логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 ДЕЛ ЧЕТВРТИ

(Продолжение)

2. НЕГОВИТЕ ГРИЖИ ЗА РЕДОВНИ БОГОСЛУЖБИ. - Со доаѓањето во Париз, Архиепископ Јован ги заварил емигрантите - Руси без свој храм во градот. Богослужбите за нив се извршувале во простории, приспособени за таа намена.
Прва негова задача била (што самиот си ја поставил!), да се реши проблемот со храмот. За оваа цел била формирана група од доброволци, кои ќе се погрижат да се најде поширок простор за храм. Забележливо било дека од празник до празник бројот на учесниците на заедничките молитви станувал се поголем и поголем.
Намерата им била добра и неодложна, ама можностите - сосем мали. Сепак, надеж постоела и кај Владиката и кај верниците. Верно, средствата, со кои во моментот располагала Заедницата, биле скромни, но упорноста не ги напуштала.
Животот ја потврдува вистината дека секој добронамерен потфат не останува нерешен, ако тој се решава со вера и надеж во Бога! Еве и во овие и вакви прилики, по молитвите на Архиепископ Јован - од една страна и сесрдното залагање на групата -доброволци - од друга, за релативно кратко време биле пронајдени две празни гаражи, изградени едно-додруго. Со заеднички напори, гаражите биле споени и реновирани, па по тој начин бил добиен поширок простор за одржување Свети Богослужби.

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

 

 

Отпосле, според изјавите на повеќе верници, овој нивни храм бил „скромен и сиромашен", но тие го засакале, зашто во него провејувал „вистински молитвен дух". На ова, една верничка ќе додаде: „Со нашиот драг Владика лесно е да се молиш!"
Црковниот ред строго се почитувал и неизоо тавно секој ден се богослужело. Голем недостаток имале, што тешко се наоѓале редовни црковни певци. Во првото време, на певница помагал само еден певец, но тоа било недоволно и заморно.
Во врска со ова, за одбележување е еден характеристичен настан: на Страсната седмица (непосредно пред Велигден!) - богослужбите долги, па во еден момент читајќи, певецот умислено изоставил еден дел да прочита, надевајќи се дека тоа нема да се забележи. Владиката ова го забележал и го запрел (певецот), па самиот го изговорил пропуштеното, без да има книга пред себе.
Во поглед на редот во храмот, тој бил строг и барал точност и внимателност. Неодговорното однесување било туѓо за него. Она што е свето, велел, не смее да се оскверни со ништо, а најмалку - од невни¬мание. Овој свој став Владиката го потврдувал со личен пример, така што и оние, кои дотогаш биле свикнати на друг ред, гледајќи го него, почнале сознателно да се коригираат. На пример, тој заварил една не ретка појава некои свештеници да разговараат во Олтарот, но отпосле оваа грешка била сосем изоставена; особено никој не ја повторувал во негово присуство. Па и оние што помагале во храмот, во многу нешто го измениле своето однесување. Исклучоци имало, но тие биле ретки.
Архиепископ Јован барал и од верниците да се почитува наследената црковна практика. Имено, пристојно да се стои и да не се разговара во храмот; нафора да примаат само оние, кои пред Светата служба ништо не вкусиле; а на жени со нацрвени усни не дозволувал да целиваат крст и икони и т.н.
Покрај сите настојувања, сепак се поткраднувале помали или поголеми грешки било кај свештенослужителите било кај верниците. Во тој случај, Архиепископ Јован на лице место укажувал на грешките, но без и најмала доза на злоба. Неговите добри познавачи тврдат дека него никој никогаш не го видел гневен. Благата негова насмевка била потврда дека и кога ги правел забелешките, намерата му била да поправи, а не да навреди. Таа негова блага насмевка повеќе делувала, отколку зборовите, па затоа успевал во своите добри намери.
Како Архијереј, иако имал власт, тој никогаш не се поставувал во улога на судија спрема било кого. Држејќи се строго до евангелската порака, не судел и не осудувал никого, а најмалку во отсуство на оние, кои погрешиле во нешто. Во оваа смисла, Е. Черткова приведува поучен пример. Имено, Владиката Јован бил отсутен, а постојан свештеник немале во храмот, па поканиле друг да служи бдение. Од непознати причини за верниците, свештеникот служел, но многу скратил од службата. Отпосле, група верници, револтирани од случајот, решиле и отишле да се жалат кај Архиепископот. Откако ги ислушал, се насмевнал и им рекол: „Ну, вам никако да ви се угоди! Јас служам премногу долго, а овој - премногу кратко!" (Навистина, имало приговор од некои верници за долгите Владикови богослужби, па и тој бил принуден да биде пократок). Тужителите, меѓу кои била и Е. Черткова, се засрамиле од смелоста да осудуваат свештено лице, па на крајот самата изведува заклучок, велејќи: „О, колку е страшно осудувањето воопшто, а посебно - духовни лица! Владиката, пак, така мило и смирено (кротко) ни ја предаде оваа лекција!"

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (6)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (5)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (4)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (3)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (2)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (1)

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1545
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 980
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »