Кога Ваља поради силната болка во грлото се откажала не само од храна, но и од питие, родителите кренаа тревога. Болницата не ги примила од преполнетост, немало слободни кревети и докторот, откако им дал лекови, ги пратил дома. Ноќта се покажала тешка за целото семејство, девојчето го губело сознанието, па повторно се освестувала, а и станало тешко не само да голта, туку и да дише.
Утрото мајката замаена и со подочници на очите, дошла кај ќерката и и' рекла со особено бодар глас:

- Ваљечка, Владиката е тука, тој дојде да те посети тебе!
Очните капаци на болната беа како оловни и таа со труд, ги отвори очите. Во тој момент Владиката се приближи до нејзиниот кревет и откако ја благослови, нежно рече:

- Јас дојдов, да ти раскажам тебе шега. Тогаш Владиката Јован почна да раскажува некоја смешна случка, која што Ваља не ја разбираше, бидејќи и не слушаше јасно. Таа лежеше молчејќи, и и беше толку лошо, што Владиката во тој момент почна сам да се смее над она што го раскажуваше. На вратата се појавија лицата на родителите на Ваља - тие го гледаа епископот со недоумица, но тој буквално не ги приметуваше.

-Тебе не ти се допадна оваа шега, добро, ќе ти раскажам друга! Па Владиката и' раскажа неколку шеги, еднаподруга, пратејќи ја секоја со громко смеење.. Ниту една од нив не и беше смешна на болното девојче, така што болната гримаса, не го напушти бледото лиценце. Ваља со тешкотија погледна кон отворената врата: нејзиниот татко не само што беше збунет, туку и се лутеше. Но, Владиката не обрнуваше никакво внимание на родителите на Ваља и продолжи:

- Јас сум уверен, дека следната шега тебе ќе те насмее. Еве слушај. Еднаш кај еден епископ, ваков како јас, се степале келејникот и ипоѓаконот. Се степале, а потоа отишле кај епископот, за да ја објаснат ситуацијата. Епископот го прашал ипоѓаконот:"Со каков образ тој тебе те удри?" А ипоѓаконот одговара: "Не со образот, туку со потсвеќникот!"

Во тој момент Владиката се засмеал така заразно, така што болното девојче не издржало и се насмеало заедно со него. Родителите гледале на нив со извргалени очи, што на Ваља и' станало посмешно. Додека девојчето се смеело - во нејзиното грло нешто буквално се распрснало. Како што подоцна дознала, таа имала тежок облик на дифтерит - при смеењето пукнале гнојните кеси, кои и' го отежнувале дишењето и голтањето.
Владиката тука го прекинал смеењето
и им рекол на родителите:

- Исчистете се'и потрудете се Ваља да ја исплакне устата и грлото. Сега се' ќе биде во ред со неа. Потоа го благословил девојчето и заминал. Ваља приметила дека лицето на Владиката изгледа страшно уморно, како воопшто да не се смеел заразно пред тоа. Кога ја исплакнала устата и грлото почувствувала, мигновено олеснување и заспала. Сонот и' беше спокоен и лесен, температуратата и' спадна.
Дента дошол растревожениот лекар и ја прашал внимателно мајката на Ваља, дали е детето живо. Мајката весело одговорила:

- Не само жива, таа е и здрава. Температурата и' спадна и таа спие спокојно. Лекарот не можел да поверува на нејзините зборови. Откако го погледнал тој само изговорил:

- Тоа е чудо. Ништо друго, освен чудо.

Ваља се разбудила доцна навечер, побарала храна и јадела со апетит, а потоа заспала, со сон на совршено здраво дете. Потресените родители, долго време, бдееле над креветот на девојчето, коленичеле, плачеле и благодареле на Бог, Кој им го испрати чудесниот епископ - Владиката Јован Шангајски.

 

Избор од фб профил на

Maja Beleva