логоFacebookTwitterYouTubeeMail

208243.b

 

14/09/2015   Поуки - совети

    Старче, ми кажаа да си ги наполнам батериите со духовно полнење. Како се прави тоа?
 

    Негувај го духовното благородништво, пожртвуваноста, за да те напушти себичноста. Себичноста е препрека за молитвата, бидејќи го одвојува човекот од Бога; создава изолација. Знаеш што значи изолација? Тоа е кога Бог ти вели: „Не те разбирам, дете мое!“
 

    Старче, дали некој монах може да биде доследен во исполнувањето на своите духовни обврски, а да заостанува во пожртвуваноста, во љубовта кон браќата?

 
    Да знаеш дека може. Ако мисли само на себе, тој може да се моли, да си налага големи подвизи, но да има високо мислење за себеси и рамнодушност кон ближните. Но, во тој случај секогаш ќе биде никаков. Бидејќи ако човекот се занимава сосебеси – не за да ги исуши своите страсти, туку за да работи на тоа што него го успокојува, што му пружа задоволство – не може да напредува.

 
    Значи, Старче, и на послушанијата и инаку – во секупното однесување, монахот треба да биде правилен (точен).

 
    Во сѐ! За да имаш врска со Христос, Христос треба да биде задоволен од севкупниот твој живот. А Христос ќе биде задоволен од твојот живот ако ти, во вистинска смисла на зборот, им удоволуваш на своите ближни. Заради тоа и нагласувам – духовно благородништво, пожртвуваност. Бидејќи, ако некој работи на духовен план, а не внимава на другите работи, на пожртвуваноста и останатото, го упропастува и тоа духовно дело со кое се занимава.

 
Кога заминав во манастирот Есфигмен (1953 година), како на почетник ми дадоа да помагам во трпезаријата. Тогаш едно осумдесетгодишно старче, сосема изнемоштено, ми побара во ќелијата да му донесам супа. Ќе го завршев послушанието и му носев супа. Еден ден ме виде некој брат и ми рече: „Внимавај да не го разгалиш, оти после постојано ќе ти бара помош и нема да те остава на мир; ниту пак, со духовни работи ќе можеш да се занимаваш. Знаеш ли што претрпев јас од него? Еднаш отидов малку да му помогнам бидејќи беше настинат, и после не ме оставаше на мир; секој час – чук-чук, ми тропаше на ѕид. ‘Учини ми’, велеше, ‘донеси ми еден чај’. ‘Ајде, учини ми, сврти ме малку’. Не поминувало многу време – чук-чук: ‘Учини ми, донеси ми топла цигла (некогаш топлите цигли се користеле наместо термофор)’. Цигла – чај, цигла – чај, и како после да стигнам да се занимавам со духовни работи? Полудев“. Го слушаш ли ти ова? Страшно! Старчето се мачи, стенка, бара нешто со што би си олеснил, а овој нејќе да дојде за да не си го прекине своето духовно делување! Потполно празна работа! Пред Бога поголема вредност би имало тоа „цигла – чај“, отколку метаниите и бројаниците што ги извршувал… Еднаш би велел: „Господи Исусе Христе, помилуј ме!“, а друг пат: „Остави ме на мир!“

 
    Старче, како се стекнува благодатта Божја?
 

    Кога човекот е сроден со Бога, Бог му го дава Својот благослов. Во спротивно што да му даде? Зарем човекот да го погази Неговиот благослов? Тоа и самиот го доживеав. Кога отидов на Синај, беше голема суша. Цела година не падна ниту една капка дожд, тоа претставуваше голема тешкотија за манастирот, а и за бедуините што живееја во близина. Монасите се молеа за дожд, но немаше никакви резултати. За време на режењето на маслинките во февруари (1963 година), и јас појдов да им помогнам. Бидејќи бедуините ги изрежаа дрвјата, монасите ги собраа дебелите гранки за манастирот, додека тенките гранки ги оставија на еден крај. Бедуините ги замолија монасите да им ги дадат тенките гранки за да си наложат оган за подготвување храна и за огрев, бидејќи ноќе беше многу ладно, но овие ги одбија и бедуините си заминаа нажалени. Наредниот ден, кога дојдоа бедуините и повторно ги побараа тенките гранки, ги собрав во купови сите тенки гранки и им ги дадов. Тогаш еден постар бедуин ми рече: „Ти си добар човек; ќе падне дожд.“ Навистина, кога се вратив во манастирот, почна да паѓа дожд и врнеше многу. Благословот на бедуините ги отвори небесата. Тогаш никому не му ја раскажав оваа случка.

Старец Паjсиј Светогорец, „За молитвата“, Поуки VI

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 149
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 372
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »