TVITer20

Оној кој има добри помисли, сé ќе гледа како добро



Старец Пајсиј

Ми рекоа едни дека се соблазнуваат затоа што во Црквата гледаат многу испревртени работи, а јас им реков: „Ако ја прашаш мувата „Има ли овде во околината цвеќа?“, таа ќе рече: „Не знам, но таму долу има многу конзерви, ѓурбе, нечистотија“, па ќе ти ги наброи сите ѓубришта кои ги обиколила. А ако ја прашаш пчелата: „Си видела ли некоја нечистотија во околината?“, ќе ти рече: „Нечистотија? Не, никаде не сум видела; овде сé е полно со мирисно цвеќе“ и ќе ти раскаже какви сé цвеќа има по градините и полињата итн. Гледаш, мувата знае каде има само ѓубре, додека пчелата знае дека таму цвета лилјан, а малку подалеку зумбул…

Колку што сум сфатил, едни луѓе личат на пчелата, а други – на мувата. Оние кои личат на мувата, во секоја ситуација бараат само да видат што има лошо и преокупирани се само со тоа. Никаде не гледаат ништо добро. Оние кои личат на пчела, секаде го наоѓаат само она што е добро. Лошиот човек лошо мисли, сé прима од лево, сé гледа наопаку. Од друга страна, оној кој има добри помисли, што и да види, што и да му кажеш, ќе има добра помисла.

Еднаш, едно момче од втора година гимназија дојде во колибата и удри со алката на вратата. Имав цела вреќа писма да прочитам, но реков, ајде да излезам да видам што сака детето.

„Што се случило, момче?“ велам.

„Дали ова е колибата на старец Пајсиј?“ – ме праша.

„Би сакал да разговарам со отецот Пајсиј“.

„Ове е неговата колиба, но тој не е овде. Отиде да купи цигари“ му велам.

„Најверојатно отишол да послуша некој, да му купи цигари“ – рече тој со добра помисла.

„Ама не, појде да купи цигари за себе“, велам јас.

„Остана без цигари, па полуде. Мене овде ме остави сам и воопшто не знам кога ќе се врати. Ако видам дека долго го нема, ќе си заминам“.

Очите му насолзија, но тој, пак со добра помисла, рече: „Го замараме старецот“.

„А што ќе ти е тој?“ прашувам пак.

„Сакам да побарам благослов од него“ рече.

„Каков благослов, море, да земеш! Тој е измамник. Нема од него никакво фајде. Јас добро го познавам. Немој без потреба да чекаш, зашто и кога ќе се врати, ќе биде нервозен, можеби дури и пијан, бидејќи и пие покрај сé“.

Но момчето непрестајно имаше добра помисла.

„Добро“, велам, „јас сепак ќе го почекам уште малку. Што да му кажам?“

„Имам едно писмо да му предадам“, вели тој, „но ќе почекам да земам и благослов“.

Видовте ли? Што и да му зборував, прифаќаше со добра помисла. Му реков: „Полуде за цигари“, а тој, кутриот, воздивна, очите му се наполнија со солзи. „Кој знае“, рече, „сигурно појде некој да послуша, да му купи цигари“.

Други толку читаат, а тој, момче од дванаесетина години, па поседува толку добри помисли! Му ја расипуваш помислата, а тој наоѓа подобра и извлекува уште подобар заклучок. Ме воодушеви! За прв пат видов нешто такво!

 

Избор од фб профил на

Simeon Stefkovski

Друго:

Старец Пајсиј – За смирението ...

 

 28ми јуни 2020 лето Господово