Неговата Светост, Патријархот на Ерусалим, Теофилус III (роден како Илијас Јанопулос во 1952) е сегашен Патријарх на Православната Црква на Ерусалим.
Теофил (исто Теофилос) беше избран како 141 примат на Православната Црква на Ерусалим на 22 Август 2005. Теофил, кој претходно ја носеше титулата Архиепископ на Тавор, беше едногласно избран од Ерусалимскиот Синод да го замени претходникот - Иринеј I. Неговата титула стана: „Патријарх на Светиот Град на Ерусалим и цела Палестина, Сирија, зад реката Јордан, Кана Галилејска и Светиот Зион“.

Се смета дека Теофил е сеуште наклонет кон неговиот претходник, и тој факт може да му помогне во стабилизирање на Патријархатот соочен со доста проблеми. Оваа наклонетост може да доведе до зближување на Синодот со поддржувачите на претходникот –Иринеј.


По изборот Теофил изјави: Во последните неколку месеци имавме многу проблеми, но со Божја помош ќе ги надминеме“.



Теофил потекнува од Месина, Грција. Во 1964 година тој заминува за Ерусалим и служи како архиѓакон за тогашниот Патријарх Бенедикт I. Од 1991 до 1996 тој е свештеник во Кана во Галилеја, каде што претежно живеат Израелски Арапи. Таму тој ја формира групата  Нур ал Масих (Светло Христово), кое ја шири Православната Христијанска вера низ целиот регион.
Во 1996, Теофил беше еден од свештениците кој после долги векови навлегоа во затвореното Вахабијско Исламско општество на Катар, област која историски припаѓа на Православната Црква на Ерусалим и каде многу Палестински мигранти работат и живеат денес. Голем број од нив се Православни Христијани. Од тука, Теофил служи како Егзарх на Светиот Гроб во Катар. Од 2000 до 2003, тој беше пратеник во Московскиот Патријархат.
Критичарите на Теофил, тврдат дека тој бил миленик на Израел и поврзаност со Американски функционери, како што е бившиот шеф на ЦИА Џорџ Тенет, со кој многупати се има среќавано преку грчкото лоби во САД. Исто се тврди дека и Американската државна секретарка Кондолиза Рајс има одржано состанок со Теофил на нејзино барање за време на една од нејзините скорешни  посети на Израел. Исто така е забележано дека тој, како Супериор на Светиот Гроб, скоро и да не им ги покажува Светите места на овие високи гости. Сосема спротивно постапил за време на посетата на Путин и некои други високодостојници.

Пред да стане Патријарх, Теофил кратко служел и како Архиепископ на Тавор. На ова место бил ракоположен од тохашниот Патријарх Иринеј во Фебруари 2005.
Теофил студирал Теологија на Атинскиот Универзитет и заминал да докторира во Лондон. Покрај својот грчки јазик, зборува англиски и арапски јазик.
Неговата Светост Теофил III беше официјално интронизиран за Ерусалимски Патријарх и сета Палестина на 22 Ноември 2005. На тој чин присуствуваа високи црквени и секуларни делегации. Меѓу гостите беше и петседателот на Грција, како и бројни представници на дипломатскиот кор и воени аташеа.
Други Патријарси кои го носеле истото име биле Теофил Први, кој служел како Патријарх од 1012 до 1020 и Теофил Втори од 1417 до 1424.

Патријархот Теофил го превзеде водството на Ерусалимската Црква во многу тешко време во нејзината историја. Политичката ситиација во Средниот Исток и деликатноста на  односите со  Палестинските политички водачи, со државата Израел и со Кралството Јордан, ја прават улогата и местото на Патријархот и Патријархатот многу тешка. Неодамна, Израел одби да ги обнови визите на многу грчки свештеници, што може да доведе до сериозна криза во тамошниот клир, бидејќи повеќето свештеници и монаси се Грчки државјани.






(Преведено од Википедија)
Соработник на ПреминПортал