3.angeli.so.truba

Поука на денот: Авва Доротеј
"Еднаш еден голем старец со своите ученици се најде на место каде што имаше кипариси различни по големина, мали и големи. И му рече старецот на еден од учениците: ’Искорни го овој кипарис’. Тоа беше малечок кипарис и братот со едната рака веднаш го искорна. Потоа старецот му укажа на друг, поголем од првиот, па му рече: ’Искорни го и овој’. Братот го искорна, влечејќи го со двете раце. Старецот пак покажа на кипарис поголем од претходниот, а братот со голем труд го искорна. По ова старецот му покажа на друг, поголем и од претходниот. Братот долго време го свиваше, и после многу напор одвај го совлада. Само, следниот кипарис што му го посочи старецот тој ни по многу усилби и потење не можеше да го искорне. Кога виде дека тој тоа не може да го исполни, старецот му наложи на друг брат да стане и да му помогне. Овие двајцата одвај успеаа да го искорнат оној снажен кипарис. Тогаш старецот им рече на браќата: ’Ете какви се страстите. Додека се мали, ако сакаме, можеме со леснотија да ги пресечеме. Но занемарени, стануваат силни. И што повеќе јакнат толку поголем напор бараат за да бидат совладани. А доколку пораснат премногу, ни со напор нема да можеме да ги отсечеме, ако не добиеме помош од некои од светителите што н? застапуваат пред Бога’."