логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 vozdvizenie.jpg

Јеромонах Јован во 1934 година
 (фотографија со посвета на авторот)

ДЕЛ ВТОРИ

(Продолжение)

4. НЕГОВИТЕ СВЕТИ БОГОСЛУЖБИ. Кога имаше можност, отец Јован неизоставно служеше Света Литургија, без обѕир дали е празничен или делничен ден. Со мали исклучоци, најчесто богослужеше во Рускиот храм, потоа во метохот „Свети Наум" и во храмот „Свето Благовештение".
Покрај црковнословенскиот, тој вршеше служба и на грчки јазик, зашто имаше верници, кои го разбираа и грчкиот. За кратко време, тој толку се зближи со верниците, како да живеел со нив долги години. Отпосле, признавал пред верници од други народности дека битолчани биле многу набожни, дека живееле со вера и почитувале традиција, па како такви тој многу ги почитувал и ги сакал, а и тие него. Исто така, пред други признавал дека народот од оваа средина влијаел за затврдување на неговата вера во Господа Христа.
Пред почетокот на Велигденскиот пост, уште во ппдготвителните недели. о. Јован пројавуваше посебна радост. По кажување на постарите наши колеги, на часовите по Литургика тој го носел Посниот триод, истакнувајќи го велелепието на великопосните Богослужби во православните храмови. Навистина, во овој временски период од црковната година, секоја православна душа доживува исклучителна духовна радост, а кај отец-Јована радоста почнуваше од самиот почеток на Велигденскиот пост и беше толку изразита, што нам ни беше необјасниво тоа; едвај ли ние слично нешто доживувавме пред прагот на празникот Воскресение Христово.
Сме слушале од нашите постари колеги дека за нив незаборавни биле бденијата, што ги одржувал о. Јован во манастирот „Свети Христифор" (во близината на гр. Битола). Ноќта спроти храмовиот празник (9-ти мај ст. стил), група ученицидоброволци, раководени од отец-Јована, учествувале на овие бденија, кои почнувале во вечерните часови, а завршувале при изгрев на сонцето во наредниот ден. „Духовно нахранети, кажува еден од учесниците, ние не чувс¬твувавме замор. Обратно, излегувајќи од храмот, сите со голема радост го дочекувавме изгревот на мајското сонце".
По мала пауза, почнувала централната служба  Светата Литургија. И за време на службата, а и отпосле, лицето на отец-Јована сјаело од радост, како некој да му соопштил најмила за него  вест; со ова завршува расказот на учесникот.
5. БОЛНИТЕ САКААТ ПОСЕТИ. - Во времето на отец-Јована, во Интернатот бевме (богослови и гимназисти!) над 250 ученици. Имајќи го предвид овој не мал број, неодминлива појава беше се некој од нас да е и потешко болен. Па така, тешко болните беа испраќани во Градската Болница, која се наоѓаше во непосредна близина на Богословијата.
Навистина, болните љубат посетување, зашто тоа е утеха за нив. Затоа и Господ Исус Христос оваа должност ја истакнува, покрај другите пет христијански должности, од чие доследно исполнување зависи дали христијанската душа ќе се најде од десната страна на Праведниот Судија во последниот Божји Суд. (Матеј 25,35-36).
Отец Јован, покрај многуте други свои дожности, доброволно ја беше прифатил и оваа обврска: секој ден да посетува болни, а како наоѓаше време и за вакво едностојно задолжение, само тој знаеше!
Посетите на отец-Јована во Болницата предизвикуваа радост кај болните, а радоста благотворно влијае на секој унесреќен. Како редовен посетител, него го очекуваа не само болните ученици, туку и другите болесници. Сведоци сме дека кај потешкоболните подолго време се задржуваше, а на некои од нив и молитви им читаше (веројатно по нивно барање!).
Самиот осведочен во чудотворната моќ на Свети Наум Охридски, отец Јован со иконата на овој светител читаше и се молеше над тешко болни не само во Болницата, туку и по домовите, каде што ќе го повикаа. (Од оваа икона тој не се разделил ни на смртниот свој час! Според житието од Јеромонах Серафим (Роуз) и Игумен Герман (Подмошенски) за Свети Јован Шангајски, нашиот о. Јован (тогаш Ар-хиепископ!), пред да тргне од Сан Франциско во Сиетл (Ѕеаtl) (каде што умрел!), од својата домашна црква ги земал со себе иконите на Преподобни Наум (Охридски) и на Свети Јован Крстител. Без да ја знаат причината за ова, животописците само истакнуваат дека Архиепископ Јован се упокоил во Господа спроти празникот - Свети Наум (19-ти јуни, ст. стил) а бил погребан на празникот - Раѓање на Св. Јован Крстител (24-ти јуни, ст. стил). Сепак, ова има некое значење!).
--------------
Покрај дневните посети на болни, отец Јован секоја ноќ ги посетуваше и нашите спални. Во полноќните часови тој доаѓаше во спалните, па уште од врата со крстен знак ќе благословеше и потоа ќе минеше по средината на собата. Ако некому се отскриени нозете или грбот, тој внимателно ќе го покриеше; ако некој е на работ од креветот, ќе го понаместеше и сл. Во текот на неколкуте години, поминати со него во Интернатот, секој ученик ја сетил неговата родителска грижа за нас.
--------------
Откако ќе ги посетеше сите спални, отец Јован редовно ја посетуваше и Училишната амбуланта.
Ако некој од неговите воспитаници должи благодарност за овие негови посети во доцните ноќни часови, тоа тие најмногу мене ме обврзуваат. Еве зошто: Есента, во 1933 година, како последица од силна маларија, ми беше фатен 'рбетот, така што не можев да се движам. Од првиот училишен ден, па до крајот на полугодието, бев принуден да лежам во кревет. Добрите мои пријатели, Милосав Љ. Поповиќ, Вукота Кандиќ и др. преку денот ќе најдеа слободно време и редовно ме посетуваа; тие ми носеа нивни белешки, за да ја следам наставата, а и ме обавестуваа за се што станува во класот; ова мене многу ми користеше и ја олеснуваше донекаде мојата незавидна душевна состојба.
Сепак, најмногу ми користеа и утешно делуваа на мене ноќните посети на отец-Јована.
Нешто од деноноќното лежење, а повеќе од силните болки, при посетата тој често ќе ме завареше буден. Зада не се разбудат другите болни, внимателно ќе се доближеше до мојот кревет и ќе седнеше на крајот од креветот. Прво ќе прашаше: Како ми е? По мала пауза, ќе почнеше да ми зборува тивко. Најчесто приведуваше примери од животот и секогаш имаше нешто ново да каже; никогаш не се повторуваше.
Бидејќи родителите ми беа умрени, тогаш ако сум сетил родителска грижа и нежност во мојата момчешка возраст, тоа се должи на мојата тетка, која ја замени мајка ми и на нашиот мил отец Јован, кој во духовен поглед беше замена на родениот ми татко. Последниве зборови посебно Ги истакнувам во знак на признателност и благодарност кон сите спомнати за нивните добрини.

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 976
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »