логоFacebookTwitterYouTubeeMail


                                        (Антониј, митрополит Сурожски)

           Многу прашања се јавуваат кај луѓето, кога човек ќе се разболи од душевна болест. Што е тоа душевна болест? Ние знаеме, дека нашата психичка состојба, во голема мера зависи од она што се одвива физиолошки, од аспект на физиката, хемијата, во нашиот мозок и во нашиот нервен систем...
           Заради тоа , не треба секоја психичка болест да му се припишува на злото, на гревот и на                злите духови. Таквата болест, најчесто е предизвикана, повеќе од повреда на нервниот систем на човекот, отколку од демонски привиденија или некој грев, кој го одвоил човекот од секаква врска со Бога. И тогаш со право треба да настапи медицината, која може да направи навистина многу.
         Се сеќавам на еден случај во Париз, каде живееше еден многу талентиран уметник – иконописец. Тој одненадеж се разболе и почна постепено да го губи разумот. Кај него се појавија халусцинации, неговиот внатрешен свет изгуби било какво чувство за реалност. Неговите блиски не му противречеа, со надеж дека ќе се смири. Но нему му стануваше се полошо, и тогаш ова благочестиво семејство и се обрати на Црквата. На нашиот млад иконописец му се прочитаа посебни молитви, го исповедаа, го попрскаа со света вода, го причестија, го помажаа со осветено масло, но тој  се повеќе и повеќе се разболуваше. Јас во тоа време бев лекар и ми се обратија со прашањето што да прават?... Многу ми се налутија, кога им одговорив: “Оставете го сето тоа, он е болен, а не опседнат. Однесете го во болница, за да се примени на него лечење со електрошок“ (Тогаш, електрошокот беше единственото нешто, што знаеја да го направат во оваа област). Се сеќавам, како семејството и духовништвото се вознемирија: “Што? А што ако навистина се работи за опседнатост? Што знаеш ти за тоа?“ Одговорив: “Јас едно знам – ако е ова опседнатост, тогаш електрошокот на ниеден начин, нема да му наштети на нечестивиот дух и нема да му помогне на болниот, а ако е тоа едноставно болест, тогаш нашиот пријател ќе оздрави“.  После една година тој оздраве. (Истовремено сакам да напоменам: свештеникот не може секогаш да биде професионален психијатар, но тој би требало да се заинтересира за тоа што се случува со луѓето околу него, за да има некаков опит за тоа како се манифестираат душевните болести. Кога душевно болниот човек е и верник, неговата душевна состојба фрла сенка на се, па и на неговиот живот во Црквата. Многу е важно, свештеникот да биде во состојба да разграничи и да каже: ова е – болест,  а ова е – вистинско мистично искуство).
         За време на боледувањето на уметникот, се случи нешто исклучително интересно. Тој “влезе“ во болестта како незрел иконописец, а “излезе“ од неа, како созреан, неговите икони постанаа поинакви, зрели, длабоки. И ние го поставивме пред себе прашањето: што би можело ова да биде? Како можеше ова да се случи?... Одговорот го пронајдов подоцна кај св.Јован Кронштатски. Он рекол, дека има души исклучително нежни, кои би можеле да бидат скршени од светот кој ги опкружува, и Бог спушта помеѓу таквите души и светот, завеса на безумие или некакво делумно оттуѓување и неразбирање, се додека таквата душа не созрее. Оваа душа може и да не созрее додека е на земјата, но таа ќе созрева во тишината на своето таканаречено безумие, одвоеност од светот кој ја опкружува, и ќе пристапи во вечноста зрела, созреана.
        А кога се случува ова “покривало“да се симне, како што се случи со овој млад иконописец, одеднаш се гледа, дека позади ова покривало тој преживувал нешто  што се одвивало  само помеѓу него и Бог и во што не се мешала никаква човечка сила: и на крај тој постана зрел човек.
Во главното – единство,  во спорното – слобода,  во се – ЉУБОВ.


подготви: М.З.

Посети: {moshits}



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1097
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1664
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1098
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА  за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »