Старец Ефрем Филотејски

Сè извира од умно-срдечната молитва. Напредувајќи во молитвата ќе го најдеме олеснувањето од страстите. Скриените помисли со време ќе исчезнат, нашето срце ќе стане незлобливо детско срце. На почеток, како што рековме, постои тешкотија додека водичката не потече во браздата. Како што, на пример, за придвижување на една рачна механичка справа е потребен напор. Ако таа механичка справа се придвижува автоматски на некој погон, тогаш принесува многу повеќе и целата работа се извршува без труд. На тој начин и молитвата, кога по некое време ќе стане нешто наше, ќе се случува без труд и ќе носи многу плодови.