логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Духовната љубов е повозвишена од љубовта што ја имаат браќа по тело, затоа што овде станува збор за сродство во Христа, а не по мајка. Оние кои ја имаат оваа чиста (изворна) љубов, полни се со добрина, зашто во себе Го имаат Христа, а на лицето им е изобразено божеството. Секако дека е невозможно Христовата љубов да влезе во нас, ако од себе не ја отфрлиме љубовта кон себе и кон светот и ја насочиме кон Бога и Неговите икони и така постојано да се даваме на другите, не барајќи тие да ни се даваат нам.

Оние, кои многу страдаат за спасение на целиот свет и придонесуваат во ова на свој начин (со подвиг) и скромно се предаваат во рацете Божји, ја чувствуваат најголемата радост во светот, а животот им е постојано славословие, зашто чувствуваат дека летаат како ангели дење и ноќе славејќи Го Бога. Додека оние кои се рамнодушни кон спасението на својата душа се обидуваат да најдат радост и мир во овој суетен живот и непрестајно се мачат и тонат во бескрајни вртлози на светот и уште сега доживуваат пекол.

А ревносните, бидејќи се движат во небесниот свет на славословење, со радост ги прифаќаат искушенијата и Го прославуваат Бога поради нив, како искушенијата да се благослови и во се непрестајно го уживаат благословот Божји, и во се благодарат како вистински чеда Божји.

Милостивиот Бог ни дава безмерни благослови и секогаш дејствува за наше добро, и се би сторил за нас. Дури би направил сите Негови созданија, од растенијата до животните, големи и мали, да се жртвуваат за нас. Така и Он самиот, Бог, се жртвувал да го искупи човекот. За жал, многу од нас се рамнодушни кон сето ова. Го рануваме со својата безгранична неблагодарност и бесчувственост, а он и понатаму ни ги дава сите Свои добра.

Совеста е првиот закон Божји, когошто, Он го втиснал длабоко во срцата на првосоздадените луѓе, а потоа го наследува секој од нас, како копија при раѓањето од своите родители, Оние кои успеале да ја истанчат својата совест со секојдневно себеиспитување, почнуваат да се чувствуваат себеси како странци во овој свет, а тоа предизвикува чудење кај световните луѓе. Меѓутоа, оние кои не ја проверуваат својата совест, немаат корист ниту од духовно барање, ни од најискусни старци, ниту, пак, ќе можат да ги запазува заповедите Божји, зашто веќе станале бесчувствени.

Чувствителните и ревносните кои се исполнуваат со точност, поради својата трпеливост, која доаѓа од љубовта, стануваат потиснати од бесчувствените, но љубовта Божја секогаш е со нив. Многупати се грешат против себеси поради сојата пречувствителност, зашто ги преувеличуваат своите ситни гревови или себеси се оптоваруваат со туѓите грешки. но, пак Бог ги насладува со Својата рајска добрина и со тоа, духовно ги закрепнува.

Оние кои ги навредуваат или повредуваат чувствителните луѓе, судејќи по нивната внатрешност, не се луѓе.

Оние кои велат дека се чувствителни и поседуваат љубов љубезност и трпат неправди кои луѓето им ги нанесуваат, но велат: „нека Бог ги казни”, измамени се од лукавиот, зошто не сфаќаат дека тоа е само „благородно” зло Сите ние во овој живот даваме испити (од незлоблива љубов) за да поминат во друг, вечен, рајски живот. Мислам дека ова е „благородно”.

Значи, оние кои се неправедни, пред се, неправедни се кон себеси и оние кои радосно трпат неправда заслужуваат вечна награда.

Многупати добриот Бог ги остава добрите луѓе во рацете на злите, за да ја остават својата добрина и да ја вкусат небесната.

Секако, добрите луѓе не го задржуваат злото во своето срце, но, ни својата добрина не ја задржуваат само за себе. Затоа не поседуваат убави предмети, ниту, пак, ги допира убавината на овој свет. Со ова ја покажуваат својата топла вера во Бога и својата голема љубов.

Не постои поостроумен човек од милосрдниот, кој го дава земното, гнилежното и го купува негнилежното, небесното Како што не постои побезумен човек од користољубивиот, кој постојано собира и никогаш не му е доволно и на крајот со своето собирање имот го купува пеколот. Оние кои се губат во материјалните работи, на крајот стануваат изгубени, зашто го изгубиле Христа.

Оној кој им е потчинет на материјалните нешта, секогаш е под притисок, зашто се плаши, дали ќе ја изгуби или не својата душа. Скржавецот, пак, кој од стискање ја шинал својата рака, го стегнал и своето срце и го стврднал како камен За да се исцели треба да ги посетува несреќните луѓе, да ги види и почувствува, и тогаш ќе ја отвори својата рака и ќе го смекне своето скаменето срце, кое, така ќе стане човечко. Само така ќе му се отворат рајските врати.

Добрината го омекнува и отвора срцето, како зејтин р’ѓосаната брава.

Оние кои им се доближуваат на страдалниците, се доближуваат до Бога, зашто Бог секогаш е присутен кај своите напатени деца.

Ревносните деца Божји, кои, на своите ближни им помагаат во носењето на крстот, ќе бидат духовно поткрепени од Бога и ослободени од крстовите (искушенијата).

Оние кои мислат на големите крстови на праведниците, никогаш не се жалостат со своите ситни искушенија, зашто, иако направиле повеќе грешки во својот живот, сепак, страдаат помалку од праведниците.

Оние, кои неправедно страдаат Го подражаваат Христа и оние кои страдаат поради своите гревови, исто така, се блажени, бидејќи ги исплатуваат сметките на своите гревови уште во овој живот.

Оние, кои не сострадуваат со страдалниците, страдаат од смртоносна духовна болест, бесчувственост. Оние, пак, кои се вознемируваат од воздишките на болните и се гневат, зашто не можат да се сконцентрираат, боледуваат од многу духовни болести.

Оние, кои вистински љубат и правилно се борат, поднесуваат се со љубов, се жртвуваат и се одрекуваат од себеси, го успокојуваат својот ближен, кој е Христос.

Оние, кои не се поставуваат себеси на местото на своите блиски страдалници, ќе бидат оставени од Бога и тогаш ќе го доживеат својот пад и ќе научат што е тоа болка. Додека, пак, сите кои се интересираат и сочувствуваат со другите, а се запоставуваат себеси, уживаат божествена заштита и грижа.

Кога некој ќе го предаде своето срце на Бога, тогаш и неговиот ум станува обземен од божествената љубов. Тогаш тој е рамнодушен кон се светско и постојано размислува за небесниот Отец, заљубувајќи се во божествените нешта и како ангел, дење и ноќе Го прославува својот Творец. Ако добро размислиме, ќе видиме дека добрините Божји се сосема доволни да потресат и една славољубива душа.

Оние, кои ја чувствуваат својата грешност и се борат против неа и веруваат во божествената милост, ја издигнуваат својата душа до рајските височини.

Оние, кои целосно и побожно се подвизуваат и стигнуваат до извесна ангелска состојба и се хранат со рајски мед, пак ништо не Му принесуваат на Бога, во споредба со она што Он направил за нас. Јадат мед, а Му принесуваат восок. Јадат слатки плодови, на Бога во кадилница Му принесуваат смола од дрвја (темјан). Значи, ништо не правиме и ништо на Бога не Му принесуваме во споредба со Неговите големи добрини кон нас. А добриот Бог и дава плодови (дури и од нашето ѓубре и отпад), и ние од нив се храниме, а ние, бедни луѓе, од тие убави плодови потоа пак правиме ѓубре!

Како што добрината Божја се преобразува кон добро, така и ние, Неговите созданија, треба се да свртиме кон доброто, та да бидеме од, полза и да имаме полза.

Добрите луѓе се учат од грешките на своите ближни и ги употребуваат како сопирачки за себе, за да не излетаат од патот Додека лукавите не се учат ни од добродетелите на другите, зашто, дури и нив ги толкуваат со својот незгоден речник А така прават, бидејќи се помрачени од декаденгноста на човекоубиецот и духовно се оштетуваат себеси и другите. Затоа секогаш се тажни и ги ожалостуваат и своите ближни со својата духовна помраченост, зошто облачното време предизвикува нерасположение само кај луѓе кои се склони кон тага.

Добрината е еден од многуте атрибути Божји, зашто секогаш сее радост и ги растерува облаците, ги отвора срцата, како што пролетното сонце прави да изникне растение од земјата и ги стоплува дури и змиите, кои тогаш излегуваат од замрзнатата земја, за и тие да уживаат во добрините Божји.

Нерасположените луѓе вечно се гушат во помислите и со своето смрзнато срце ги смрзнуваат и задушуваат со помисли страдалните луѓе, кои им пристапуваат поради утеха. Додека луѓето со добра волја, со својата продуховена љубов, прекален бол, ги гушат демоните, ги ослободуваат душите и околу себе сеат божествена утеха.

Топлата духовна љубов чувствителните ги прави уште почувствителни, а бесрамните уште побесрамни.

Сирак, особено ако е без мајка, дури и ако станува збор за мал еж, треба да се прифати со чувство на болка и топла љубов, за да се загрее, охрабри и така да го отвори своето срце.

Ревносното сираче има потреба од силни сопирачки, за во својот голем ентузијазам да не се оштети до претовареност, со која ја покажува својата голема благодарност.

Топлата љубов Христова храни подобро од секоја материјална храна и им дава многу калории на душата и на телото, а многупати лекува и неизлечиви болести.

Оние, кои заради љубовта Христова  не го жртвуваат своето телесно здравје, запоставувајќи го телесниот одмор, нема да најдат одмор за душата ниту во овој, ниту во идниот вечен живот.

Оние, кои од чиста љубов го жртвуваат дури и својот живот за да ги заштитат своите ближни, Го подражаваат самиот Христос. Тие се најголеми херои, бидејќи од нив се плаши и самата смрт, откако ја уништиле со љубов и победиле со бесмртност, земајќи го клучот на вечноста под надгробната плоча и лесно напредуваат кон вечното блаженство.

За еден чувствителен човек подобро е да го даде животот од љубов за својот ближен, отколку да постапи кукавички и по ова цел живот да има грижа на совеста поради тоа.

Жртвата за ближниот во себе крие голема љубов кон Христа. Оние кои имаат добри намери да бидат милосрдни, но немаат со што и поради тоа страдаат, прават милосрдие со крвта на своето срце.

А оние кои сакаат да бидат маченици за Христа и немаат прилика тоа да го остварат, можат таа љубов, со која горат, да ја пројават преку телесен подвиг за душите на упокоените кои се во оган, та да добијат малку спокој.

Рамнодушните и немилосрдни луѓе, кои мислат само на себе и само себеси се задоволуваат, го полнат своето срце со немир и во себе одгледуваат молец и стануваат намачени уште во овој живот. Додека милосрдните, бидејќи ги хранат другите со љубов, секогаш се нахранети со љубовта Божја и Неговите изобилни благослови.

Извадок од книгата: Старец Пајсиј Светогорец, Велес: Повардарска епархија „Св. Ѓоргиј Полошки“

 

 

Извор:

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/2018-ljubov-pajsij-svetogorec/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 645
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Поука на Вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на Вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »