ, оваа практика продолжувала през целиот негов живот, без исклучок!).
Оние од неговата најблиска околина свикнувале со овој негов начин на живеење и брзо се помирувале со тоа. Тие, пак, што поретко го виѓавале, различен суд донесувале, посебно за неговиот надворешен изглед. Имало добронамерни, кои го сожалувале; други, не знаејќи за подвижништво, се срамеле од него; најпосле, не ретки биле оние парижани, на кои одбивно делувала Владиковата запуштеност. (За разлика од Истокот, на Запад многу повеќе се полагало и се полага на надворешниот изглед, со што се поврзувал угледот и авторитетот на значајните личности!).
---------------
Кога Протојереј Валериј Лукјанов го посетил во Париз Архиепископ Јована, жална слика видел пред себе, па по тој повод пишува: „Јадниот старец (предвреме остарел!), без обувки, со искинат подрасник и разбушавен во косата - покажуваше трогателен лик на смирение и простота"... Таков го заварил во собата и го сожалил...
Монахињата Ана, сестра од Лесненскиот манастир, приведува пример за една болна, по име Александра Лаврентиева, која лежела во една париска болница. Во собата со неа биле уште неколку Французинки од римокатоличка вероисповед.
Болната Александра побарала да го викнат Владиката Јован, за да ја причести. Кога дошол Архијерејот, таа се збунила и се засрамила пред другите болеснички, што нивниот (православниот) Владика доаѓа облечен во сосем изветвена мантија и бос. Нејзината збунетост ја забележала болната, која лежела до неа, па откако заминал Архијерејот, й рекла на Александра: „Колку сте среќни што имате таков духовен раководител! Мојата сестра, која живее во негово соседство, кога ќе й се разболат децата, ги изведува на улица и на поминување го моли Владикава да ги благослови и тие веднаш оздравуваат. Ние го именуваме - светец".
Понатаму, продолжува сестрата Ана дека еден римокатолички свештеник, кој посетувал болни во Версај, често доаѓал кај Архиепископот Јована и го молел да се помоли за некого или да посети некој болен од неговата римокатоличка паства. Цврсто верувал дека молитвите на Блажениот Јован ќе им донесат исцеление. Секогаш така и станувало.
Протопрезвитер М. Зноско-Боровски имал разговор со Д. Н. Фетченко и овој му кажал еден случај од животот на Владиката Јован во Париз. „Чуден впечаток, почнал Фетченко, предизвикува вашиот Владика Јован. Со својата надворешност тој мнозина одбива од себе, но едно е несомнено за него - тој е човек Божји, подвижник и голем молитвеник"... Во една париска болница, неподвижна, со неизлечива болест лежела руска жена. Лекарите, ублажувајќи й ги физичките страдања, се помириле со мислата за нејзината смрт, а и болничните сестри го очекувале нејзиниот крај.
Во вечерните часови спроти последната нејзина ноќ (на болната), како што мислеле болничните сестри, Владиката Јован влегол во салата, каде што лежела таа што умирала. Самиот дошол, не по нечија молба, и застанал покрај нејзината постела. Долго се молел, стоејќи покрај нејзиното легло „чудниот руски свештеник" кажувале отпосле сестрите.
Околу полноќ болната станала од постела и ја побарала својата облека, сакајќи да ги напушти болничните ѕидови. Вчудовидени сестрата и чуварката на болнатата таа не била во состојба да се поткрене, а ете сега бодро станала и се упатила кон нив - па тие го повикале лекарот. По прегледот на болната, лекарите признале дека таа е сосем здрава и по испитувањето се разјаснило дека кај неа „дошол некој во црно, й рекол дека таа е здрава и може да си оди дома". Болната не кажала име на „посетителот во црно", кој й рекол да стане и да си оди дома; но на лекарите не им било тешко да установат дека тоа бил Владиката Јован.
Секако, тие имале и други, слични на ова доживување со него!

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (6)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (5)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (4)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (3)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (2)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (1)

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 979
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »