Picture

На Ваше барање да дознаете од мене „дали сте Вие овца и дали сте од моето стадо“, со ова писмо Вам од срце Ви одговорам: ако сакате да знаете - дали сте овца, во тој случај треба да замислите вистинска овца, во нејзиниот реален облик и особини и со неа да се споредите.

Вистинската овца нема рогови, нема глас против оној кој ја пасе, не се противи, не се гневи и не каса. Не му се лути на пастирот, дури и кога ја казнува - не се одмаздува. Пастирот, пак, секогаш го слуша, секогаш со надеж му пристапува и не заминува од него; не го слуша туѓиот глас и не оди кај туѓинци. Гласот на пастирот го слуша, нема никакви предрасуди, сомнежи, макар и да ја одвел на место во кое нема трева, или во мочуриште, таа нема да се противи и нема да се пожали на него. Ете, тоа се особините на вистинската овца како што можам јас да си претставам и да си замислам.

Погледни сега на себе: дали сте Вие овца? Ако вие навистина се сметате за овца, незлобна и безгласна, на мене останува само да Ви кажам на чие стадо припаѓате, бидејќи овцата без пастир - храна е за волците. Јас, пак, тоа сосема точно не можам да го определам. Секоја овца си знае на кое стадо припаѓа и кој е нејзиниот пастир и на друго место не оди, што значи сама е свесна каде е нејзиното место.
Што се однесува до мене, бидете спокојни: немам гнев кон Вас, туку искрено, со љубов и добра намера останувам засекогаш на Ваше располагање - многугреншиот М. (извадок од писмо до духовна ќерќа)


Превод: ѓакон Димитар Арсовски

Извор: Богоподобие