логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 Starec.Samson.Pouki.jpg

СТАРЕЦ САМПСОН  (Поуки на неговите духовни чеда)

Некои луѓе се жалеа дека кај нив нема разговор со Бога, туку само - читање на молитвата.
 Старецот одговараш :
Зошто вашата молитва постанува  читање или исчитување?
Затоа што е нашата совест со нешто помрачена:
1. Или затоа што  некому нешто не им сме опростиле.
2. Или затоа што не сакаме да отстапиме од гревот
за кој што сме врзани и тој постојано се повторува.

Затоа нашата молитва постанува - исчитување, а не молитва.

Укорите на совеста доаѓаат од нечистото  срце од кое што исходи само зло.  Значи, трба да се седне на маса  и да се потсетиме:
што беше тоа? Што лошо реков вчера, преку денот или вечерта?
Или, што лошо помислив или лошо посакав, што ме лишува за способноста  и правото да се молам?

Нема тоа да го заборавите, зарем, не?
Способност и право на молитвата, разбирате? 
Некому не сме сакале да му простиме или не можеме да простиме и не бараме простување.
Ние сме тогаш, злопамтиви, зарем, не? Тогаш, не смееме да се молиме!
Што да се направи во тој случај?
 Треба да се запишат укорите на својата совест. Да се запишуваат за исповед. Тоа што ќе му се напише на  духовникот, на Бога му се пишува.
Потоа веќе можеме да се молиме. Тајната почнува да се извршуваат.
Како друго, ти го потврдуваш своето покајание, своето самоосудување. Твојата намера  себе да се унизиш пред човекот и да  побараш простување, така?

+++

Старецот не задаваше долги правила. Објаснуваше дека само духовно несмасни  луѓе може да даваат долги правила. Сметаше дека  основата на молитвата е - вниманието и објаснуваше како треба  да се чита своето монашко правило, за тоа да биде, молитва;
срцето да плаче, тоа е молитва.
Само под услов себе си да се сметаме за последни, секого  да сметаме  повеќе од себе, никого да не осудуваме.
Подучувал на умната молитва  без учество на сетивата.

„ Молитвата е слевање на  срцето со Бога преку умот,  т.е. треба да се молиме
  со срцето  преку умот. Кога човекот се моли со срцето со учество на умот, го одбегнува  страдањето на срцето низ знаењето. Таа е терминатор на духовниот живот“.

Говореше дека многумина ги мешаат  смирението и грижата на совеста и дека грижата на совеста нема ништо заедничко  со духот на смирението и скрушеноста.

Гржата на совеста , тоа е демонско покајание кое што доаѓа од гордото Јас.
Никого не треба да се окривува, ниту ѓаволот,
ниту другиот човек, туку секогаш да се има прекор за себе си.

Нам ни е дадена способност да  му се спротивставиме на гревот и да се браниме од него,
да не подлегнуваме на искушенијата со Божја помош,
чувајќи се себе си со штитот  на молитвата  преку смирението.

+++

Молитвата во храмот зависи од нашата куќна молитва.
Куќната молитва е основа за  молитвата во храмот.
 Ако молитвата дома е онаква, каква што треба да биде, неизоставно и молитвата во храмот ќе биде во ред.

Најдоброто време за молитва е - ноќта.
Ноќе се читаат акатисти, молитвата Исусова, Семилостива, Достојно...

Потребно е да ја  отстраниме грижата кога одиме во храмот Божји.
Тоа е вообичаена демонска  замка, тој наш површен однос кон себе си.
Со тоа, само се лишуваме од  сладоста од стоењето пред Бога за време на богослужбата и виновни сме само ние самите. Зашто не се изградуваме, не се чуваме.

Додека одиме на кај Црквата, ние веќе мораме да бидеме молитвено расположени и така да влеземе во храмот.

Преоѓајќи го прагот на храмот, обавезно треба да се молиме со Исусовата молитва.
И така , со Исусовата  молитва да се вклучиме  во богослужењето.

Ни во кој случај не смееме да ја изговараме молитвата механички,
туку со плач, не вознемирувајќи се што не го слушаме поењето и читањето.
Ушите ќе го слушаат поењето и читањето,
а срцето ќе плаче со вапај со Исусовата молитва.
Тоа ќе се прелева во едно, зашто незамисливо е монахот да ја остави Исусовата молитва заради богослужењето.
Таа се остава само на Евхаристијата.
Се заситува  со молитва само оној кој е во вапај, но без покајание, механички.
Но ако е во плачен вапај, никогаш нема да чувствува заситување.

+++

Старецот ги  предупредуваше оние кои одат по духовниот пат:
ако знаеме дека човекот сме го повредиле или огорчиле
и знаеме дека тој веројатно не може да се моли зашто е навреден,
ако тој не најде за мене оправдување, значи дека тој - не се моли , така ли е?
Тој е помрачен, зарем не?
Тој сега не е христијанин! Го оставил Ангелот чувар.
 А виновен сум - ЈАС!

Да се сфати ова, значи да се биде - христијанин!
И законот на љубовта е нарушен. Законот на љубовта!
Тука никакви подвизи  со пост, милосрдие, милостиња, нема да помогнат.

Треба да се помириш со Бога, да го спознаеш гревот, да имаш намера и да потрчаш и во прва прилика, што побрзо да побараш прошка.
 Самољубието е причина на сите несреќи и од него зависи вечното спасение. Заради тоа Светите отци говорат: „Смирение  - без труд, спасение“! 

+++


Старецот служеше многу строго. Неговите возгласи беа молби!
За време богослужењето во олтарот не смееше да се разговара. Еднаш, кога двајца монаси разговараа во олтарот ги избркал надвор,
велејќи им дека тоа не е место за брборење.

Се случуваше, некои да ги причестува под други имиња.
Тие биле во недоумица и чудење.
Се испостави подоцна   дека  тие  го примиле монаштвото и ги добиле токму тие имиња под кои ги причестуваше порано.

Подавајќи го крстот после литургијата, старецот  без престан во себе изговарал благодарствени молитви.
Молитвата му била толку силна, што не ги ни забележуваше некои свои духовни чеда.

+++
Унинието и самообманата под дејство на вештиот демон е спротивно на срцето и совеста. Немирот не настанал заради тоа што совеста била нечиста, туку затоа што ѓаволот ни внел смут.
И за тоа е потребно:
1. Упорен и постојан  молитвен труд;
2. строго држење на постот; прв степен; страв од прејадување и презаситеност;
3. запишување на  помислите и укорувањето на совеста, честа исповед и подготовка за  причест, редовно, секоја втора  или трета недела;
4. читање на книги (макар еден лист), пред молитвите пред спиење;
5. непреоптеретеност со спремање на куќата и чистотата на одајата и на телото.
6. умерен сон, 6 - 7 саати.

Демоните нас ќе не напаѓаат со секакви предлози:
да не одиме во храмот,
да ги заборавиме бројаниците, молчењето и собраноста да ги замениме со дружење и озборување.

Безумно е дури и да се помисли дека со нашето трпение можеме било што да постигнеме. И тоа е од непријателот.
Ако мислиме дека сме осудени на погибел, - тоа нас демоните не наведуваат на униние. Верата во судбината е демонска измама
Со молитвата на Црквата и со милосрдието душата може да се ослободи од дното на пеколот!
 Ѓаволот нас само не држи во обмана.
Човекот кој што не ги гледа своите  гревови се наоѓа во состојба на пад.

+++

Гордоста е најстрашна! Никого не треба да осудуваме, туку постојано да ја согледуваме сопствената беда.  За  тоа да се спознае, потребно е да се научиме да го оплакуваме секој свој грев. Кога се пишува исповед, потребно е чисто срце, непомрачено со суета. Исповедтта, покајанието - тоа е плач!

+++

На монахот ништо не му е потребно,
 тој ништо не собира,
 не собира никакво железо (злато, сребро)
туку Се дава на сиромашните.

Во духовниот живот треба да се донесе одлука
 „да се биде, или,  да не се биде“!
 А ако е „да се биде“, како да се биде?

Среда и петок - не се оди кај познаниците.
Глупаво  и смешно е да се нервираш, така како ти.
Не  размислувај многу, изговарај ја молитвата:
Помилуј ме   мене гадната. 
Грижата на совеста е демонско покајание, умислено смирение, умислено покајание.
Да се размислува, да се философира, да се тумачи - ниту во било кој случај.
Постојаното покајание е состојба на радоста.
Да не даде Бог и да помислиш дека си нешто особено...


+++

Монаштвото не е само пат кон вечното спасение, туку и образ на повисокото покајание.
Тоа е школо на законот Божји.

Школо на  учење и стекнување на љубовтта спрема Бога. Монаштвото е живо принесување на самиот себе си на Бога, бекрвно, доброволно и свесно секојдневно мачеништво, пат на непрестајна радост и веселба во Господа.

Стекни ја што побрзо радоста на монашкиот живот со секојдневно благодарење на Бога за милоста спрема тебе и биди горд со призивот и дарот Божји.

Безумен е монахот кој што не ја знае Исусовата молитва.
 Таа е најубав и наједноставен пат за примање на Бога.
 Кој не ја сфатил и и не  ја сфаќа молитвата
 како дишење на земјата, многу му е тешко да одгледува надеж на оправдување и рај.

Ништо не е постојано, се е времено, се проаѓа и заминува. Само уделот во вечната Вечност, е постојан. Со целосна  сериозност , барај служење на  Христа: со плач, молитва, со
честа исповед.

+++

Монах - тоа е детска едноставност,
небрзоплета душа која што се плаши единствено од гревот и од Бога,
 која што се плаши од брзоплетоста, лагата,
 неправдата, како од зол смрад.
 Монахот без таа едноставност е језуит, т.е. еретик.

Монаштвото е радост, богатство,
јасен ум, тихување,
ненаситна љубов...
Манастирите не се само возвишени школи.
Тие се конечен прекин со секој живот.
Тоа е вистинско покајание. А доколку е монаштвото само начин на живот, тогаш тоа е мачна работа, доброволен затвор.

+++

На прашањето  што се всушност
 - зли духови,
старецот одговори:
Тие го завземаат просторот.
 Тие се самостојна сила!
 Ги има многу видови. Ефиопите, се мали демони, а има и поголеми.
Ефиопите се со големина на мачка или на помало куче, зли, брзи, грозни. Ако се сретнеш со нив ќе се исплашиш како да си видел џин. Тоа е пеколна сила!

А ако демонот е голем, тој може да биде нешто помал од плафонот. Тоа е страшно суштество . А ако ги покажува тупаниците и  рика, тоа е ужасно!
 Може да се умре од срцев удар ако се нема благодат. Но, Бпг дозволува да ги видиме за да знаеме какви се. Против нив мораме постојано да се бориме, а не само повремено.

Човек кој не е очистен со Светата Тајна покајание и со плач во келија, не може да ја издри таа борба. Тој бидува победен.

Ѓаволот делува преку нашите страсти, нечистотија, немарност, немање на страв Божји.

+++

Невозможно е да се заборави како старецот давал благослов.
Знакот на крстот за време на благословот, прекрасно го правел.
Крсниот знак го ставал само со врвовите на прстите, човек долго после тоа го чувствувал остриот допир на прстите на челото, стомакот и рамениците.
 Самиот старец говорел:  Ве печатам со крст, за никој да не ве допре и да не може да ви стори зло.

Кога старецот давал благосов за некаде да се отиде или нешто важно да се стори осенувал со крсен знак два - три пати  едно по друго.
За време на благословот стоел строго, молитвено изговарајќи ги зборовите:
Во името на   Отецот и Синот и Светиот Дух.
 Секој збор го изговарал одвоено.
Силата на неговиот благослов била неизмерна.


Превод: Мина Даниловска



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 145
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 355
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »