„ Додека беше во земската Црква сведочеше за Небесното Царство“ (28.05.2017)

Само со љубов и саможртва можеме да му помогнеме на другиот човек. Подобро е да се насмевнеш на другиот човек, отколку да извадиш меч. Мечот сече сè и ништо не остава, а насмевката може да направи сè. И таа насмевка може многу нешта да исправи. Ако се насмевнеме на човек, кој е многу притиснат, го спасуваме.
Родителите кои се караат меѓу себе пред децата, се налик на бик, кој влегол во продавница за стаклени работи, и вртејќи се низ продавницата, се разбира, крши многу стакло.
Ние тука сме многу луѓе, и ако еден за друг се фатиме за раце, и ако има електричен ток, и некој од нас се вклучи на струјата, тој ток ќе премина низ сите нас. Така, кога се караме, таа негативна енергија минува низ сите нас. И тоа зло, кое го носиме во себеси, го предаваме и на другите.
Добриот збор има огромна сила.

Св.Гаврил Светогорец Епископ Велички

Избор од фб профил на

Malka Koneska

 

Друго:

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец ...

Впишувањето на Епископот Велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите ...

 

 

 „ Овој Свет човек додека беше во земската Црква сведочеше за Небесното Царство, за Ангелската чистота, за Христовата Спасоносна наука, од кого многумина го спознаа Богооткриеното спасоносно учење, потврдено и посведочено лично од неговиот испоснички, подвижнички и ревносен живот за Христа и Верата. За новиот Светител Лесновски, сведочат многуте луѓе кои го познавале, за неговта прозорливост, за неговота чудотворна исцелителна моќ и за неговиот високоморален духовен авторитет.“

 

 Markov.2013m2.jpg

 Бескрајна е Божјата љубов и благост кон луѓето. Он нас нè љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога, Он лесно не се одрекнува од нас. Но сепак Му е помило кога луѓето нарочно Му се обрнуваат. Он во вревата на градовите тешко да ги слуша и онака срамежливите, без срце и со половина уста изговорени студени зборови на нашите автоматски молитви. Дури во тишина на осаменоста Бог се впушта во дијалог со човекот. Во вистински, пријателски и доверлив разговор — лице во лице, очи во очи, срце кон срце!

Свети Гаврил Епископ Велички