Московската патријаршија повикува
на заштита на христијанското малцинство во Либија

10. 04. 2013



Од страна на Московската патријаршија упатен е апел за заштита на христијанската популација во Либија.moskva_libija.jpg

„ До почетокот на граѓанската војна во Либија живееја околу 100. 000 христијани, сега ги има само неколку илјади. Драстично се зголемува бројот на случаи на дискриминација и насилство над христијаните, се вели во соопштението на службата за комуникација на одделението за надворешни црковни односи при Московската патријаршија.

Последниот месец е забележан голем број на напади, апсење, дури и мачење на либиските христијани. Во февруари и март извршена е низа на напади врз црквите и свештенството, а врз основа на обвиненија за прозелитизам, уапсени се и мачени над десетици. Милосрдните монашки мисии на римокатоличката црква беа принудени да ја напуштат земјата поради заканата. Четириесет и осум копти, уапсени на почетокот на март во Бенгази, биле мачени и малтретирани, а еден од нив се упокоил. А претставниците на европската унија во Либија на тринаесетти март ги повикаа водачите на земјата да ги почитуваат правата на затворениците. И покрај тоа, на четиринаесетти март во Бенгази беше запалена Коптска црква. Постојат и други случаи на дискриминација и прогонство на христијаните, се наведува во соопштението.

„Со жалење констатираме дека меѓународната заедница обрнува необјасниво малку внимание на овие очигледни случаи на дискриминација на христијанското малцинство во Либија“, истакнуваат од Московската патријаршија, повикувајќи ги либиските власти да преземат мерки за запазување на христијанското присуство во земјата.

Извор: Светосавље



http://www.bigorski.mk/index.php?content_type=vesti_od_pravoslavieto&action=details&record_id=948