Секои пет минути во светот, поради верски причини по еден христијанин го губи својот живот. Oвој страшен податок го објавил социологот Масимо Интровини – соработник на ОБСЕ уште во јуни 2011 г., проценувајќи дека секоја година во различни краишта од светот се убиваат не помалку од 105 илјади христијани само поради тоа што тие веруваат во Христа. Но, оваа бројка во последнава година драстично пораснала како последица на гонењата со кои се соочуваат христијаните на Блискиот Исток, каде секојдневно свирепо се убивани од војниците на „Исламската држава“, додава порталот christianpost.com.

- Доколку светот не ги слушне овие страшни бројки, ако тие не бидат прифатени, ако не признаеме дека гонењето на христијаните е најстрашната светска трагедија предизвикана од нескротливото насилство и верска дискриминација, тогаш дијалогот меѓу различните религии ќе се сведе само на сонливи и празни конференции кои не даваат конкретен резултат – изјавил Интровини на една конференција посветена на христијанско-јудејско-муслиманскиот дијалог.

Слични бројки неодамна биле потврдени и од хуманитарната организација Caritas Italiana, која пружа поддршка на христијаните низ целиот свет. Не помалку од 100 милиони христијани на Блискиот Исток и во Африка се подложени на верски прогонства заедно со другите верски малцинства. Покрај тоа, од 50 до 70 илјади христијани се заробени во логорите во Северна Кореа, соопштила организацијата во нејзиниот извештај.

Извор: Седмица.ру

Преземено од: Кумановско-осоговска епархија