181329.jpg

 Намесникот на Свјатогорската Успенска Лавра во Украина:

„Во ова тешко време ние даваме испит пред Бога за своето христијанство“

14 јули 2014

181340.jpg

Во Свјатогорската Успенска Лавра 470 бегалци најдоа свое прибежиште. Најмладиот - 1 недела, а најстариот 95 години.

„Светата Православна Црва, отсекогаш била највозљубената мајка на нашиот народ, ги смирува завојуваните, ги теши ожалостените, се застапува за мир и благоденствие во нашата таковина, ги подава своите раце за сиромашните, ги облекувала голите, му давала засолниште на оние што се без дом и средства за живот, молитвено ги поддржувала и поткрепувала малодушните и паднати во очајание свои чеда, влевала надеж во сесилната Божја помош“, се вели во посланието на намесникот на „Свјатогорската Успенска Лавра“, архиепископот Арсениј, заедно со своите браќа бегалци и поклоници.

„Така денес, „Свјатогорската Успенска Лавра“, а по нејзиниот пример и градот Свјатогорск, има искрена желба да им помогне на ближните во нивното страдање и тага, што опфати многу бегалци.

181335.jpg

Меѓу населението на градот чијшто број изнесува 4 илјади жители, во моментов се населени 25 илјади бегалци, некои од нив се лишени од сѐ и немаат дури ни за најосновните потреби. Луѓето се собрани овде во големо мноштво, и се надеваат на помошта Божја и Покровот на Пресвета Богородица, Која е Игуменија на ова Свето место“.

„Многу луѓе излегоа во пресрет кон туѓата беда и на барањето помош. Братството од Лаврата, благодарејќи Му на Бога и на луѓето, молитвено посакуваат, доброто, направено на своите ближни, да направи да се врати благородството во семјеството, така што нивниот животен пример би бил сеење на добро семе во душите на децата и внуците, од коешто Господ ќе направи да израсне добар плод за утеха на родителие.

Во ова тешко време, кога даваме испит пред Бога за своето христијанство и со право се нарекуваме синови и ќерќи на Светата Православна Црква, им благодарам на сите и се обраќам до сите да не бидат различни, и со дела да пројавуваат пример во милосрдието и љубовта кон ближните, а со прозба да прават свети молитви за нас грешните“, се вели во посланието.

 181343.jpg

Извор: Птавославие. ру

Преземено од: Бигорски манастир