логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 vozdvizenie.jpg

ЗА СВЕШТЕНСТВОТО  -   Старец Клеопа   (Втор дел)

+++
И му принела  јадење на Илија и  Илија откако јадел и вели на жената:
Жив Господ Бог Израилев, пред кого стојам! Брашното во ноќвите нема да сврши и маслото во масларникот, нема да се намали, до оној ден, во кој Господ ќе даде дожд на земјата (3. Цар, 17,1.14).

Дали видовте? Свети Јован Златоуст коментира и вели:
 „О свештенику, кој се плашиш дека ќе умреш при народот, и дека нема да имаш што да јадеш, зашто парохијата ти е малечка и сиромашка, немој да велиш: „Умирам од глад и немам од што да живеам, освен ако немаш вера!“

Јас би сакал да ме испратат на малечка парохија, со вкупно дваесет семејства и јас ќе издржувам  уште десет свештеници крај себе. Но, знаеш ли што треба најнапред  да направиш?
Најнапред парохјаните да те препознаат дека си човек Божји, како што вдовицата го препозна Илија. И потоа, ќе те хранат и тебе и целиот твој  дом. Кога народот еднаш ќе те препознае како вистински духовен отец, тој вели:
„Подобро да умрам јас, отколку да умре отецот!“
Ете, толку многу ќе те сака народот ако види дека имаш добродетели,  дека си умен човек и дека не си лаком за имот и за пари. Дали си слушнал што им вели светиот апостол Павле на Галантјаните?

„Сведочам за вас дека кога  би било можно и очите свои би ги извадиле и би ми ги дале (Гал. 4, 15). “
Но зошто тие сакале да му ги дадат очите на Павле?
Затоа што дотами било нивното срце. Тие беа подготвени да му ги дадат очите, бидејќи тој го беше придобил нивното срце.

Така и вие, кога ќе отидте на парохија, ако го придобиете срцето на народот, не плашете се дека  ќе го имате она што ви е потребно, бидејќи работникот ја заслужува својата работа  (Лука 10,7; 1 Тим. 5,18).
Ќе имате и облека, ќе имате и храна, ќе имате и чест и од Бога и од луѓето.
Да чува Господ, да не те видат како свештеник како влегуваш во кафеана, да те видат на игранка, да те видат на забави,  да те видат со цигара во устата,  да те слушнат како пцуеш,  да те видат дека си горделив, алчен за пари,  дека ги сакаш шегите и смеењето, или нешто друго со што ги соблазнуваш.

Вие утре, преку дарот Христов ќе бидете луѓе од Црквата. Затоа вие учевте толку многу години и професорите се трудеа со вас и затоа Бог ќе им плати да ве видат како светлина на народот и светлина на светот.
Освен тоа, сметајте дека се е за човекот: и да јаде и да пие, и да се одмара, и со се да се користи, но, со мерка.
 Зашто, се ми е позволено, но не е се полезно  (1 Кор. 6,12).
 Слушате ли што вели апостол Павле? 
Јас се зарадував необично многу во Господа...научен сум на се и секако, и сит да бидам, и глад да трпам
 (Фил. 4, 10. 12)...Му благодарам на Бога за се !

Освен тоа,  да внимавате во однесувањето во народот, кај кој те испраќа Бог.
Јас бев во Србија, кај еден велик отец; тој е најголемиот отец во нашето денешно Правослвие. Тој има два доктората и 84 години и служи литургија веќе 30 години, сам, во женскиот манастир Ќелии.
Отец архимандрит Јустин Поповиќ.
Тој насекаде е познат и е монах со светогорски карактер. И јас сакав да одам  во Света Гора веднаш штом се вратив оттаму, бидејќи со голема љубов ме примија отците и сите. И побарав од него совет.
 А тој ми одговори:
„ Оче Клеопа,  и јас сум монах, Света Гора е една вреќа полна со добрини, со скапоцености, бидејќи таму се наоѓаат луѓе со возвишен живот. Ти, свет оче, ќе одиш на Атос за да додадеш уште еден бадем горе , во полната вреќа.
Остани тука, и колку што ќе ти помага Божјата милост, биди во служба на народот во сите неволји, во сите радости: за да ги утешуваш, за да им помагаш, бидејќи сега нашето Православие е многу притеснето од сите страни и свештениците мора да се борат како никогаш до сега.
И протестантизмот и католицизмот, и секташтвото...И сега, пак, повеќе од порано се бара од денешните свештеници,  да бидат упатени во Светото Писмо и да живеат со почист живот“.


Една вечер, бидејќи токму ја ставив гуњата под глава, за малку да подлегнам, кога слушам: Гледај, кој доаѓа: Секретарот на Екуменскиот совет од Женева. Требаше со него да разговарам два часа и половина, се до утрената.
Колку ли прашања ми постави тој човек!

И јас, иако сум необразован човек,  бев читал, колку што Бог ми помагаше, одејќи со овците на планината, бев овчар при манастирските овци, се дури не ме поставија за старешина. Но, тој ми поставуваше спацифични прашања. И ако не ја познавав разликата помеѓу нашата Црква и протестантската, ќе се содадеше една голема збрка. Тој беше дојден со отци од Букурешт и од Сибиу.

Ми поставуваа прашања за единството на црквите, бидејќи тие сакаат да ги соединат  црквите и да направат како што вели Спасителот,
едно стадо и еден пастир  (Јован 10, 16).

- Господине секретаре, му реков, вашата конфесија, протестантизмот лебдее во воздухот, нема темели!
Ама, зошто, оче?
- Каде ви е Светото Предание?
Каде ви се каноните?
Каде е Црковната илјадагодишна пракса?
Сето тоа го укинавте и сакате нам да ни се приближите. Тоа е невозможно.

Ние имаме малку повеке заеднички точки со римокатолиците, отколку со протестантите, ако би требало еднаш да дојде до соединување. Протестантите се на многу голема одалеченост од нас. Тие имаат само две тајни, и тоа не како Тајни, туку само како симболи:
Крштението и Вечерата Господова.
На Вечерата Господова подготвуваат комеморативна трпеза со леб и вино,  во чест на Христа, но повеќе не веруваат дека лебот и виното се претвораат во Тело и Крв Господови.

Според бројноста  тие се големи конфесии. Нив ги има околу 400 милиони. Католици, пак, ги има околу 750 милиони. А, нас, православните, не има малку, но ние сме Встинската Црква.

Нам ништо не ни недостасува. Ние, немаме што да позајмиме од протестантите, ниту пак, од католиците. Ништо, апсолутно , ништо!
Веруваме и знаеме дека  нашата Црква е виситнска. Таа ги има сите вистински догмати, целото старо апостолско и соборно светоотечко предание. Го има целото литургиско, канонско, догматско и историско предание.
Нам, се што ни е потребно го имаме во Православната Црква!
 Таа Црква, која оди чекор по чекор со евангелското, апостолското и соборното Предание, до денешниот ден.
Тоа тие и го знаат. Затоа, сакаат да ни се приближат.

-Дали пак, нашата иницијатива е добра? - ме запрашаа.
- Начелно е добра. Тоа што сакате да бидете едно стадо и еден пастир. Но, ехеј!  Колку планини треба дотогаш да се преминат меѓу на си вас!

Да се приближиме до вас?
Но, каде ви е Светото Предание?
Каде ви е почитувањето на Светите мошти?
Каде ви е почитувањето на Светите икони?
 Каде е почитувањето на Светителите и Ангелите?
Каде е почитувањето на Богомајката?
 Каде се седумте Свети Тајни?
Каде е Црковната Ерархија?
Каде се делата?

Бидејќи кај вас е “ Sola fide, спасение само со вера. Дали е можно такво нешто?
Бидејќи верата без дела е мртва. 
И“sola gratia” кај католиците,  спасение само преку благодатта, ниту тоа не е правилно.
Како може спасението да биде само преку благодатта, ако истиот апостол вели дека  ,
сите ние треба да се јавиме пред Христовиот  суд,
 та секој да прими што заслужил, според она што го исвршил во телото свое
, било добро или зло  (2.Кор 5,10),
односно, секој да прими плата според тоа , како работел  ?

И во Светото Евангелие се бара од тебе -  дела  и заповеди.
Слушнавте и во денешното  Евангелие:
 „А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите
(Мат. 19, 17).

 Не постои вера без дела, како што тие замислуваат, делата не биле ништо, постот не е ништо! Каде ви се постите?

Зар вие можете да ги затворите очите и да  преминете преку двеилјадигодишната црковна историја, која е неоспорна?

Минатата година во Римските катакомби ја видов Мајката во византиското сликарство. Има слики и икони од  први, втори и трети век, бидејќи оттука е потеклото на византијското сликарство.
 Катедралите  од Равенс и во Венција, од Цариград и од многуте други места, кои ги подигнале Свети Константин Велики, Јустинијан и сите византиски Цареви, преставуваат сведоштво низ вековите.

Дали можете да кажете дека и вие не сте ги имале до 1517 година, се дури не се одвоивте од католиците? Тогаш, како, ако вие го заборавивте својот корен,
да го заборавиме  ли и ние?
 Оној што ќе го заборави коренот, се исушува и пропаѓа, изумира!
 Вие треба да се вратите на коренот.

Значи, во 1517 година иконите биле добри во Црквата.
Дали можете да ги затворите очите, па да речете дека Црквата немала икони уште од почетокот, кога била во повој?

Ете, огромните храмови исполенти со мозаици и злато стражарат и му покажуваат на целиот свет,  дека Црквата била украсена со икони уште од првите векови.

Меѓутоа, чистите извори,
пченицата без какол
и виното без вода,
ќе ги најдете кај Светите отци.
 Да ги читате!

 Нашата најсилна теологија започнува од првиот па до петиот век.
Таму се најчистите извори , од кои се напојуваат  сите теолошки сознанија...


(Продолжува)

Подготви:
Мирјана Даниловска



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1484
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 939
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1187
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

« »