3.angeli.so.truba

Подготви ја твојата душа за искушение

Во Светото Писмо е кажано:
„Чедо, ако сакаш да Му служиш на Господ Бог, подготви ја твојата душа за искушение. Внимавај на твоето срце и биди цврст; не се збунувај кога ќе бидеш посетен од Бога. Прилепи се до Него и не отстапувај за да бидеш прославен во последниот ден“.

Искушенијата се јавуваат во две форми: првата – тестови, испратени одгоре; втората – соблазни оддолу. Искушенијата, испратени од горе го утврдуваат квалитетот на човечките добродетели. Бог од самиот почеток го познава срцето на човекот, па затоа ги испраќа искушенијата, не со цел да дознае какви се нашите добродетели: тоа се прави за самиот човек, откако во нив ќе види примеси на лаги и измами, да се покае и да се сврти кон доброто. Да не се лишуваме од таквите искушенија, испратени од горе.
Покрај тоа, се разбира, постои уште еден вид на искушенија, наречени соблазни, кои доаѓаат од ѓаволот, коишто ги затемнуваат мислите на човекот, влеваат различни видови нечистотија во неговото срце, го доведуваат во конфузија и така го поттикнуваат на лоши дела, со цел да ги одвратат од Бога душите на луѓето, Неговите слуги.

Затоа, многу е важно, секогаш да бидеме подготвени за искушенијата, бидејќи тоа е основа на нашата крепост (сила). Ако не го правиме тоа, постојано ќе бидеме победувани од соблазните. Таквите ѓаволот ќе ги порази со своите стрели и ќе ги убие. Сега, пред почетокот на Соборот, јас, потсетувајќи се на минатото и пред себе претставувајќи си ја иднината, решив дека е неопходно да ви кажам колку ова е исклучително важно.
За тоа какви способности е неопходно да употребиме за да се подготвиме себеси за искушенијата, јасно ни кажува Светото Писмо.

Прво, „внимавај на твоето срце“, односно заштити го твоето срце, поправи ги своите дела и здобиј се со добродетели, и така ќе го избегнеш паѓањето во соблазна. Ако со коработ убаво се управува, не се страшни ни бурите, ни бесните бранови, но ако не се управува како што треба, постои опасност тој да доживее бродолом; и подобно на тоа, ако со коњот не се управува како што треба, тој може да страда и на крајот да се преврти или да падне во јама, така и со срцето на човекот: ако не го раководиме добро, што ќе се случи со него? Само што ќе ни се приближи ѓаволот, во нашите мисли ќе почне да внесува разни лоши помисли и ќе предизвика неред во нашето срце и нашите дела.

Второ, „истрпи“. Човекот од почетокот е наклонет кон злото, па затоа за да може да ги победи искушенијата, неопходно е да биде подготвен да истрпи секаков вид на подвизи и тага, да се воздржува и да го насочи своето срце кон Вистината. Ако не ги истрпиме трудот и тагата, тогаш не можеме да направиме ништо, зашто без подвиг и тага кој може да го победи ѓаволот?

Трето, „прилепи се до Бога и не отстапувај“. Прилепувајќи се до Бога, ние ќе бидеме безбедни во секое искушение, подобно на коработ, ќе пристигнеме на пристаништето и покрај страшното невреме.
Такво слово сакав да ви кажам, браќа, пред почетокот на Соборот, и сакам да го положите во вашите срца и да се храните од него.
(јули 1887 г.)

Свети Николај рамноапостолен Архиепископ Јапонски († 1912)

 

Избор од фб профил на

Православие.Мк †